Фармацевтски факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Natural-girl
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој што е сега втора година да сподели искуство и да даде некој совет на сите што сакаат да се запишат на овој факултет?

Исто така ме интеренсира дали има голема заинтеренсираност за овој факултет? И со колку минимум поени (од матура и од успехот од 4 години средно образование) може да се влезе во државна квота? =)
 
Јас сум за втора сеа. Лани влегоа сите, пошо немаше многу пријавени, нормално дека има малку интерес за овој факултет. Освен тоа влегоа и многу Бугари, ама тие беа со нас едвај првиот семестар, па си се префрлија кај нив. Ти се упиша тука? Колку пријавени имаше оваа година?
 
Да, се запишав на Фармацевтски. Имаше 127 души пријавено. Не беа рангирани според бодовите, но јас колку што пресметав некаде сум после првите десет. Значи сум влезена во државна квота. :) Може да споделиш искуство, како ја помина првата година? Вистина ли е дека е тежок дури и потежок од медицина?
 
Тежок е, ама концентрирано тежок, не разредено тежок како медицина. Тоа значи, ако си тераш се по ред, јануари ќе ти биде слободен, и од 15ти мај до 15ти септември исто ќе си слободна. Тоа се 5 месеци за твоите интереси. Медицинарите мораат да полагаат испити коа фармацевтите се слободни, ако фармацевтите на колоквиуми истерале. А зошто знаењето на материјалот ти е потребно на НЕКОИ вежби, плус од страв, и плус од идејата дека штом учиш/праиш ствари у лабораторија, онда ваљда нема да ти биде тешко и да научиш у соба, мислам дека ќе успееш да го организираш времето за полагање на колоквиумите. Плус има задачи по доста предмети, а ти треба помош од колешки/асистентки за решавање, што моеш редовно да ја добиваш у текот на семестарот(зошто секој ден ќе идеш на факс), за разлика од вон-семестар коа треба да вртиш телефони и да бараш комбинации. Бар ја досега не сум била на испит. Тебе првиот семестар очекувам да ти биде полесен отколку на мене зошто воведоа празна претколоквиумска недела. Сепак редовно учи и не прај други ствари као читање/глеање филмови.
 
Јас се мислам да се запишам на фармација па сега ме интересира малку повеќе за предметите што се изучуваат, за факултетот општо.. или да скратам, се би можело да ми помогне да се одлучам.
 
Некој што е лабораториски биоинжинер? :)
 
Примена и тоа во државна квота.....а ич не се надевав :)

Слабо некако темава се пишува.....
 
И јас се мислам дали да продолжам на фармација, па ако има некој што студира фармација ако може да каже дали е толку тешко како што викаат, дали е тешко совладлив материјалот или само е обемен, дали пред секој колоквиум има слободни денови ? Ме интересира и дали вежбите влегуваат во оценката ? :)
 
па видете што сме пишувале досеа... у принцип нема време за ништо штом сте запишете тука... имате недела предавања, следната не идете на факс али истиот петок полагате... секоја втора недела имате полагање, а секоја четврта недела 2 полагања, завршна вежба и втор колоквиум. Вежбите се задолжителни, ако не дојдете на некоја после си ја обработувате сами во лабораторија во посебен термин. Имате и завршна вежба која мора да се положи, има и поправна од таа причина.
 
Според тоа што го слушам прва година е најтешко на фармација, па после сме ние стоматолозите, па медицинарите.
За понатаму незнам :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom