Дали треба да имаме повеќе од две деца?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
:pos: Ја сум Voice of America а? :)

Види, според моите размислувања (а растев у комунистички систем, па у транзиционен каде веќе базата ми беше поставена) разбирам зошто луѓето сакаат деца. Тие се најголемата радост, веројатно, така викаат. Но никако не можам да го прифатам (иако и тоа разбирам) игнорантскиот став од типот, што ми е мене гајле, нека се грижи некој друг за тоа, ние сме само зрнце во целиот процес.

Иако и тоа е малку идиотско според мене, да го прифатам како вистина. Што станува со муабетот на Зевсус, ние (чим е за МКД) живееме во земја со просечна плата од 250 евра, зар не би требало човек силно да размисли дали може да му обезбеди среќен живот на своето дете. Ќе рече некој важна е љубовта. Секако дека е важна, ама важно е и потсмевањето на другарчињата дека син ти носи патики од Шутка, но, важна е љубовта, која родителот ја чувствува, детето... не е важно нели? Себично размислување, како и првичниот став, “ми е гајле за планетата“.

Секако дека ова не е тема која е приоритет, и ако не ја решиме светот ќе пропадне, има далеку по важни нешта, но навистина, се раѓаат повеќе од две деца заради љубов или заради “кому иде“?!
Уопште на тебе лично не ти се обраќав (ова за првата реченица). Не си прв шо ја покренал дилемата, твоево е само рефлексија на срање кое со децении се одвива, па не зимај при срце. Озбилно.

А, ако ти на мене ми се обраќаш за игнорантскиот став кон планетата, на погрешна особа си го насочил коментарот, затоа што сум некој е итекако свесен и внимава дали непотребно користи води, дали непотребно троши електрична енергија, какви дезодоранси (дали со ЦФЦ или не) употребува и сл.

И сега малку околу еколошката свест:
Ако било кој е толку загрижен за планетата, нека не користи обични сијалици, нека не уклучува климатизер, нека користи само јавен превоз, нека користи био-разградливи детергенти, нека биде штедлив со водата, нека не купува пластика...ехе, милион ствари може секој поединец да направи, и тоа ствари кои ќе и помогнат многу повеќе на земјата, отколку тоа што нема да има деца.

Знаеш уствари што искрено ме курчи, али онака ми паѓа мрак пред очи од гнев...
Не се гледа големата слика, не се гледа зошто земјата е загадена и зошто нема доволно храна за сите...се нема желба ни ситни секојдневни удопствија да се скратат...али затоа ќе ја ускратуваме најбезусловната љубов кај човекот, онаа најблиската до совршената љубов...љубовта на родител и дете.

Па, ако тоа не е неуроза и дехуманизираност, не знам што е.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сето ова може да биде причина,зависи кај кого како.
Сега очекуваме принова-трето дете кај мои роднини.
Кај нив прилината е дека имаат две машки па сакаат девојче,дали ке им се исполни желбата ке видиме.Ете ти причина за трето дете.


А ти колку би сакал да имаш??Едно,две...
(Да кажеме дека имаш услови да ги одгледаш)
И ако се случи и за трето што ке правиш??
Ке го имаш или...ќе мислиш на светот?

Не добив одговор...
Значи причината е дека они си исполнуваат некоја своја желба, не раѓаат од љубов кон детето, туку воспоставуваат фамилијарен баланс. Тоа ми е тотално непромислено.

Одговор, не знам шо да ти одговорам, еве искрен ќе бидам колку можам. Јас не сакам деца во моментов, можеби за пола година ќе сакам петнаесет. Дали ќе мислам на светот, не... но ќе мислам на децата, каде ги раѓам, каде ги одгледувам, и што тие ќе живеат. Да родиш денес дете е ко да си израснал и самиот во пеколот, врска нема љубовта која ја протежирате, кога стварно би го сакале, би рекле “заеби, не го пуштам ја у овој свет на лудаци“. Само, нормално... сигурно би бил далеку пофлексибилен и пореален од тоа шо сум на форум, емоции се у прашање тогаш, не разум... иако ептен ни е потребен.
Quark напиша:
Istata koja e so vtoroto dete be druze. Zosto da imam vtoro a da nemam treto?
Mene stvarno ne mi e jasno zosto toa vtoro vekje se apsorbira od masata kako nekoja granica. Zosto da ne bide granicata tretoto?
Зашто две деца се пополнување на минимумот. Трето дете е веќе зголемување светска популација.
Луси Лу напиша:
Интересно малку баланс и рамнотежа дур ови првите две ќе се караат, ова ќе изигрува спроведувач на мир и ќе имаме полполна маса за ручек, особено во подоцнежните години.
Значи целата поента во раѓањето на третото дете е некоја визија за џагор на маса во доцна вечер. А тоа што голема е веројатноста капиталистичкиот систем да ти го проголта детето да биде роб на работа и да не го видиш воопшто со недели? И не ми викај генерализација, погледни како ти живееш, и размисли како тоа ќе се одвива понатаму, и колку поотуѓени ќе станеме. Љубовта ја нема, го раѓаш и го фрлаш, немаш време за него, работиш цел ден, го гледаш за викенд, ко да си разведена а старателство не ти е доделено. Мизерија.
ada напиша:
Знаеш уствари што искрено ме курчи, али онака ми паѓа мрак пред очи од гнев...
Не се гледа големата слика, не се гледа зошто земјата е загадена и зошто нема доволно храна за сите...се нема желба ни ситни секојдневни удопствија да се скратат...али затоа ќе ја ускратуваме најбезусловната љубов кај човекот, онаа најблиската до совршената љубов...љубовта на родител и дете.

Па, ако тоа не е неуроза и дехуманизираност, не знам што е.
Токму љубов е она кое не го даваш со таквиот став. Нема љубов во “ќе родам повеќе деца“. Љубов има во “едно имам, ама го сакам најмногу на светот“.

И од каде идејата дека некој води некаква кампања одамна, никогаш немало никаква кампања. Да, има истражување кое вели дека повисоко образуваните личности потешко се решаваат на потомство, и тоа беше у времето на Југославија. Сега имаш кампања за раѓање деца, шо ми е исто така насфатливо. Гладни сме, боси и голи, ама ако, раѓајте. Епа тоа ако не е напад на интелигенцијата на човекот и перење мозок, не знам шо е?
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.879
Поени од реакции
20.505
Значи причината е дека они си исполнуваат некоја своја желба, не раѓаат од љубов кон детето, туку воспоставуваат фамилијарен баланс. Тоа ми е тотално непромислено.

Одговор, не знам шо да ти одговорам, еве искрен ќе бидам колку можам. Јас не сакам деца во моментов, можеби за пола година ќе сакам петнаесет. Дали ќе мислам на светот, не... но ќе мислам на децата, каде ги раѓам, каде ги одгледувам, и што тие ќе живеат. Да родиш денес дете е ко да си израснал и самиот во пеколот, врска нема љубовта која ја протежирате, кога стварно би го сакале, би рекле “заеби, не го пуштам ја у овој свет на лудаци“. Само, нормално... сигурно би бил далеку пофлексибилен и пореален од тоа шо сум на форум, емоции се у прашање тогаш, не разум... иако ептен ни е потребен.

Зашто две деца се пополнување на минимумот. Трето дете е веќе зголемување светска популација.

Значи целата поента во раѓањето на третото дете е некоја визија за џагор на маса во доцна вечер. А тоа што голема е веројатноста капиталистичкиот систем да ти го проголта детето да биде роб на работа и да не го видиш воопшто со недели? И не ми викај генерализација, погледни како ти живееш, и размисли како тоа ќе се одвива понатаму, и колку поотуѓени ќе станеме. Љубовта ја нема, го раѓаш и го фрлаш, немаш време за него, работиш цел ден, го гледаш за викенд, ко да си разведена а старателство не ти е доделено. Мизерија.

Токму љубов е она кое не го даваш со таквиот став. Нема љубов во “ќе родам повеќе деца“. Љубов има во “едно имам, ама го сакам најмногу на светот“.

И од каде идејата дека некој води некаква кампања одамна, никогаш немало никаква кампања. Да, има истражување кое вели дека повисоко образуваните личности потешко се решаваат на потомство, и тоа беше у времето на Југославија. Сега имаш кампања за раѓање деца, шо ми е исто така насфатливо. Гладни сме, боси и голи, ама ако, раѓајте. Епа тоа ако не е напад на интелигенцијата на човекот и перење мозок, не знам шо е?

