LaVista
Traumatic Playground
- Член од
- 31 јануари 2007
- Мислења
- 4.183
- Поени од реакции
- 958
кога бил Ибра центарфор?! и во Јуве и во Интер бил нешто полево...сега мора да игра во “тришилка“ добро ќе се снајде и нешто полево,на неколкупати во текот на натпреварите Пеп и го преместуваше со Хенри,значи нема да биде проблем...така да не му треба Рибери(не знам дали рекламира долен веш,секој ден е застапен со нови шпекулаации,сите клубови го купија) на Барса,гледајќи ја неговата состојба со повреди и форма,далеку подобра опција е помладиот Силва или секако ако се трошат пари барем Фабрегас да се купи
Во оваа формација на Пеп секогаш, СЕКОГАШ има ротации на напаѓачите во текот на играта. Кога можеше Ето да игра на местото на Меси, а Меси да игра централен напаѓач знај дека може и Ибра да игра на било која крилна позиција. Но игра на крило 5 мин, па после се враќа на своја позиција. Замисли што би било кога би играл по цели натпревари на крилна позиција?
Ибра е земен за да може да се разбие одбраната на противниците со високо нафрлени топки, тој е таков играч, знае да одигра со глава, знае сам да си створи позиција за шут и има неверојатна техника и контрола на топката. Башка има и добар боди-баланс, нешто што го прави совршена 9ка. И целото тоа да се отфрли за да игра на крилна позиција? Нема шанси! Потоа ќе треба да најдеме централен напаѓач и пак ќе имаме проблеми.
Ако Пеп сака крилен играч, не е затоа што ти или јас мислиме дека треба или не треба, туку затоа што знае што му фали во тимот.
Инаку Стар_Даст, мислам дека летово ќе дојде Фабрегас, Педро се издигна многу и мислам дека ќе добива повеќе шанса во наредната сезона. Веќе има 15 гола во сите конкуренции. А башка Фабрегас е ветување на секој кандидат за претседател. Верувам дека летово ќе биде наш.