naumdb
Кајгана Менаџер!!!
- Член од
- 5 јуни 2007
- Мислења
- 9.006
- Поени од реакции
- 5.653
Браво за Болт. Ќе го сруши рекордот уште некој пат со оглед дека има уште добри 5-6 години кариера во врвот. Само ова не е ништо подобро од трката во Пекинг. Според стручњаците на таа трка доколку не забавеше при убедливото водство во финишот, тогаш ќе истрчаше 9.55.
Според некои пресметки пак границата која може човекот да ја достигне е некаде околу 9.25 мислам беше(како ги прават пресметкиве кој знае). Болт е вистинскиот човек за тоа.
Болт денес беше послаб за десет стотинки, но делуваше толку надмоќно што ништо не е чудно да ја побие оваа теза од научникот од Стендфорд. Стварно е ова неверојатно, 9.58, а има само 23 години... Респект, и искрено се надевам дека ќе биде првиот човек кој ќе истрча под 9.50Професорот од Универзитетот Стендфорд, Марк Дени, во неговото истражување дошол до заклучок дека границата на трчање на 100 метри на човекот е 9,48 секунди