Добро значи ако се случи да се нафати некој на трето дете е мизерија или јас нешто не разбирам?
Време сега имам доволно за двајцата и покрај тоа што сум на работа, мислиш дека родителот се оддалечува од детето, јас мислам дека е обратно, децата можат без родителите, оваа другава страна е куса без деца верувај, еве ќерка ми сега ќе тргне во прво одделение знаеш колку е преокупирана, како и што ќе биде, што се ќе научи, колку другарки и другари ќе има, па кој се ќе и дојде на роденден, па колку учителката ќе ја пофали ако е умна и ако сработи се како што треба?
Таа веќе не се секира за мене и дали јас ќе се вратам порано, има веќе друга преокупација да со нејзините 6 години, а и малото не е подалеку, уште сега замислува какви ќе му бидат играчките во градинка и колку се фломастери и водени боици ќе има, мама и тато веќе доаѓаат како втора точка од нивниот живот, бебињата се најнужни за родител, веќе кога осознава и кога претстои новост и предизвик нема дали ќе си дојдеш мамо порано? Значи се си носи свое, а мизеријата што ја спомнав многу некако долно ми произлезе во очиве и навредливо да не речам, не ги гледам јас работите како ти, јас растам мислам со тоа што ќе донесам на свет наше бебенце како 5ти член од фамилијата, не е за џагорот за срцето колку ти е големо е Виктор.



А за на владата проектите не раѓам деца кратко и јасно да не должам.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
заеби, не го пуштам ја у овој свет на лудаци“.

Ех,колку пати сум го помислувала тоа.
Потоа се вракаш во реалноста и си велиш-животот е убав,сакам деца,мили слатки неодоливи деца.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Токму љубов е она кое не го даваш со таквиот став. Нема љубов во “ќе родам повеќе деца“. Љубов има во “едно имам, ама го сакам најмногу на светот“.

И од каде идејата дека некој води некаква кампања одамна, никогаш немало никаква кампања. Да, има истражување кое вели дека повисоко образуваните личности потешко се решаваат на потомство, и тоа беше у времето на Југославија. Сега имаш кампања за раѓање деца, шо ми е исто така насфатливо. Гладни сме, боси и голи, ама ако, раѓајте. Епа тоа ако не е напад на интелигенцијата на човекот и перење мозок, не знам шо е?
Зошто "квантитетот" упорно го нагласуваш?
И како бе нема љубов во "ќе родам повеќе деца"?
Сум имала едно, на пример, го обожавам, сега ќе имам уште едно...уште толку могу дадена и возвратена љубов...па трето..фактот дека сакам да се грижам и да ги љубам тие создаднија е дефинитивно и само дисплеј на љубов.

Уште малку ќе не убедиш дека сите шо имаат повеќе од едно дете ги раѓале ради реда, и не ги сакаат:nesum:

Исто у контекст на првичниот пост...се дур имам љубов и сум способна да се грижам, дали ќе имам 1 или 10 деца и моја ствар, и со истата ама баш никако не штетам на Земјава.

И реши се...Проблемот е наталитетот, односно опасноста која секое дете ја претставува за Мајката Земја, немањето пари за издржување на деца, млаките емоции кои тие деца ги добиваат...што најмногу те мачи во целата ситуација со децата?

За крај, маестро George Carlin :wub:

P.S
Не мислев на кампањи на телевизија. Зборам за глобални тенденции, кои нема простор да ги разглабам на темава.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
една проф. ни објаснуваше зошто е подобро да се има повеќе деца, еве на пример ако се три деца најголемото учи, а средното не учи. е сега ова што е најмало ќе види како е подобро дали да учи како тој постариот го гледа успева во животот или да не се учи, после ако не учи нема ни работа се мачи. и ова ќе направи разлика и ќе увиди што е подобро во животот. А ако се две деца нема како да направиш разлика. ама во денешно време сите имаат по едно или најслиа две деца ретко кого познавам да има трето или четврто дете.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Добро значи ако се случи да се нафати некој на трето дете е мизерија или јас нешто не разбирам?

Значи се си носи свое, а мизеријата што ја спомнав многу некако долно ми произлезе во очиве и навредливо да не речам, не ги гледам јас работите како ти, јас растам мислам со тоа што ќе донесам на свет наше бебенце како 5ти член од фамилијата, не е за џагорот за срцето колку ти е големо е Виктор.
Мизерија е Луси сликата која ја живееш ти, јас, сите ние. Имаш две деца, и трето на пат кои тврдиш дека ги сакаш најмногу на светот, но имаш време само да ги гушнеш еднаш дневно пред спиење. Тоа ти личи на нормална ситуација?

