Меси и Ибра задоволни од партнерството во нападот Двајцата играчи признаваат дека нивното партнерство сеуште е на стартот но додаваат дека од натпревар во натпревар тие се подобро се разбираат и се подобруваат
Златан Ибрахимович ова лето се пресели на Камп Ноу и се очекува тој заедно со Лео Меси да бидат едни од најзастрашувачките офанзивни партнерства во светот на фудбалот. Аргентинецот признава дека тој сеуште се прилагодува на играта на Златан и обратно, но додава дека нивното партнерство полека се подобрува.
Меси постигна погодок на вчерашниот дуел со Динамо Киев додека пак Златан беше асистент при погодокот на Педро.
Аргентинецот беше играчот на Барса кој најмногу импресионираше а во спротивниот табор секако тоа беше голманот на Динамо, Совковскиј, но посетителите на Uefa.com решија наградата за играч на натпреварот да му припадне на Меси.
“Среќен сум поради оваа награда но победата е она што е најважно бидејќи работевме напорно за да стигнеме до трите бода.“ – рече Меси за
uefa.com.
“Динамо имаат добри играчи и Совковкиј покажа дека е одличен голман. Имав доста шанси но тој беше во добра форма и го докажа својот квалитет и покрај тоа што прими два погодока.“
За пертнерството со Ибра, тој рече:“Јас и Златан сеуште сме на стартот од нашето партнерство.”
“Сеуште е старт на сезоната и сеуште се запознаваме еден со друг. Имаме чувство дека нашето разбирање со подобрува со секој нов натпревар и се надевам дека тоа ќе продолжи и во иднина.”
Ибрахимович исто така го дели мислењето на Меси за нивното партнерство: “Лео е фантастичен фудбалер.”
“Добро се разбирам со него и со секој нов натпревар нашето партнерство станува се подобро и подобро.”
“Уживам во играњето крај него. Вечерва креиравме многу шанси, постигнавме два погодока иако лесно можеа да бидат три, четири или пет.”
“Вечерва имам двојна причина за задоволство – нашите три бода и ремито на Интер во Русија. Многу голема предност е да се предводи Групата Ф во оваа рана фаза.”
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=8b94b6b6-e574-4d9b-b4f3-e1fcea9fbe1a&ln=3&typeBack=default