Нови 290 рамковни вработувања

N

n/a

Гостин
А и од ова ми е доста.
Не оди работата ме разбираш.... и тоа ти е.
Што би рекол еден прилично чалнат (у гла`а) бивши член на форумов:
Дакле..:pos2:
Иди иди ко те јебе
може Српска и без тебе,
федерацијоооо
федерацијо.
Ај у.п.м.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Апсолутно се согласувам, во министерствата, банките, судовите има еден куп некадарни Македонци кои не ми е јасно која будала и со колку силни врски ги има примено на работа... Ама не е тоа противаргумент со кој се објаснува запослувањето на уште толку некадарни Албанци. Сериозно немам предрасуди по тоа кој е на шалтер кога одам да си побарам некој документ во МВР и чекам некоја тетка фатена во рацете да ми го најде. Ги пцујам во себе не на национална основа туку поради тоа што се ебани ретарди!
Е сега, ако ти сметаш дека нема млади Албанци кои можат да се вработат поради тоа што имаат знаење и способности - во ред, за мир во куќа ќе продолжиме да запослуваме полуписмени и неспособни (како што и всушност правиме). Јас не мислам дека нема Македонци кои заслужуваат да бидат запослени затоа што имаат умешности за работа, па затоа ми се блуе од секој кој им ја држи нивната работа, само зошто има партиска книшка.

Е така. Знам на кого му се обраќам и со каков тон, затоа и ти реков.
Ама, помеѓу мене и тебе, работава со новите вработувања, има политички карактер.
Жалосно е, што во медиумите, а и тука добива етнички карактер. А тоа, знаеш колку мразам кога некој ќе глобализира а воедно и мене ќе ме категоризира како вакви или такви.

Ок е, нејќу партиски полтрони да ми се вработуваат каде што ќе стигнат. Но, ако некој сака да пљука по албанците, мољим љепо, пљукајте прво по 50 годишното искуство на македонската администрација која што да беше колку толку вредна, немаше да дојдеме до ова дереџе воопшто.

Бедлак, знам дека не е фер. Верувај сум го осетил на моја кожа, ама па сум им премногу заблагодарен. И мене ме одбија на конкурс во заводот за статистика. Тестирањето беше спроведено од две тетки да ти потенцирам македонки. Требаше во ворд да пишуваме некој текст кој што го добивме на писмено. Хех...
Втор дел од тестот беше табеларно во ексел да пресметаме дадена задача на љифче. Уште едно хех...
После 10 минути, го предавам тестот, теткицата ме погледна зачудено, 15 минути проверуваше дека испадна јас задачата ја решив на начин кој што го нема во нејзиниот шаблон-кључ. 10 минути решена задача, ЈАС нејзе 20 минути и го објаснував како и зашто е полесно и побрзо да се изврши во ексел. На крајот теткицата ми кажа браво, ми се заблагодари, и ми посака среќа и дури ме нарече колега..Трето хех..
Не ме прифатија, не сум имал доволно поени. Фала богу што не ме примија. Им реков кој ве дрибла, засукав ракави, и тргнав на друг пут.

Поинт оф д стори... Администрацијата е поле за вработување на партиски "војници". Meсто каде што помалку сигурните во себе си го бараат спасот. Место каде што Ахмети, Бранко, Грујо и Тачи си ги вработуваат тие кои што кенкаат по форуми за време на избори и лепат плакати. Таквите, без разлика на етникумот, немој да мислиш дека имаат баш некакво образование. Дека од роџења на нив им е професија плакато-лепачи. Нормално е да не го знаат македонскиот, а и да го знаат да не го зборат. Нормално е да не знаат да ти исштампаат формулар за барање за лична карта, дека веќе испечатените биле потрошени. Албанци или македонци, во администрација сите се фуј. Така, ќе ти се придружам и ќе пљукам заедно со тебе по нив, на купче. Ама, ако некој селективно пљука само по албанците и "рамковните" богами и јас ќе си ги бранам моите, како што некој си ги игнорира (брани) неговите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.302
Жалосно е, што во медиумите, а и тука добива етнички карактер. А тоа, знаеш колку мразам кога некој ќе глобализира а воедно и мене ќе ме категоризира како вакви или такви.
rymz, оваа (насловот на темата) е главната поента за можно забошотување на мислите на народот во последно време, покрај градбите на плоштад. Во нашава држава е дивиде ет импера, поситно, полесно се вари, а ова посебно е многу лесно запаллива материја со која си играат одредени...имаше еден филм Буре барут.
Така, ќе ти се придружам и ќе пљукам заедно со тебе по нив, на купче. Ама, ако некој селективно пљука само по албанците и "рамковните" богами и јас ќе си ги бранам моите, како што некој си ги игнорира (брани) неговите.
Инаку ради информација и други националности имало, барем знам турци имаше.
Во денешен дневник мислам беше, се спомнуваат мислења на експерти, дали ги прочитавте? Ако она погоре е бурето со барут, овие мислења се крпата со бензин. Секогаш се игра на тенка жица, тоа е :toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Море само нека се зголемува администрацијата,без разлика дали со Албанци,Турци или Македонци,да даде господ секој вработен во Македонија да биде административец,за да ни дојде умот.Вака и самите Албанци ќе се уверат дека и нивните ги клецаат кога ќе треба да им се заврши некоја административна работа.Плус ќе мораат да плаќаат повеќе даноци,нема да имаат аргументи за избегнување на “арачот“.Оди инспекторот од Прилеп и чкраап му ја затвора фирмата оти не платил фирмарина на пример,а овој не смее ни да зуцне оти му го запослиле внукот пред некој ден во истата таа администрација која го тера да плаќа блентави давачки.:pos2:
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Па да де, дека кај тебе вработувањето иде по линија на членство на КПЈ, нели? :)

Немам јас ништо со партии и остали мафијашки друштва. Еднаш конкурирав во администрација, не ме ни повикаа на разговор и покрај одличното познавање на работата за која беше конкурсот. Тоа ми беше прво и последно пријавување на конкурс од администрација. Сега си работам во приватна фирма и фала му на бога нема да ги трпам неписмените рамковци. :smir:
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Ги гледав новопримените административци на ТВ, дури имаше и интервјуа со некои од нив, но се запрепастив како не знаат да склопат една обична проста реченица. Да им пратиме дете од 5 одделение од Босилово, попрофесионално ќе си ја одработи работата. Па нели просечната оценка од државната матура на нивните матуранти е 1.5 и сега замислите на кој начин завршуваат факултет и кои факултети :nesvest::nesvest::nesvest:
 
Извини молим лепо. Оценката беше на ниво на цела држава. Вклучувајќи и македонци. Немој со сопствен куршум да се утепаш :)

rymz, оваа (насловот на темата) е главната поента за можно забошотување на мислите на народот во последно време, покрај градбите на плоштад. Во нашава држава е дивиде ет импера, поситно, полесно се вари, а ова посебно е многу лесно запаллива материја со која си играат одредени...имаше еден филм Буре барут.
Инаку ради информација и други националности имало, барем знам турци имаше.
Во денешен дневник мислам беше, се спомнуваат мислења на експерти, дали ги прочитавте? Ако она погоре е бурето со барут, овие мислења се крпата со бензин. Секогаш се игра на тенка жица, тоа е :toe:
Eпа тоа друже. Некој упорно пљука само по албанците. Просјаците тоа го голтаат ко да им дал некој мед и млеко им лизга, и оп...албанците криви. И кога некој од страна ни се смее...си ја чешаме глаата, измислуваме некои нови работи, некои нови проблеми, за никако сржта на проблемот да го сфатиме САМИ.

Ама нејсе. Албанци во администрација, ДА, според рамковен. Писмени неписмени, трајте. Грујо ги вуаботува.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Во принцип не е битно каква националност се тие што се вработуваат. Сите делиме исти егзистенцијални маки. АМА! Не може и не можам да разберам како може да се примаат луѓе во администрација која сама по себеси подразбира тон папирологија и преписки а да не знаат јазик?!?!?!?!?
Ако се вработам како сметководител треба да знам елементарно да собирам!
Ако се вработам во јавна администрација треба да го познавам јазикот!
И Гвујо и кој сака нека биде, ги вреѓа сите што се школувале во оваа земја.
 
Во оваа земја сите се “школуваат“ оти нема што друго да работат,уствари ништо не им се исплаќа,па единствено во администрацијата гледаат некаква надеж за малку попристојна плата.
Затоа да се надеваме дека ќе имаме повеќе вработени во администрацијата,со познавање или без познавање на јазици,а најпрактично би било сите вработени да бидат во Македонската администрација или во таканаречени “инвестиции“ каде Македонската власт ќе им плаќа придонеси и плати.Белким така побрзо ќе заврши нашата агонија.:toe:
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.494
Поени од реакции
1.875
Во принцип не е битно каква националност се тие што се вработуваат. Сите делиме исти егзистенцијални маки. АМА! Не може и не можам да разберам како може да се примаат луѓе во администрација која сама по себеси подразбира тон папирологија и преписки а да не знаат јазик?!?!?!?!?
Ако се вработам како сметководител треба да знам елементарно да собирам!
Ако се вработам во јавна администрација треба да го познавам јазикот!
И Гвујо и кој сака нека биде, ги вреѓа сите што се школувале во оваа земја.

Е ај докажи му го овоа на римз
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Е ај докажи му го овоа на римз
Што има да ми докажеш бе? Ќе се вработам во општина Чаир и ќе работам во шалтер на албански јазик. Ми се може, рамковниот ми го дозволува тоа. Што сакаш да ми докажеш?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Од економија и бизнис темава нема ни Е ни Б......
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.494
Поени од реакции
1.875
Што има да ми докажеш бе? Ќе се вработам во општина Чаир и ќе работам во шалтер на албански јазик. Ми се може, рамковниот ми го дозволува тоа. Што сакаш да ми докажеш?

Сите 290 души нема сигурно да работат на шалтер на албански јазик:tapp:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.302
Од економија и бизнис темава нема ни Е ни Б......
Можеби во образование, се збори за претходна школска подготовка или јазикот и литертатурата :smir:

Ако се вработам во јавна администрација треба да го познавам јазикот!
Хм, ако се размислува од овој аспект...забега ова во други теми.
Интересно е друго. Најбанален пример, имате потреба од општинска услуга во општина каде повеќето население е турско, албанско, ромско (влашко, српско...не се предмет оти едното разбираш, а за другото нема таков случај).
Ако сега ова се поврзе со она дека јазикот во онаа општина...бла бла. Како ќе се снајдете во таа општина на друг јазик?
Ова е под претпоставка дека овој дел од рамковниот функционира (мислам дека имаше и таков услов, за јазиците).

Или за вработување во локална администрација, полиција...во истите општини. Треба на пример за полицаец да го знае и турскиот и македонскиот или за службеник во суд треба да ги знае и двата јазици...

Абее, ако навлеземе во детали крај нема ова. Затоа освен во контекст на стручност, недобро време во криза за зголемување на административци, завршен факултет и најмалку еден странски јазик како услови и слични ...се друго не носи во непознати води и соодветна меѓунационална омраза.

А доколку некој од вас секојдневно ги проаѓа јаја паша, чаир или живее во таква населба/град знае многу добро за реалноста на мултиетничките спреги и потребата од спуштање на топката.

Во овој контекст најмалку основа и искуство за муабет имаат оние кои живеат во едноетнички населби-без разлика од која етничка заедница. Лесно е да збориш ако си од Џепчиште или Тафталиџе, но мојата населба или Чаир...потребно е малку внимание при овој пристап:toe: и неслушање на вести (посебно А1) за вакви теми.

И во овој контекст не би више да се ставам во темава, премногу забега накај меѓунационалното, а тоа колку да сакам или да мразам некој етнос, не ми е тема за докажување и дискусија. Во тема за економија воопшто. А она со мириса на нов барут, нов конфликт...доста е бре луѓе. Во такви состојби најмногу страдаат мешаните средини со 2 и повеќе заедници. Сум осетил, а и последиците по пријателството и меѓусоседското сум ги осетил. Тие рани се гадни, тешко се затвораат-а секој тоа го носи во себеси (па и јас), да не се залажуваме.
Сегде постои мултиетничност, не е наша измислица ама ние сме како пирани.
Затоа зае*и национализам и меѓунационализам. Јади баклава за Бајрам, крши јајца за Великден... :smir:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Што има да ми докажеш бе? Ќе се вработам во општина Чаир и ќе работам во шалтер на албански јазик. Ми се може, рамковниот ми го дозволува тоа. Што сакаш да ми докажеш?
Јас работам со Општина Чаир и дури е една од посредените општински администрации; верувај ми, и таму треба да знае јазик. Зборуваме за иста држава, инаку џабе се трудел градоначалникот до сега...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom