Си гледаме ние.Цеск не си иде/земале или не земале титула.Немаме лидер кој би го заменил/Венгер прави профит ама не е луд да го продаде најдобриот играч.Вие би го продале Меси?Јунајтед го продаде Роналдо,ама го имаше Руни како замена.:smir:
Па и вие го имате Бенднер.
Шала
Ај сеа малце поозбилно.Ќе напишам еден мој став за Цеск.
Значи лично јас не сум за носење на Цеск за новата сезона, од причина што ќе треба да ја грее клупата т.е ќе игра само при ротациите на Пеп.
Од друга страна факт е дека треба бек ап за Чави али тоа може да се среди и со друг играч,независно дали ќе се купува или ќе му се дава шанса на некој од Б тимот како Дос Сантос или Тиаго.
Лично јас нормално дека сакам да го земеме Цеск но тоа да се деси во сезона 2011-2012 / 2012-2013 кога веќе Чави ќе биде на крајот од неговата кариера, односно кога нема да може да го пружа својот максимум, и реално гледано тоа ќе се деси за 2 години.
Друго, Зашто Анри дојде во Барса ?? Иако он и освојуваше титули со Арсенал. Сите добро знаеме зашто дојде, нели !!
Цеск е фантастичен фудбалер и стварно е жалосно да "пропадне" во политиката на Венгер, затоа што реално гледано вие немате шанси со Манчестер и Челзи ако продолжите со ваквата политика.Цеск до сега нема видено ништо од титули, а и целта не е само да се игра во голем конкурент, целта на најдобрите е и да се освојува титули.
Значи ако продолжите да бидете "конкуренти" само една полу сезона, и ако биде тоа и во наредната година/две, не гледам причина зашто Цеск не би се вратил во Барса, во клубот каде што започна, во клубот кој го игра најдобриот фудбал, во клубот каде што ќе има огромни шанси за повеќе титули, во градот каде што е цела негова фамилија, во градот кај што е роден.
Едноставно Цеск заслужува да види титула во најдобрите негови години кои што му следуваат.
:smir: