Апсолутно се согласувам, во министерствата, банките, судовите има еден куп некадарни Македонци кои не ми е јасно која будала и со колку силни врски ги има примено на работа... Ама не е тоа противаргумент со кој се објаснува запослувањето на уште толку некадарни Албанци. Сериозно немам предрасуди по тоа кој е на шалтер кога одам да си побарам некој документ во МВР и чекам некоја тетка фатена во рацете да ми го најде. Ги пцујам во себе не на национална основа туку поради тоа што се ебани ретарди!
Е сега, ако ти сметаш дека нема млади Албанци кои можат да се вработат поради тоа што имаат знаење и способности - во ред, за мир во куќа ќе продолжиме да запослуваме полуписмени и неспособни (како што и всушност правиме). Јас не мислам дека нема Македонци кои заслужуваат да бидат запослени затоа што имаат умешности за работа, па затоа ми се блуе од секој кој им ја држи нивната работа, само зошто има партиска книшка.
Е така. Знам на кого му се обраќам и со каков тон, затоа и ти реков.
Ама, помеѓу мене и тебе, работава со новите вработувања, има политички карактер.
Жалосно е, што во медиумите, а и тука добива етнички карактер. А тоа, знаеш колку мразам кога некој ќе глобализира а воедно и мене ќе ме категоризира како вакви или такви.
Ок е, нејќу партиски полтрони да ми се вработуваат каде што ќе стигнат. Но, ако некој сака да пљука по албанците, мољим љепо, пљукајте прво по 50 годишното искуство на македонската администрација која што да беше колку толку вредна, немаше да дојдеме до ова дереџе воопшто.
Бедлак, знам дека не е фер. Верувај сум го осетил на моја кожа, ама па сум им премногу заблагодарен. И мене ме одбија на конкурс во заводот за статистика. Тестирањето беше спроведено од две тетки да ти потенцирам македонки. Требаше во ворд да пишуваме некој текст кој што го добивме на писмено. Хех...
Втор дел од тестот беше табеларно во ексел да пресметаме дадена задача на љифче. Уште едно хех...
После 10 минути, го предавам тестот, теткицата ме погледна зачудено, 15 минути проверуваше дека испадна јас задачата ја решив на начин кој што го нема во нејзиниот шаблон-кључ. 10 минути решена задача, ЈАС нејзе 20 минути и го објаснував како и зашто е полесно и побрзо да се изврши во ексел. На крајот теткицата ми кажа браво, ми се заблагодари, и ми посака среќа и дури ме нарече колега..Трето хех..
Не ме прифатија, не сум имал доволно поени. Фала богу што не ме примија. Им реков кој ве дрибла, засукав ракави, и тргнав на друг пут.
Поинт оф д стори... Администрацијата е поле за вработување на партиски "војници". Meсто каде што помалку сигурните во себе си го бараат спасот. Место каде што Ахмети, Бранко, Грујо и Тачи си ги вработуваат тие кои што кенкаат по форуми за време на избори и лепат плакати. Таквите, без разлика на етникумот, немој да мислиш дека имаат баш некакво образование. Дека од роџења на нив им е професија плакато-лепачи. Нормално е да не го знаат македонскиот, а и да го знаат да не го зборат. Нормално е да не знаат да ти исштампаат формулар за барање за лична карта, дека веќе испечатените биле потрошени. Албанци или македонци, во администрација сите се фуј. Така, ќе ти се придружам и ќе пљукам заедно со тебе по нив, на купче. Ама, ако некој селективно пљука само по албанците и "рамковните" богами и јас ќе си ги бранам моите, како што некој си ги игнорира (брани) неговите.