Chapstick
Сам свој психолог
Пред некој ден читав во весник некои разлики меѓу момчињата и девојчињата.На пример момчињата можат и позади дрво да се олеснат а замислете тоа да го направи девојче??Или пак кога момчињата повеке менат партнерки тие се кул во очите на нивните врсници а ако девојчињата менат партнери почесто се нарекувааат со погрдни имиња.Не е фер зар не?Или пак мајката се навикнала нејзиниот син да седи цела ноќ на компјутерот играјки игри а ако тоа го направи девојче тогаш велат:Зар немала попаметна работа?Може и девојчињата да се интересираат за некоја компјутерска игра тоа не е само кај момчињата но ете тоа не се баш прифаќа од страна на родителите.Еве уште нешто:Moмчињата дома само јадат и спијат а домашните обврски ги избегнуваат и со оправдување "Зафатен сум" и сл.Е сега замислете девојче дома ништо да не раздигне само да јаде и да спие и остатокот од денот да гледа тв да седе на компјутерот или да е надвор со другарките.Незамисливо нели?Од друга страна пак ако девојчињата не знаат да готват можат да се оправдат дека мајка им не сака да се мачат а ако момчињата не знаат да сменат гума и слични машки работи се нарекуваат педери плачковци и слично.Или ако плачат момчињата се слабичи во очите на своите врсници.Нели не е фер?Што ги прави половите толку различни?Да чујам ваше мислење?