Нема бесплатен паркинг во општина Центар - ќе плаќаат сите

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ехеее во Охрид од кога го кркаме со плаќање на паркинг :pos2::pos2::pos2::pos2:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Се разбира освен овие цени ќе платите и пет денари за СМС пораката. Градоначалникот Коце Трајановски вели на скопјани им носи светски услови за паркинг.
Има срча да биде паркингот :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
За вас само крави на сред центар, па почнете да цените вакви измени
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Почнува зонското паркирање во Скопје

Од денеска во Скопје се воведува така нареченото зонско паркирање. Централното подрачје е поделено на три зони. Првата – во строгиот центар, втората околу него, и третата, од Соборната црква накај Карпош до Рузвелтова. Колку е поблиску до строгиот центар, толку паркирањето е поскапо, и пократко. Во првата зона, може да се паркира најмногу два часа. Час чини 45 денари. Во втората зона може да се паркира до 4 часа, а час чини 35 денари. Третата зона е најевтина, со 25 денари час паркинг, и неограничено време на паркирање. Ако се надмине времето во првата и втората зона – доаѓа „пајак“. И тој, што е поблиску од центарот, чини поскапо. Во првата зона – 1300 денари, во втората – 1000, во третата – 700 денари. Сето ова важи во работните денови, од од 7 до 21 часот, а во сабота 7 до 14 часот. Во недела и за празници – паркирањето ќе биде бесплатно. Градските власти сметаат дека со зонското паркирање ќе го решат проблемот со паркирање во градот и ќе ги дисциплинираат несовесните возачи.

За паркирањето ќе се плаќа на два начина. Со купување на картичка која потоа се става на предното стакло, или со испраќање на порака преку мобилен телефон, со што таа понатаму автоматски се регистрира и кај контролорите на паркингот.
Смс пораките се праќаат на бројот 144144.

Граѓаните пак не веруваат дека со зонското паркирање ќе се надмине собраќајниот хаос во градот.
Од градското претпријатие не обелоденуваат колку чини проектот за зонско паркирање. Допрва ќе правеле анализи, дали тој ќе биде исплатлив, но очекуваат проектот да успее. Инаку, само како дополнување на парите потребни за овој проект, градот Скопје му даде помош на јавното претпријатие – 650 илјади евра.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Влатите порачуваат:

-Ќе направиме се,за да ја замразите оваа држава.

Ама не знаат со кого фатиле работа,овој народ се ќе плаќа и дупло ако треба,ако се фати на инает.:pos2:
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Јас ќе ги заебам, од Струмица за Скопје ќе доаѓам со точак и нема да ми наплаќаат паркинг! :baeh:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.333
Ако работното место е во овие зони, нема друго. Со велосипеди и пешки на работа. Барем ќе се рекламираме како здрава нација :wink:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ако работното место е во овие зони, нема друго. Со велосипеди и пешки на работа. Барем ќе се рекламираме како здрава нација :wink:
И во зимо?Тогаш дефинитивно ќе бидеме прогласени за нездрава нација,барем во умот.Инаку Прилепското централно градско подрачје е одамна направено платен паркинг,а дуќанџиите веќе најавија граѓанска непослушност,па нема да плаќаат никакви давачки доколку властите не ги тргнат рампите.
Се очекува деновиве да се воведе и данок за носење обувки,затоа што се арчел асфалтот,најверојатно е дека тогаш ќе проодиме и боси.:pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.333
И во зимо?Тогаш дефинитивно ќе бидеме прогласени за нездрава нација,барем во умот.Инаку Прилепското централно градско подрачје е одамна направено платен паркинг,а дуќанџиите веќе најавија граѓанска непослушност,па нема да плаќаат никакви давачки доколку властите не ги тргнат рампите.
Се очекува деновиве да се воведе и данок за носење обувки,затоа што се арчел асфалтот,најверојатно е дека тогаш ќе проодиме и боси.:pos2:
И тогаш-во зима. Данците, луксембуржаните, швеѓаните...и по снег идат со велосипед на работа. Проблем е тоа што ние немаме патеки за велосипеди како нивните или простор на коловоз и почитување на велосипедистите. Инаку...што да не.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
И тогаш-во зима. Данците, луксембуржаните, швеѓаните...и по снег идат со велосипед на работа. Проблем е тоа што ние немаме патеки за велосипеди како нивните или простор на коловоз и почитување на велосипедистите. Инаку...што да не.
Па ние немаме ни пристојни патишта и коловози,ама затоа си возиме коли по дупкиве.А приказните дека некои Швеѓани,Данци или Луксембуржани со велосипеди одат на работа,додека мерцедесите ги чуваат дома,се само приказни.Сигурно не тепаат по 100 000 километри годишно во гаража.:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.333
Па ние немаме ни пристојни патишта и коловози,ама затоа си возиме коли по дупкиве.А приказните дека некои Швеѓани,Данци или Луксембуржани со велосипеди одат на работа,додека мерцедесите ги чуваат дома,се само приказни.Сигурно не тепаат по 100 000 километри годишно во гаража.:smir:
Не се приказни воопшто. Во Луксембург цели редици точаци врват по тој големиот мост, а Шведска исто гледав ноември (кога падна и снег) како колегите доаѓаат на работа со точаци.

