
Колку и да е тоа дебилно, навистина и на тоа мислам.
Ада, некаде се разидуваме во поентите најверојатно, ама нема везе, ќе пробам пак. Јас искрено, не можам да ја разберам опсесивната потреба на луѓето да раѓаат илјадници деца. Токму оној фактор кој го спомна, дека не сме животни, би требало тоа да ни го наметне.
Знаеш, ако постојано јадеш грав, треба да бидеш свесен дека еден ден тоа ќе се одрази на твојот организам и ќе умреш, без разлика што обожуваш грав. Треба човек да биде свесен дека не може да прави што сака на овој свет и да се вади на некој изговор.
Едноставно, сметам дека имаме премногу луѓе, и немаме визија каде тоа не носи. Како што и Џорџ Карлин у твоето видео вика, The planet is just fine, the people are fucked. Суровиот капитализам, да, токму тој е проблемот, кој за да западњачките деца имаат пелени ќе ја измрцвари пола африка, а за да имаат детски најк патики, цела Азија.
Љубовта на човекот, љубовта кон децата, ја разбирам, и поддржувам, но кога во еден момент ќе дојде тоа да биде нереално и да пречи на други полиња треба малку да застанеме, и да помислиме дека претеруваме.
Упорно сите на темата кои не го делат моето мислење, се осеќаат директно нападнати, као јас токму нив да сакам да им ги земам децата, или ги обвинувам дека ги имаат. Прво, нагласив неколку пати дека е ова глобален проблем, второ, да, и ние сме дел од светот. Но, колку и да се децата најголемо богатство, не значи дека ако не сме го родиле дека сме го убиле. Премногу сме луѓе... пази ја сликава...
Каква е таа опсесивна потреба за деца? Илустрирај ми ја, за да се разбереме. Не сум саркастична, озбилно прашувам.
Инаку, муабетов е повеќедимензионален. Проблемот со пренаселеност и ресурси треба малку да се разграничи од емотивната и материјалната благосостојба која како поединци сме спремни да ја приуштиме на своето дете, како и од спремноста да бидеш родител.
Кога збориме за првиот проблем, мора да се има во предвид дека да, имаш слики ко онаа што ја постираше, но како контраст ги имаш и огромните ненаселени пространства во Канада, Скандинавија, Русија и многу други (и тоа области во кои има услови за живот).
Значи овде е проблем на концентрација и расподеленост на население (која е итекако зависна од економојата). И истото тоа важи и за ресурсите...Нерамномерно распоредени и злоупотребувани.
Па, кога ја ставаме пренаселеноста како проблем, мора да се има во предвид дека тоа не е фактичка состојба, ниту е потврдена. Ние дефакто не знаеме колку може Земјата да издржи.
Знаеме само дека деструкцијата која ја пројавува системот, и ние како поединци, е нешто во кое човекот, на крај, губи. Али тоа е друг муабет, и истиот не се решава со тоа што нема да раѓаме или ќе раѓаме деца. Тој дел е скоро ирелевантен.
Вториот дел, односно севкупната спремност да бидеш родител, зависи од нас. И околу тоа се слагам со тебе.
Да, треба да бидеш свесна индивидуа и да сфатиш дека си одговорен пред тој иден живот. Не е доволно само да го родиш, без да се прашаш, каков живот, барем во наредните 18 години, му нудам на своето дете.
Али тек ова е комплицираниот дел од муабетот, затоа што многу фактори играат улога.
Прво, тука е основниот човечки инстинкт за репродукција.
Второ, тука се религиите и нивните ставови околу животот, контрацепцијата, потомството и сл.
Трето, го имаш и степенот на свесност кој е различен кај секоја особа.
Четврто, тука е и фактот дека не си совршен и дека и покрај своите најдобри намери, вака или онака ќе го унесреќиш детето.
Уопште не е лесна дилемата, али ние го имаме инстинктот и вродениот родителски мотив, кој го олеснува изборот. Без истиот, веројатно никој од нас не би одбрал да има дете. Всушност, кога би земале така изолирано да анализираме, било што, веројатно би дошле до ултимативниот заклучок дека е најдобро да се убиеш, затоа што едноставно, вака или онака, никогаш не си сигурен дали си на правиот пат, а животот е збир на дилеми и непознаници во кои никогаш вистински не победуваш (класична западњачка анксиозност и сомнеж). Среќа, имаме мигови во животот кои "живот значат" и кои наплаќаат за секоја дилема и секој страв.
Така е и со родителството...Љубовта која просечна, здрава индивидуа може да ја даде и прими од своето дете е нешто кое ја брише секоја потешкотија, го олеснува секој напор и која надоместува за се. Велат дека нема (а, и јас истото го мислам) љубов која е побезусловна од онаа помеѓу родителот и детето. Па, зарем тоа не вреди?
Конечно, секој има право да се репродуцира и никој не може тоа да му го ограничи (Хитлер пробал, али не идело).
Едноставно може да се работи на зголемување на свесноста кај луѓето. Да сфатат и размислат дека се одговорни за тој нов живот. Да умеат да се носат со тоа.
Ти пак, низ постовите, како да алудираш на тоа дека родителството, особено кога се работи за повеќе деца, е лошо по дифолт. И нормално дека луѓе ќе се бунат и ќе се осеќаат нападнати. Без да имаш право и фактичко сознанание, им ја обезвреднуваш љубовта која ја осетиле од своите родители или ја имаат за своите деца. Ја обезвреднуваш една од најубавите заедници кои човек може да ги оформи.