ako ne se resava problemot so imeto,sto bi ne ocekuvalo:
1.Nezadovolstvo od strana na Albancite vo slucaj da Albanija osven NATO stane clenka na EU
2.Pritisok i odluka od strana na DUI do VMRO za napustanje na vladata
3.Bog da ja cuva zemjata:nesvest:
Гледам дека пробуваш да размислуваш аналитички на албански начин, па ај еве да ти објаснам како би се одвивале работите во иднина:
1. Македонците нема да сакаат да си го сменат името, па затоа западњациве вас може да ве искористат ко џокер карта за да ни извршат притисок со тоа што ќе ви дадат зелено светло да го пукате колку да се исценира војна. Е сега финтата е што на Македонците овој пат ќе им биде загрозено нешто многу побитно, нешто што претставува национален интерес. Така да и Македонците во овој случај ќе почнат да покажуваат заби. Затоа што албанците многу често практикуваат да си го изразуваат незадоволството, а кај Македонците тоа секојдневно расте и расте, а кога едно животно е притеснето и во најблаг случај изнервирано и уплашено тоа преминува во директен напад. Е сега прашањето е кој ќе го извлече подебелиот крај од тој конфликт, за разлика од вас албанците, Македонците ќе бидат мнооогу помотивирани затоа што ние ќе се бориме за цел која е света и многу малку ќе бидеме спремни на отстапки за разлика од вас кои што единствен мотив ви се територии и распарчување на Македонија.
Да не објаснувам дека такво нешто нема да се оствари затоа што нема да имате директна поддршка од западниве сили, кои најмалку посакуваат е нова војна на Балканот и нови поделби и држави. Доколку насетат тие дека работите може да излезат од контрола ќе не стегнат и двете страни и ќе ни дадат еден куп услови и договори за исполнување кои откако ќе ги исполниме ќе влеземе во ЕУ со тоа што ние најверојатно ќе мора да го смениме името во Северна Македонија но затоа идентитетот и јазикот ќе остане македонски. А тоа ќе мора да го прифати и Грција затоа што поинаков чекор би бил протолкуван од западњациве како неподдржување на мирот и стабилноста на Балканот од страна на Грција, со уште еден услов кон Македонија да прекине со "историиските провокации" и иридентизмот кон Грција, а можно е да се бара и бегалциве од егејскиот дел да се откажат од имотите, чекор кој што за жал ќе мора нашата држава да го прифати.
Доколку дојде до ситуација работите да излезат од контрола во најлош можен случај Македонија може да стане протекторат и да изгуби секаква шанса за влез во НАТО и ЕУ. Ама вашата цел пак нема да се оствари, затоа што ваша цел не се ниту НАТО ниту ЕУ, вашата цел се територии и припојување кон Албанија, ама жал ми е тој филм веќе помина. Во таков случај и двете страни, и албанците и македонците ќе изгубат најмногу.
2. ДУИ нема да може да притиска на таков начин затоа што ја нема поддршката од запад, ќе ги пратат у америчка амбасада, ќе ги постројат американциве и нема мрдање, толку е.
3. И да ја брани од непријатели би додал јас:smir: