LordDragonII
Dr.Strangelove
Треба да се има. Имаш субвенции од државата.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Темата ја отворив јас, не цитирав никој друг, значи не застапувам ниту еден моќник, а и главната дебата со мене ја водиш. Ако мислеше на некој друг требаше и да нагласиш. :wink:Муабетот го водам прилично сериозно и одржано, па ако ти личи на кафански, онда ти си имаш проблем у перцепција.
Патем, болдот се однесуваше на капиталистичките моќници, а ти изглеа и тоа лично си го сфати.
ada напиша:Како и да е:
1. Планетата нема да пати од тоа што ќе имаме по 3/4 деца.
2. Системот, не популацијата, е проблемот.
3.Ни ти, ни никој друг, нема право да ја просудува родителската љубов и потреба, особено не ко некој што, види иронија, не ни има деца.
4. Додека не имаш 3 и повеќе деца, едноставно, буквално нема да можеш да знаеш колку може да се љубат или не. Само си судиш, онака од ракав. (јас, на пример, имав долгогодишна врска со дечко кој има уште 2 сестри, односно се 3-ца...и тие се едни од ретките урамнотежени, здрави, успешни и среќни пред се особи што ги знам, со итекако љубов и почит кон своите и vice versa)
5. Ако има родители кои апсолутно не умеат да се грижат и да ги љубат своите деца, не значи дека сите се такви (ти тоа упорно го нагласуваш).
6. Твојата идеја за родител, кој е 24/7 сервис на своето дете, ниту е остварлива, ниту, според психолозите е пожелна. Не знам од каде идејата дека треба нон-стоп да си со своето дете и тоа да ти биде единствениот фокус. Освен што истото е лошо за родителот, уште полошо е за развојот на детето.
7. Родителскиот нагон е инстинкт. Имај го и тоа во предвид.
- А ако го погледнеш вака... што ако другар ти сперматозоид бил побрз од тебе? Нема смисла такво хипотетичко размислување според мене.Toecutter напиша:Па гледај го тоа на друг начин...јас тоа го гледам себично...што би било ако тој пресуден ден пред толку и толку години моите родители се решеле за контрацепција...бррррр
------------------------------------
Неродените не фалат...точно...но има и друг аспект...ако не се родеа 100-150 души кои го сменија светот во последниве 400-500 години би било гадно...за сите нас...така да you never know what might happen...
А мене лчно многу би ми недостасувале Џон Клис,Тери Џонс,Мајкл Пејлин,Греам Чепмен,Ерик Ајдл и Тери Гилијам на пример...Монти Пајтоновци со еден збор...
Човек може ке немаше прирадници на малцинства у толку голем број ама па не е само да ги родиме децата и готово треба тие деца нормално и да се развиваат а тоа кај нас не е можно ....Ти ако сакаш твоето дете да живее мизерно јас не сакам ...сакам да можам се да му пружам а ако имам 5 деца тоа нема да го можам со нашава македонска просечна плата.ДЕФИНИТИВНО ДА!!!
Не треба многу филозофија...Бог ги створил сите живи суштества (целокупниот животински и растителен свет) со ЕКСТРЕМНО развиен нагон да се размножуваат и така да опстојат!!! Две деца не се проширена репродукција и не носат напредок туку СТАГНАЦИЈА!!!
Нека му се думаат за пренаселеност, пренаселените!!! Ние МАКЕДОНЦИВЕ сме далеку од тоа!!! Мариово, а и цела МАКЕДОНИЈА плачат за деца!!! А стариве ќе плачат за пензија и ќе работат до смрт не до 64м/62ж ако не се раѓаат деца да работат место нив!!!
А за абортусот шо стана збор...имам податок дека МАКЕДОНИЈА годишно абортирала колку што има Кочани жители!!! Да се раѓаа тие немаше да имаме припадници на малцинствата 30%, немаше да има војна, можи че ја тепавме и Шпанија во фудбал!!!![]()
Море и три нека има, ништо страшно. Како го читав секој пост, ми идеа мисли, идеи...ама си велам после е* нема каење.така да мислам дека 2 деца е иделно не ради финасиите туку да не биде детето осамено да има братче или сестрче да се дружат и помагаат.
се самозалажувам, не е само пари и не е секогаш до пари. Касно е за да сменам нешто, да имам трето...кога на времето сум мислел дека пиење, шетање, забава, дружење...се најинтересните ствари ви животот и дека ради тоа живееме.Сепак парите определуваат многу работи па и тоа.
...
Нозете до крајот на чергата.
Ова општо се однесува на темата или...на моето претходно? Да не реплицирам ако не е наменето за мене :smir:Ако имаш средства да ги одгледуваш зашто да не?
"Спорната" реченица беше во моја реплика на цитат од пост на Никола, и беше во врска со пропаганда, левичарство и сл. кои тој претходно ги спомена.Темата ја отворив јас, не цитирав никој друг, значи не застапувам ниту еден моќник, а и главната дебата со мене ја водиш. Ако мислеше на некој друг требаше и да нагласиш. :wink:
За она со судењето...Даваш квалитативни оцени за родителството...т.е судиш.1. Ок.
2. Се сложувам.
3. Апсолутно се сложувам. Но пази иронија, никаде никого и не осудив.
4. Се сложувам, и повторувам, не судам. За дечко ти, ти си знаеш.
5. 50-50. Велам дека шансата да се посвети еднакво внимание на 4 и на 2 деца е речиси непостоечка.
6. За оваа точка, се мислам дали воопшто ме читаш што пишувам. 24/7 сервис на своето дете? :uvo: На децата им треба воспитување. Особено оние родители кои знаат да ги воспитуваат и имаат чувство (бидејќи очигледно за родителство нема школо) немаат време за тоа бидејќи се презафатени со работа.
Во сиромашните земји пак до воспитување не се стигнува, бидејќи главнината од децата патат од глад. Десет деца патат од глад, па ти направи математика дали е подобро десет од глад или ниедно од глад да пати.
7. Го имам тоа предвид. Ти имај предвид дека разумот исто така е човечка дарба.
Викторгг напиша:Но размислувањето дека дебилно дете кое ќе израсне во дебилен човек кој ќе биде штетник е подобро од никакво дете не ми се допаѓа. Велиш колку од нас не би постоеле.
"Спорната" реченица беше во моја реплика на цитат од пост на Никола, и беше во врска со пропаганда, левичарство и сл. кои тој претходно ги спомена.
Али, нeбитно. Мало недоразбирање
За она со судењето...Даваш квалитативни оцени за родителството...т.е судиш.
4. Сеа ми текна дека секојдневно имам уште еден пример со 3 деца пред очи, односно комшиите кои живеат спрат под мојот. Остај шо се итекако ко шо треба луѓе, али да не цепидлачам со изолирани примери...ги спомнувам за да кажам дека ме потсетија како во повеќедетните семејства се развиваат и еден друг вид на значајни односи, односно оние меѓу браќа/сестри...Затоа во псхологијата имаат посебен "третман" за единци...Социјализацијата и чувството за делење кај нив, по правило, идат малку во минус.
5. Не знам дали си го гледал она риалити шоуто на Travel and Living, "John and Kate plus 8"...Anyhow, се работи за релативно млад брачен пар, кој добива прво две близначки, а потоа 6-ка...и тоа е веќе хаос у кој буквално гледаш дека и покрај нивните најдобри намери, едноставно физички немаат време и сила да се посветат соодветно на секое дете...тоа и самите родители го кажуваат постојано.
Но, во нивниот случај, освен што стануе збор за голем број на деца, нештата дополнително ги комплицира и идентичната возраст на децата, затоа што се близнаци плус 6-ка.
А, тоа обично не се случува, туку има бар две години и повеќе разлика меѓу децата, што значи дека и потребите им се менуваат,па може многу посоодветно да се посветиш на секое од нив. Сепак, грижата за бебе, 3 годишно дете и 8 годишно дете, не е иста.
Значи да, се слагам дека у случаи на 4/5 или повеќе деца, со релативно блиска возраст, се намалува можноста индивидуално да се посветиш.
Али, земи го примеров на луѓево што погоре ги споменав. Мислеле дека после близнаците ги очекува уште едно дете, и тука сакале да престанат...Испаднало подоцна дека не е едно, туку 6 деца...и што требале да направат? Да ги абортираат сите шест? Тешки избори се тоа, особено кога сакаш дете. Не на секој му е сеедно дали ќе прекине бременост или не (и добро е што не е така)
6. Каде гледаме најголем број на деца?
Во Африка, Иран, Индија, Пакистан итн. и евентуално, од западниот свет, кај католиците...а, тоа е итекако поврзано со религијата, ставот кон контрацепцијата и абортусот, положбата на жените и пред се ,изгледа, сиромаштијата и бедата од секаков тип која ја деградира и човековата свест...Да, таму свесноста е поинаква, или ние западњаците би рекле, на пониско ниво.
Но, и кој ја засилува нивната беда? Пак, западњакот.
Баш поради тоа, тешко е да се суди. Нивната ситуација е многуслојна, сложена, а децата се само уште едно нешто што во тие земји иде јабана. За жал. Али, мора да се погледне целата слика, не излоираниот случај со наталитетот.
7. Го споменав инстинктот во контекст на твоето прашање "зошто раѓаат воопшто"?
И баш пошто е итекако нагон во основата, тешко ќе најдеш конкретен одговор.
Тоа е исто ко да те прашаат зошто имаш секс и каде е твојата свесност, о пештерски човеку, кога знаеш дека ни кондомот не е 100% сигурен и може да добиеш сида, макар и од долгогодишен партнер, кој еве е неверен и без да знае ја шири наоколу, а понатаму и ти, не знаејќи, да ја шириш.
Кој тука треба и може да суди?
Да, треба да се уклучи и другот дел од човекот, оној свесниот, али тоа не е така едноставно, кога и самиот знаеш дека секој ден, многупати, реагираш на начин кој е несвесен, односно не е рационално најдобар. Па, кога гласно напаѓаш други за нивната не-свесност, забораваш на сопствената, и не сакајќи навлгаш у довојни стандарди.
Душо, овој дел од размилсувањето е најопасен доколку би се реализирал во пракса...Ќе кажам зошто, но прво ќе кажам нешто друго.
До скоро, слични размисли ми се мотаа низ глава. Како некој што првпат во 7-мо оделение, после документарец, доби такоречи панични напади од помислата на глобалното затоплување, со години и години просто губев здив од бес и страв што луѓето загадуваат и се множат у свет кој нема иднина и тоа само затоа што тие, со својата игнорантност, ја уништуваат истата. Одев дотаму (срам ми е, но ете и тоа е дел од мене) што дури како да се радував на елемнтарните катастрофи кои ги стерфија Индонезија и сл., пошо бев као, супер се ретчиме...Исто, кога слушнав за бедата на најбројното македонско семејство (10 или 13 деца имаат, чинам) имав став као, нека им е, така им треба, кој ги терал да се котат.
И се ова ти го кажувам за да ти доловоам дека сфаќам отприлика како ти оди резонот и зошто ја отвораш темава. Тесни ни се кожите, не фаќа паника за самите нас, не дрма базичен егзистенционален страв...па, дури и очекувана реакција се вакви размисли.
Но, има едно големо но...Рецимо, еве се створи механизам, кој ќе присилува секој кој има повеќе од две деца, да ги абортира следните, или пак оној кој нема финансиски услови, да не смее да има ниту едно дете.
Верувај, дека следниот чекор би бил, а зашто да не се егзекутираат хендикепираните и ментално заостанатите, кога и без тоа се прво трошок, второ само зимаат простор и трошат воздух и ресурси, т.е се ништо повеќе од терет.
Трет чекор би бил егзекутирање на старците...Проживеале, не се способни за ништо, вака или онака ќе умрат брзо, зошто да не го убрзаме процесот и створиме уше малку место на земјава за нас?
После би дошле на ред и расите...Види ја Африка, беда која шири болести...заклучуваме дека црнците се еволуциски неподобни...зашо и нив да не ги скинеме с курца?...и се во тој стил.
Иако ова звучи нереално и екстремно , сепак, ако се отвори простор макар за контрола на "подобност" за родителство...следи нешто налик на она што го споменав.
А, сето тоа е затоа што, како луѓе, едноставно не можеме да релевантно да процениме кога некој има право или нема да се репродуцира. Најмногу, затоа што тоа е сечија вродена потреба, т.е богом дано право. Рестрикции од тој тип имплицираат идни страшни варијации на тема.
Конечно, просечниот, нормален човек, со најдобри желби пристапува кон родителството. Тој искрено се грижи и труди околу своето дете. Но и греши, затоа што е човек. Верувам дека и твојата мајка (како секоја друга мајка) не можела секојпат да ти го приушти она најдоброто или она што си сметал дека ти е потребно. Зарем сметаш дека била несвесна и неодговрна што те родила? (и тука нема разлика дали е едно/две/три/четири деца во прашање...родителскиот инстинкт, заедно со љубовта, се "регенерира")
Дали некој требало да рече, сметам дека вака и вака може да го унесреќиш твоето дете, затоа мораш да го абортираш, ако си свесно и одговорно битие?
Се на се, од позиција на човек, ако сакаш да си искрен и рационален, едноставно немаш механизми, ниту релевантни стојалишта, од кои може да му судиш на друг затоа што има волку и волку потомство.
Може единствено да настапуваш од споствената позиција на страв, гнев, фрустрација. Никакво општо добро тука не е во прашање.
Многу добро размислување Анастазија, како за желбата за деца, така и за планетата...ама што зборам, целото мислење ти е добро.Не знам дали треба, ама знам дека би сакала да имам 3-4 деца. Ние сме три, кај нас дома и ми се чини дека уште едно братче, сестричка да имав ќе беше совршено.
Потрошувачката на ресурси е секако огромен проблем, ама сметам дека е крајно хипокритично да се зборува за Земјата занемарувајќи не нас во тој муабет... Треба да оставиме здрава планета на идните поколенија и затоа треба да ги насочиме напорите кон правилна распределба, користење на алтернативи и елиминирање на непотребниот смет... Ама, пред се треба да имаме деца на кои би ја оставиле таа наша планета![]()