Навистина без врска. Во ред, ваучерите се некоја „добра“ политика, која послужи само за „добри“ политички цели. Владата решила да ги подели, Владата може да ги скрати, но...
Мене нешто друго ме интересира, ако се толкав проблем парите, зошто даваа на сите акредитирани факултети. И минатата година тоа ме збуни, ваучери им дадоа и на приватните колеџи (Американ, ФОН, Европски и слични). Па зар сите тие татини и мамини деца кои ИМААТ комјутер(и) и можат да си дозволат да се школуваат на приватен факултет, каде една година се плаќа 1500 - 2000 евра, немаат 200 евра за нов комјутер (кој не им треба бидејќи последниот го купиле пред 3 месеци)?!?!
Зошто наместо да ги поткупувавте децата на богаташите, не заштедевте пари за студентите кои не си ги плаќаат испитите, ами се препотуваат пред секоја сесија и ќе дипломираат чесно? Зарем не размисливте дека и од оваа генерација ќе излезат идни новинари, доктори, професори, политолози кои ќе се сеќаваат дека токму тие не добиле ваучер.