Инаку за патишта да, тоа е што смета. Во спротивно поголем број граѓани ќе го користат барем 3 сезони ова превозно средство. Ем заштеда на гориво, ем заштеда на пари за паркинзи и намалување на гужвата и издувните гасови.
 
Па само во Скопје има 100 000 административни работници,сите тие имаат просек по 30 000 денари плата,и редно е да платат за паркинг.Или мислиш дека и паркингот треба да им го плати државата,како што на пратениците им плаќа како да одат со приватни авиони на работа??
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Па ние немаме ни пристојни патишта и коловози,ама затоа си возиме коли по дупкиве.А приказните дека некои Швеѓани,Данци или Луксембуржани со велосипеди одат на работа,додека мерцедесите ги чуваат дома,се само приказни.Сигурно не тепаат по 100 000 километри годишно во гаража.:smir:
Абе сега, одат и со јавен превоз...а колку минуваат годишно, незнам...
Туку, околу паркинзиве...по Скопјето, обично паркирам по паркинзи, оти пајакот собира...така да, за мене, не верувам дека нешто ќе се промени...но, една давачка повеќе за граѓаните на Скопје, оние моторизираните.
Секаде централните градски подрачја (во оние културните држави) се или многу рестриктивно ограничени за сообраќај, со плаќање на разни давачки за возење по нив, или паркингот е изгор.
Од друга страна, Скопје е катастрофално лоша состојбата со паркинг места, и оттаму е тешко за паркирање. Можеби и ќе се воведе ред.
А, изгледа, мода стана сега ова со паркинзиве наплаќање...
И во Струмица формираше градов ЈП за паркинзи, купија едно возило кое глуми пајак (а не е), со истото тоа се глупираат по градов во смисла блокирање сообраќај во време кога има многу сообраќај заради подигнување возило пред „Глобал“, наместо да дигат возила кајшто треба, т.е. кајшто сметаат на сообраќајот, а засега паркинзи во градот кои се наплаќаат нема... освен онаа гаражата на „Глобал“, од чијашто заработка градот би требало да има 18%, а истата скоро и да не се употребува...просек по 6-7 коли има...
Можеби како во Прилеп ќе направат нешто...
 
Во Прилеп локалната власт вработи 50тина млади партијски кадри кој не вадат ни за сопствената плата од платените паркинзи,па градот и граѓаните станаа заложници на градската власт со овие 50тина “џаболебари“ кој се печат во кабините наменети за нивни престој.
Апсурдноста да нема граници,хаосот во сообраќајот наместо да се намали сега уште повеќе се зголеми,но по споредните и ископани улички зошто платените паркинзи веќе оштетија неколку возила,па никој не паркира на тие места од страв за неговото возило.Згора на се плоштадот стана кафеана па е завземен 50% од блиските локалчиња кој инаку се со големина на клозет за кого нема ни место во градот-паркинг.На тој начин власта ги тероризира сопствените граѓани затоа што се чувствува безбедно во следните 4 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom