Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Честито победа и од мене, прилично големо задоцнување.
Судиијата за Пиќе може и да беше во право донекаде ....не знам, ама за Маркез беше очигледна грешка. Сепак ова беше добар тест да се види како ќе се однесува екипата без стопер па и со играч помалку (на крај и со два).
Екипата добро се носеше со притисокот, а Меси Иниеста и Чави уште еднаш покажаа дека нема цена за нивната вредност.
За со Атлетико ќе ни биде десеткувана одбраната, ама сега е време да се покаже колку вреди Чигрински и како ќе се однесува Милито на важен натпревар. Сепак, ако средината и нападот си одиграат како што знаат не би требало да имеме некои проблеми. (Damn, звучам како новинар во весник :) ).
 
Виља се надева на трансфер во Барселона

Напаѓачот на Валенсија, Давив Виља се надева на трансфер во Барелона во наредниот трансфер период, односно налето.
Тренерот на Барселоа Пеп Гвардиола се обиде да го доведе Виља летоска пред да го продаде Самуел Ето на Интер во размената за Златан Ибрахимовиќ. Гвардиола дури имал и телефонски разговор со Виља за можен трансфер на „Ноу Камп“.

„Ел Мундо Депортиво“ пренесува дека Виља се надева на таква солуција по крајот на оваа сезона.

Блиски луѓе на Виља велат дека тој би бил добредојден во Барселона од страна на играчите, со што ќе има голема можност да се покаже во дресот на „каталонците“.

Исто така треба да се напомене дека услугите на Виља уште ги посакуваат Манчестер Јунајтед и Челзи, кој налето повторно ќе се обидат да ги осигураат услгите на Шпанецот.
 
Не се секирам многу многу поради ова... ДА, работата е загрижувачка али имаме решенија за еден натпревар ... Сигурен сум дека Маркез ќе се врати до наредната недела, па Маркез и Милито да играат стопери, Пујол на местото на Дани а Максвел на местото на Абидал.

Инаку против Атлетико нешто вака би требало да изгледа одбраната

----Пујол-----Милито------Чиги-----Максвел----
Сума-сумарум, не е и којзнае колку лоша вака одбраната. Единствено нешто што ме загрижува е Чигрински... не е во којзнае каква форма, се прилагодува... Милито е овде од почетокот, кога не тренираше ги слушаше предавањата на Пеп и мислам дека нема да има проблеми околу него.:smir:
 
Се плашам за Чиги...спор е во споредба со Агуеро и Форлан...но се надевам дека ќе нема поголеми проблеми.

Се надевам дека нема да се повредат и други играчи..тоа ни е најголемиот противник :)
 
Повредите се загрижувачки, но ако се земе фактот дека против Атлетико ќе ни суди :vozbud:Итуралде Гонзалес:vozbud:, тогаш од Висенте Калдерон се враќаме со 3 бода. :pos2::pos2:
 
e kako mozese i abidal da se povrede,pa duri 2 meseca ke go nema
sreka golema sto imame golem broj na igraci vo odbranata,ne e kako lani
e sega cigi mora da dade se od sebe za da gi zadrze forlan i aguero
 
хм,дали заморот почна да го прави своето,а тукушто почнува системот на игра среда-недела...сигурно Пеп ја држи ситуацијата под контрола
 
леле бе што стана веќе со повредиве,уште ова ни требаше сега да се повреди и Абидал и тоа 2 месеци:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom