Нема бесплатен паркинг во општина Центар - ќе плаќаат сите

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Море има се да се наплаќа додека не ве иселат од државава,таква им е задачата за која се платени.:pos2:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Што сте се насекирале.
Ќе си направите сметка во Тинекс од 500 денари и ете ви 1 час бесплатен паркинг.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.901
Поени од реакции
12.448
А, паркинзи и гаражи да изградат?
Е немет. Пробаа на Даме Груев од паркинг да направат паркинг за наплата. Исчистија, линии нацртаа и ставија по двајца од секоја страна на "паркингот", да наплаќаат. Првиот ден слабо муштерии, вториот ќе ги истепаа, па видоа не видоа, си собраа партали и си заминаа. Значи сакаа од постоечки паркинг да стават една рампа и да вршат наплата, а луѓето од фирмите таму што работат кој ги тркала, нека паркираат на тротоар :smir:

А одговорност инаку никаква. Еднаш паркирав пред бивши Гранд Хотел, идам низ гтц, се враќам и гледам лев ретровизор нема, партал. А кошта од 3000 нагоре. Ги распрашав службените лица од паркингот, никој ништо не знае, дигаа раменици и што ми остана друго освен да си одам без ретровизор. За суд не ни помислував, пошто треба сликање, записници, влечење со години по судови, а на крај можи ќе ме побијат. Да има паркинзи со наплата да, но да има и одговорност. И да не се наплаќа буквално од секое ќоше (како што некои лица правеа во Охрид-ставил даска и наплаќа) и секое место два на два туку саглам паркинг со обезбедување и материјална гаранција.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Паметна идеја, нека наплаќаат и нека биде скапо. Не може на кој му текне да паркира каде сака. Сакаш паркинг, ќе си платиш. Секаде е така, па треба и кај нас. Но, тоа претпоставува среден како под конец јавен превоз и место за паркинг.
Не се согласувам за таа намена да ги употребат веќе постоечките тротоари. Нека изградат гаражи. Зоште џабе зјае онаа зградурина карши Лотарија, паркингот кај Грант на пример е само бришка простор, можат тука да дигнат неколку ката, па наместо 300 ќе се паркираат 1000-1500 коли. Цвеќарите можат да ги дислоцираат па и таму да дигнат уште некоја гаража. Просторот кај Олимписки овозможува уште некоја помалечка. Место има, но очигледно нема интерес да се средат работите.

Уште една идеја е да се воведат градски зони, а со тоа и дозволи за возење во соодветната зона во одредено време. Сакаш низ Центар да се прчиш со колата во 12 на пладне, пошто онака ти текнало на кафе да тркнеш, ќе си платиш. Значи не само за паркирање, туку и за возење, на пример од 08-18, во тој дел од градот да се наплаќа. Попладне може да биде слободно за сите, а преку ден само на тој што му е навистина потребно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.901
Поени од реакции
12.448
Да надополнам за тие паркинзи.
Чија идеја е да се стават рампи на паркинзи на болниците?
Со кој памет запираат возило да земе билет, а внатре можеби лежи човек пред умирање? И како сега луѓе после операција да идат на контрола? Лично се имам уверено дека е чиста глупост, да пешачиш до клиника, со конци несраснати. Или да оставиш кола и цел ден да ти наплатат 200-300 денари само за паркинг. Не се само центрите на градов, сегде има проблем.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Да надополнам за тие паркинзи.
Чија идеја е да се стават рампи на паркинзи на болниците?
Со кој памет запираат возило да земе билет, а внатре можеби лежи човек пред умирање? И како сега луѓе после операција да идат на контрола? Лично се имам уверено дека е чиста глупост, да пешачиш до клиника, со конци несраснати. Или да оставиш кола и цел ден да ти наплатат 200-300 денари само за паркинг. Не се само центрите на градов, сегде има проблем.
Какви граѓани бе??? треба ли каса да се полни??? ма какви болници и пешаци и разноразни марсовци??
само пари друже...

со кај памет паркинг на тротоар јас навистина не знам, па уште и легално платен.

и нема крај на глупоста и на желбата за денар +.:toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.499
Поени од реакции
18.521
Градот Скопје воведува зонско паркирање во центарот на градот, тоа значи дека каде и да го оставите возилото ќе се плаќа за паркинг.
Проектот почнува со три зони кои почнуваат од крстосницата кај Мавровка, па по мостот Гоце Делчев по Илинденска до улица Рузвелтова, од таму назад покрај Католичка црква, Рамстор, Црвен крст и назад до Мавровка. Ќе плаќаат и жителите на зградите.
„Ќе има одредени бенефиции, односно 200 денари месечна карта и 200 денари за жители. Засега само за едно возило“, изјави Љупчо Тодоров, директор на градски паркинг.
Ќе се плаќа со СМС пораки од мобилен телефон, но и со посебни наплатни карти кои ќе можат да се купат во трафиките. Во првата зона ќе може да се задржите до два часа, ќе платите 45 денари час, во втората задржувањето е до четири часа со цена од 35 денари час, а во третата автомобилот може да го оставите неограничено но ќе платите 25 денари час.
Се разбира освен овие цени ќе платите и пет денари за СМС пораката. Градоначалникот Коце Трајановски вели на скопјани им носи светски услови за паркинг.
„Ова е почетокот на решавањето на паркирањето во градот Скопје, со еден модерен и современ систем на паркирање, којшто е применет во повеќе држави во Европа и во светот, и којшто сметаме дека на овој начин ќе допринесе во значителна мера на подобрувањето на паркирањето во нашиот град“, вели Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.
Посебни контролори ќе ги казнуваат оние кои нема да платат или го пречекориле времето, казните се движат од 1.300 во првата, 1.000 во втората и 700 денари во третата зона. Оние кои ќе ги остават возилата неколку дена, паркираат на место на инвалиди или зафатат повеќе место од предвиденото ќе ги собира пајак кој дополнително ќе го платат.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112940
-----------------------------------------------------------------------
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тоа Скопјани нека му ја мислат мене не ме тангира :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Се заебавам позитивно, ова како Дино во Трст виа Скопје кога во поправниот дом ќе ја обеси куклата и од надвор ќе изгледа како да е обесен човек. Кога ќе го прашаат Дино зошто? А тој ќе им одговори ако не се зезаш ќе полудиш.

Лоша работа од секаде трошкови стегаат ќе пукне некаде, не знам што мислат ова политичариве со нивните неразумни одлуки и закони :toe:.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Јеботе паркинг.......поисплатливо е со такси.....

:vozbud: Коце..тргнал во мисија...собирање пари!
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.938
Поени од реакции
900
Ако глеаме ова има позитивни и негативни страни малку ќе се расчисти гужвата со паркираните коли низ целиот град но сепак е лошо бидејќи имаме низок стандард и мислам дека најмалку ни треба уше и за паркинг да плаќаме...а ќе плаќаме
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Осеќам дека уште малку ќе го плаќаме и воздухот што го дишиме. Све можам да сватам али никако не ми иде у глава како е можно и станарите во центар да плаќаат за паркинг.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Осеќам дека уште малку ќе го плаќаме и воздухот што го дишиме. Све можам да сватам али никако не ми иде у глава како е можно и станарите во центар да плаќаат за паркинг.
Чим има пари за стан во центар ќе има и за паркинг, по таа логика се водат :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom