Имаше само 15 години. Откако помина уште една ноќ дремејќи на Facebook, Живче реши да го исклучи компјутерот и да си легне. Но, четот наеднаш светна црвено. Беше тоа Иљаз. Отпрвин не сакаше да го прифати фактот дека се од различна религија, но од кога ги разгледа сликите, Живче се заљуби. Не знаеше што да одговори на неговото "zdravo". После долго боцкање и лајкање Иљаз реши да одлета до нејзиниот град со својот приватен хилихoптер. Но хилихоптерот ненадејно се сруши пред нејзиниот балкон и таа уплашено истрча и го најде писмото "Oj mi zivche, jas te sakam mnogu ama sum slabo na kerozin na iliopterot, ako umram zemi 12 ruzа, obleci se vo crno i tagiraj me na slikata sto ke go slikas". Живче со солзи во очите потрча во својата соба да се стави пак single. Ја виде мајка си онлан на чет и и пиша "Мамо, јас планирам да фатам рак, сакам да умрам и да бидам заедно со Иљаз таму горе". Мајка и и врати - "Не Живче, нема да фатиш рак, има многу риби во морето, мама ќе ти фати туна..." Живче се насмеа и како ништо да не било продолжи да се забавува на Facebook. Четот светна зелено, Живче се збуни како може четот да свети зелено!? и реши да се убие. На нејзиниот фејсбук родителите и најдоа скриено notes на кое пишуваше "Да се љуби, е како да се пее, фала што не ми купивте mp3 плеер. P.S Соберете ми ги крушите од фармата..."
http://www.sumlivo.com/x/imashe_samo_15_godini_otkako_pomina_ushte_edna_nok