Нема бесплатен паркинг во општина Центар - ќе плаќаат сите

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Слушам за идната година се планира поставување на патарини за влез во центар. :tv:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Де бре се изналутивте, во Загреб уште пред 6,7 години имаше зонско паркирање. Исто има и во Виена, Рим, Москва, Љубљана....

http://www.index.hr/vijesti/clanak/od-1-sijecnja-u-zagrebu-skuplje-parkiranje-/108528.aspx

Тоа е правилно решение за намалување на сообраќајниот хаос, но треба жителите на тие населби да не плаќаат воопшто, а исто така ова решение треба да е дел од поголем проект кој би вклучувал катни гаражи. Само така може да се реши хаосот кој владее во Скопје.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Какви глупости, па уште на паркингот кај Палома Бјанка тргнале/отвориле тоа рампата, а ако се паркираш ти наплаќаат 45 ден/мин.
Пардон, саат.

А јас се чудам што така празен паркингот, дури 6-7 места имаше...


А за "решение" на сообраќаен хаос - ова не е тоа, не бидете лажени и нека не ви мачкаат очи.
Прво, паркингот кај Stone Bridge. Па оној позади ЈБТ. Па после и кај Палома Бјанка.
И сега цело Скопје.

Нешто што било бесплатно, они ставаат рампа и ајде, 30 денари саат. Барем да го средеа тој кај Stone Bridge, или пак да гарантираа безбедност за колите.
Вака...не бива, треба да видиме дали може нешто да се направи против овие глупости.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.831
Поени од реакции
12.331
Секаде централните градски подрачја (во оние културните држави) се или многу рестриктивно ограничени за сообраќај, со плаќање на разни давачки за возење по нив, или паркингот е изгор.
Да, ова така функционира според кажувања на познати од некои од тие земји.
Пак друга работа е што јавниот превоз во тие земји е на доста (многу) повисоко ниво.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Проверете во Љубљана. 15 мин е максимумот време кое што можеш да останеш паркиран во централното градско подрачје. Ако сакаш подолго, бујрум, јавен превоз.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Очигледно не ни влага во глава дека автомобилот Е ЛУКСУЗ. Во цената за одржување на автомобил, освен трошоците за регистрација, сервис и бензин, влегува и трошокот за паркинг. Кој не може финансиски да издржи да одржува автомобил, треба да го продаде и да бара алтернативни начини на транспорт.

И не ми се верува колку се размазени граѓаните што живеат во центар. Ако си купил стан во центар, автоматски губиш право да се жалиш на буката од кафичите. Или да се буниш што ти седат на клупата пред зграда. Или да очекуваш дека општината ќе ти обезбеди паркинг за твојата кола, колата на жена ти и античката кола која скапува на паркинг заради емотивна поврзаност. 200 денари месечно за паркинг се малку бе еј.

Магични решенија за проблемите на сообраќајот нема. Секој поголем град има проблеми со гужви. Центарот на скоро секоја метропола е пешачка зона. Градот Скопје го прави првиот чекор кон регулирање на сообраќајот. Откако ќе се ослободат тротоарите од возила, ќе може да се направат и патеки за точаци. Понатака, ако има помалку возила во центарот, ќе се прави помалку гужва во шпицот, и автобусите ќе стигнуваат понавреме. И да ве потсетам, СЕКОЈА РЕФОРМА боли на почетокот, а плодовите се берат покасно (значи 5, 10 години минимум).

Нема бесплатен паркинг! Нема бесплатен ручек :)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Во големите градови, луѓето кои одат на работа, скоро никогаш не патуваат со кола туку на работа одат со метро(иако имаат кола), или друг јавен сервис.

На Скопје очајно му треба метро, затоа што одењето на работа и назад би се исплатело многу многу повеќе. Моменталниот јавен превоз е џганосан и не би се осудил да тргнам на работа со јавен превоз додека не им текне на властите да изградат метро или трамвај(макар покрај Вардар, ми одговара).
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
На Скопје очајно му треба метро, затоа што одењето на работа и назад би се исплатело многу многу повеќе. Моменталниот јавен превоз е џганосан и не би се осудил да тргнам на работа со јавен превоз додека не им текне на властите да изградат метро или трамвај(макар покрај Вардар, ми одговара).
Таман, почни да плаќаш паркинг од денес, и за 20 години ќе се соберат во општинскиот (градскиот?) буџет пари за метро, или маглев, или нешто друго на струја и шини.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Не им плаќам бе. Имам паркинг бесплатен таму кај шо работам(у строг центар и тоа) :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
На Скопје очајно му треба метро, затоа што одењето на работа и назад би се исплатело многу многу повеќе. Моменталниот јавен превоз е џганосан и не би се осудил да тргнам на работа со јавен превоз додека не им текне на властите да изградат метро или трамвај(макар покрај Вардар, ми одговара).
Уште метро ви фали :icon_lol:, велам јас дупки во здрава земја да не се отвараат затоа што ќе мора да си носите нуркачка опрема со вас во метрото, исто како што моравте да ја препливувате улицата каде што заборавија да ви стават соодветна атмосферска канализација, ова во случај да заврни малку како што врни деновиве :icon_lol:.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Таман, почни да плаќаш паркинг од денес, и за 20 години ќе се соберат во општинскиот (градскиот?) буџет пари за метро, или маглев, или нешто друго на струја и шини.
Кој збори за оставање на коли на улица, збориме за бесплатните паркинзи кои сега се плаќаат - а ништо "ново" нема на нив.

Што ако им текнало на некои дека колата е луксуз, си имаше бесплатни паркинзи, па ако не најдеш таму - плати си.
А не вака, си паркираш кај ЈБТ бесплатно, а следниот ден доаѓаш, 40 денари саат.

И тоа ќе го правиме зашто "големите" градови правеле така.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Во големите градови, луѓето кои одат на работа, скоро никогаш не патуваат со кола туку на работа одат со метро(иако имаат кола), или друг јавен сервис.

На Скопје очајно му треба метро, затоа што одењето на работа и назад би се исплатело многу многу повеќе. Моменталниот јавен превоз е џганосан и не би се осудил да тргнам на работа со јавен превоз додека не им текне на властите да изградат метро или трамвај(макар покрај Вардар, ми одговара).
метро во Скопје е тешко изводливо заради непланското градење години наназад
ќе мора да се бара друго чаре
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Очигледно не ни влага во глава дека автомобилот Е ЛУКСУЗ.
Да не ти е останат каледнар од 1923 година на ѕид?
Тогаш, да... колата била луксуз. 2009 година, колата е потреба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom