А
Ајсшутер
Гостин
Разулавена толпа од стотина луѓе вечерва претепа скопјанец како одмазда за денешниот инцидент меѓу навивачката група Комити и жителите на Нерези.
За среќа помина само со дупната глава - го спаси еден од само неколкуте полицајци присутни на булеварот Партизански одреди, пред мостот Обединети нации.
Ситуацијата беше навидум мирна се до моментот кога на местото дојде комбе со дваесетина непознати лица. Прво го блокираа патот со комбето, а потоа и со контејнерите што беа во близина. Охрабрени од насилниците, и локалните жители кои претходно изгледаше дека полека се разотидуваат, им се придружија. Заедно со нив, без некоја посебна причина, се пуштија во потера на случајниот минувач. Откако го натепаа повторно се вратија на раскрсницата.
Во блокадата им се придружи уште едно комбе. Ситуацијата за среќа не излезе од контрола целосно. Присутните полицајци повикаа засилување, па за само 2-3 минути неколку коли и комбиња со Алфи и униформирани полицајци се појавија на лице место.
Политичарите не успеаја да го спречат дивеењето по булеварот
Толпата потоа веднаш се повлече до најблиската зграда. Контејнерите беа веднаш тргнати, а дојде и брза помош да му укаже помош на повредениот. На насилниците на помош во меѓувреме им стигна уште едно комбе полно со млади.
За жал, политичарите кои претходно го смируваа населението, не успеаја да го спречат дивеењето по булеварот. Во тие моменти никаде ги немаше. Претходно побараа од премиерот Груевски и министерката Јанкулоска да ги уапсат навивачите кои попладнево нападнале локални жители од Нерези - етнички Албанци.
Инаку до инцидент од поголеми размери вечерва не дојде, бидејќи комитите од мостот обединети нации со полициски кордон, наместо по Партизанска, биле спроведени по кејот на реката Вардар. Претходно навивачите имаа блиска средба.