Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
кога бил Ибра центарфор?! и во Јуве и во Интер бил нешто полево...сега мора да игра во “тришилка“ добро ќе се снајде и нешто полево,на неколкупати во текот на натпреварите Пеп и го преместуваше со Хенри,значи нема да биде проблем...така да не му треба Рибери(не знам дали рекламира долен веш,секој ден е застапен со нови шпекулаации,сите клубови го купија) на Барса,гледајќи ја неговата состојба со повреди и форма,далеку подобра опција е помладиот Силва или секако ако се трошат пари барем Фабрегас да се купи


Во оваа формација на Пеп секогаш, СЕКОГАШ има ротации на напаѓачите во текот на играта. Кога можеше Ето да игра на местото на Меси, а Меси да игра централен напаѓач знај дека може и Ибра да игра на било која крилна позиција. Но игра на крило 5 мин, па после се враќа на своја позиција. Замисли што би било кога би играл по цели натпревари на крилна позиција?

Ибра е земен за да може да се разбие одбраната на противниците со високо нафрлени топки, тој е таков играч, знае да одигра со глава, знае сам да си створи позиција за шут и има неверојатна техника и контрола на топката. Башка има и добар боди-баланс, нешто што го прави совршена 9ка. И целото тоа да се отфрли за да игра на крилна позиција? Нема шанси! Потоа ќе треба да најдеме централен напаѓач и пак ќе имаме проблеми.

Ако Пеп сака крилен играч, не е затоа што ти или јас мислиме дека треба или не треба, туку затоа што знае што му фали во тимот.


Инаку Стар_Даст, мислам дека летово ќе дојде Фабрегас, Педро се издигна многу и мислам дека ќе добива повеќе шанса во наредната сезона. Веќе има 15 гола во сите конкуренции. А башка Фабрегас е ветување на секој кандидат за претседател. Верувам дека летово ќе биде наш.
 
Секако дека Фабрегас е еден од најдобрите играчи од средината во светот, но сепак не е до толку приоритетен според мене па ќе видиме на лето што ќе испадне.
Ако играат заедно со Иниеста, Чави и Меси тоа се премногу играчи кои сакаат да играат со топка и може да се задушат меѓусебно. Башка тоа би значело најверојатно дека Иниеста би одел како лево крило или Цеск би играл наместо Туре.

Левата крилна позиција да се појача мислам дека е приоритетна опција.
 
Секако дека Фабрегас е еден од најдобрите играчи од средината во светот, но сепак не е до толку приоритетен според мене па ќе видиме на лето што ќе испадне.
Ако играат заедно со Иниеста, Чави и Меси тоа се премногу играчи кои сакаат да играат со топка и може да се задушат меѓусебно. Башка тоа би значело најверојатно дека Иниеста би одел како лево крило или Цеск би играл наместо Туре.

Левата крилна позиција да се појача мислам дека е приоритетна опција.


Иниеста лево крило :nenene::nenene: Само во принудни ситуации.Никако не сакам Иниеста да го гледам како крило.Тој игра многу подобро кога е на својата природна позиција.Ако дојде Фабрегас, не знам како Пеп ќе ја постави средината, само знам дека Иниеста и Чави дека ќе се стартери.Другото не ми е јасно, ќе мора некој да грее клупа.Ако е тоа Туре, ќе бидеме многу ослабнати во одбраната а Фабрегас не би прифатил на клупа.:toe:
 
najverojatno i se posigurno e deka fabregas ke stigne na leto vo barsa
a ako stigne vo barsa najverojatno fabregas xavi i iniesta sekogas ke se menjavaat,odnosno od ovie trojca sekogas ke ima po dvajca na sredinata,posto mislam deka fabregas moze da ja igra pozicijata i na xavi i na iniesta a za na ture pozicijata ne sum bas siguren deka moze fabregas da ja igra

a i riberi mislam deka moze odlicno da se snajde na levata strana i da igra pokraj messi i ibra,samo problemot e vo toa sto cesto se povreduva
 
Се убаво тоа ако дојде Фабрегас летово, ама стварно ни јас (со моите аматерски очи хахаха )не гледам како Пеп би ги ставил и Чави и Иниеста и Фабре заедно на терен без да прави претумбации, а за греење на клупа... хммм не би сакал да има после расправии околу тоа кој колку дремел таму.
 
сезоната е долга,годинава играчите на Барса ги служи доста среќа со повредите,не е на одмет да имаш одповеќе квалитетни играчи ако можеш тоа да си го дозволиш
 
Тој им кажа на Реал и на Барса да не го дираат затоа што нема да оде.

П.С Оддеа знаеш мож и да му е татко! :pos2:
Да...ко бил Венгер на печалба во Барселона го склепал набрзина:pos2:
 
Незнам за вас, али повеќе сакам да дојде Цеск отколку Рибери... барем нема да се тресам на секој натпревар да не се повреди Чави... вака би имало ротации.

Гледам дека пишуваат весниците дека нема да дојдат 2 големи засилувања туку само едно ( Цеск, Рибери или Силва). И ми се допаѓа тоа што му е дадена поголема слобода околу трансферите и може да бира кој го сака во тимот а кој не.:pipi:
 
Па кога би бирал и јас меѓу Рибери или Фабрегас, нормално дека би сакал Фабрегас да дојде. Иако мислам дека најмногу ќе ни треба Силва.
 
Епа и Фабрегас ни треба...како што вели La Vista нема да се плашиме толку од повреда на Чави...но и Рибери или Силва ни требаат....

Како и да е Пеп ќе одлучи...и сигурен сум дека ќе го прави вистинскиот избор!
 
Се убаво тоа ако дојде Фабрегас летово, ама стварно ни јас (со моите аматерски очи хахаха )не гледам како Пеп би ги ставил и Чави и Иниеста и Фабре заедно на терен без да прави претумбации, а за греење на клупа... хммм не би сакал да има после расправии околу тоа кој колку дремел таму.
Нема да има раправии. кој колку си се покажал ќе си игра и ќе си се ротираат секој натпревар некој ќе го седи малку од малку на клупа, а можда и ќе проба да игра и со сите тројца у прва постава шо ми е малку мишн импасибл, ама кога е Пеп у питање се е можно:)
 
Фабрегас или Рибери? Тешко прашање.

Со Фабрегас би имале многу јака средина(не дека сеа немаме), али ќе има повеќе простор за ротации, за разлика од сеа каде што Чави мора да го одигра секој натпревар и притоа да не се повреди. Исто така би го решиле прашањето околу долгорочна замена на Чави.

Со Рибери би го решиле прашањето околу левата крилна позиција. Трио Меси-Ибра-Рибери би било незапирливо. Иако и Педро кој полека прераснува во играч од висока класа би можел да заигра прва постава. Да не го заборавиме и Жефрен кој исто така би играл на таа позиција. Со Анри на клупата би имале солидна лева позиција(доколку остане). Додека со Рибери на таа позиција би биле незапирливи во нападот.

И со Рибери би добиле играч кој би можел да одигра и повеќе од добро на средината на теренот кога Чави би одмарал или евентуално(не дај боже) во случај на повреда на Чави. Така би се отварал и многу повеќе простор за Педро на таа лева страна.

Ако дојдат и двајцата, најубаво! Ако доаѓа само еден годинава би сакал да биде тоа Рибери. Цеск кога тогаш ќе си се врати дома, додека за Рибери летово е одлучувачко, со оглед на заинтересираноста на другите екипи околку неговиот ангажман.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom