TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Големата хајка против балканската тутунска мафија, која се засили деновиве, откако проговори еден од најблиските соработници на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, изнесе на виделина непријатни сознанија за релациите на поранешниот македонски министер за надворешни работи Срѓан Керим и германската издавачка корпорација ВАЦ со моќниците на балканското тутунско подземје.
Ратко Кнежевиќ, кој е кум на Ѓукановиќ и поранешен амбасадор на Црна Гора во САД, во црногорските медиуми изнесе редица сознанија за функционирањето на балканската тутунска мафија и нејзините врски со влијателни луѓе од политиката и бизнисот. Тој дури тврди дека тутунската мрежа, предводена од нејзиниот „бос“ Станко Суботиќ-Цане, имала сериозна намера да преземе медиумска и политичка контрола врз земјите од поранешна Југославија, преку развивање блиски врски со сопствениците на неколку дневни весници со Србија, Црна Гора и во Македонија, како и со видни политичари.
- Суботиќ и Ѓукановиќ одамна имаа план да завладеат со медиумскиот и политичкиот простор во поранешна Југославија заради свои деловни интереси и илегални активности. Суботиќ своевремено и даде десет милиони евра на српската Демократска партија. Тој дури и се обиде да го наметне својот советник Срѓан Керим да стане претседателски кандидат во Македонија, но македонскиот премиер Никола Груевски не го дозволи тоа - тврди Кнежевиќ за подгоричкиот весник „Вјести“.
Овие „пеколни планови“ на Суботиќ и неговите соработници тврди кумот на Ѓукановиќ, ги истражувал и ги разоткрил хрватскиот новинар, уредник и сопственик на неделникот „Национал“, Иво Пуканиќ, кој, меѓу другото, и потоа бил ликвидиран минатата година во октомври.
За поврзаноста на Срѓан Керим и Станко Суботиќ во почетокот на годинава проговори и поранешниот премер Љубчо Георгиевски во едно телевизиско интервју. Тој тогаш кажа дека Керим упорно инсистирал на Суботиќ да му се дозволи да развива бизнис во Македонија. Георгиевски посочи дека во јануари 2001 година, кога тој бил во Белград на средба со тогашниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, биле во една дискотека во која Керим го донел и Суботиќ. За истиот настан пишуваше хрватскиот весник „Национал“, кој наведе дека Георгиевски, по службениот дел на посетата на Белград, бил гостин на Суботиќ во дискотека која била сопственост на српскиот фолк-пејач Џеј Рамадановски.
- Во друштво на украински проститутки, Суботиќ и Георгиевски останаа до зори, а цело време ги чуваше српската специјална полиција. Причина за дружбата помеѓу Суботиќ и Георгиевски е тоа што Суботиќ сакаше да ја купи македонската фирма за цигари „Македонија табак“ - пишуваше „Национал“.
Едно од обвиненијата за кои судот во Србија сега го товари Суботиќ е и шверцот на цигари од Македонија преку фирмата „Македонија табак“. Српската полиција деновиве најави дека ќе ги провери сите тврдења на Ратко Кнежевиќ за шверцот на цигари од Македонија во Србија. Соработката меѓу Суботиќ и германската корпорација ВАЦ почнала во 2004 година кога ВАЦ станува мнозински сопственик на српскиот весник „Политика“. Тие заедно ја основаат компанијата „Футура плус“, чијашто основна дејност била дистрибуција на дневни весници. Оваа компанија ги презела и речиси сите киосци низ Србија кои претходно и припаѓале на фирмата „Дуван“.
Веднаш откако српските власти покренаа обвинение за Суботиќ за шверц на цигари, ВАЦ во мај годинава ги продал акциите во „Футура плус“Дека ВАЦ навистина поседувал дел од акциите на „Футура плус“ потврди и Сретко Вуковиќ, извршен директор на таа компанија, за весникот „Економист“ во 2007 година.
- Сопственици на компанијата се ВАЦ и „Еми група“. Знам дека сопственик на „Еми група“ е и Станко Суботиќ, но не знам во колкав процент. Меѓутоа, тоа што тој е еден од сопствениците, не се одразува на работата на компанијата. Нејзините сопственици поставија професионален менаџмент и не се мешаат во нивната работа - изјави Вуковиќ за „Економист“.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1787&ArticleID=119777
Керим и Суботиќ(вториот од десно. Мило Ѓукановиќ е исто на сликава)
За убиството на Иво Пуканиќ кој ја разотрки мрежата на тутунската мафија, пишува Вијести