И немој да ме гледаш попреку така и да се мрштиш, хеј, јас сум комунист, навивач на Вардар, слушам рап музика, ќе се разидеме по илјада и една тема, тоа не значи дека те сметам за ненормална, само имаме различен став, кој не мора да е исправен ни кај мене ни кај тебе. :helou:
ada напиша:
Зошто "квантитетот" упорно го нагласуваш?
И како бе нема љубов во "ќе родам повеќе деца"?
Сум имала едно, на пример, го обожавам, сега ќе имам уште едно...уште толку могу дадена и возвратена љубов...па трето..фактот дека сакам да се грижам и да ги љубам тие создаднија е дефинитивно и само дисплеј на љубов.

Уште малку ќе не убедиш дека сите шо имаат повеќе од едно дете ги раѓале ради реда, и не ги сакаат

Исто у контекст на првичниот пост...се дур имам љубов и сум способна да се грижам, дали ќе имам 1 или 10 деца и моја ствар, и со истата ама баш никако не штетам на Земјава.

И реши се...Проблемот е наталитетот, односно опасноста која секое дете ја претставува за Мајката Земја, немањето пари за издржување на деца, млаките емоции кои тие деца ги добиваат...што најмногу те мачи во целата ситуација со децата?

За крај, маестро George Carlin
Еј се запна земјата па земјата. Пренаселена е, а деца не раѓаат луѓето затоа што им е мерак туку заради шаблон. За истото време, умираат од глад, родителите не се грижат за нив, и успат целата планета ја претвараме у дел од StarCraft каде све е бетонско за да можат сите милијарда милијарди да одат по улица.

Инаку, кога си Џорџ, има да ти каже нешто и во врска со децата и Великите родители... :icon_lol:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Мизерија е Луси сликата која ја живееш ти, јас, сите ние. Имаш две деца, и трето на пат кои тврдиш дека ги сакаш најмногу на светот, но имаш време само да ги гушнеш еднаш дневно пред спиење. Тоа ти личи на нормална ситуација?
Понормална здравје. :) И многу повесела него да си дојдеш дома и да го гушнеш лап топот или шоидае средство. Ако гушкањето можеш да го помножиш пута три може да збориме за се`, само за мизерија не. :)
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
Трн, на неколку пати во постот напишав светот, ова не е тема за националистички муабет. Македонија нема никаква врска со темата, да не бидеме толку ограничени во размислувањата.
mu ja promasuvas poentata
na ova makedonsko podnebje mortalitetot e pogolem od natalitetot
што значи дека ние сме далеку од оној процент 20.3, ние одиме некаде во минус, според мене многу е на место постот на трнот зошто ако се водиме по глобаллистичко гледање ќе треба да „увеземе“ жители за да не ни остане државава празна
и да нашите 2 милиона не влијаат ама баш во ништо во светов затоа и тоа не е наша грижа
чисто за споредба: Тајван е од прилика колку Македонија по површина а сепак има 20 милиони жители, можам уште вакви примери да ти набројам да ја споредувам нашата држава дури и со градови за да видиш дека ние имаме премал удел во тоа за да смениме било што
а од национални побуди правилно е да размислуваме дури и за 4 деца а не за 3
се надевам ме сфати
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Еј се запна земјата па земјата. Пренаселена е, а деца не раѓаат луѓето затоа што им е мерак туку заради шаблон. За истото време, умираат од глад, родителите не се грижат за нив, и успат целата планета ја претвараме у дел од StarCraft каде све е бетонско за да можат сите милијарда милијарди да одат по улица.

Инаку, кога си Џорџ, има да ти каже нешто и во врска со децата и Великите родители... :icon_lol:
Ја почињаш темата со земјата и нејзината пренаселеност, го повторуваш тоа...и после ја запињам. Ок.

Пак ќе си повторам дека има доволно простор, храна, вода и воздух за уште луѓе...проблемот е у расподелбата и ебаниот себичен капитализам.

Иначе, Виктор ...имаш секс ради нагонот (ради реда, шо би рекол) или имаш ради задоволството и чувствата кои се јавуваат? А, можда ипак се и двете у комбинација?
Кога јадеш...Јадеш само зошто мораш, или мозокот ти лачи нешто што ствара и задоволство?

И инстинктот за репродукција е таков...дел гол, вроден нагон, дел неверојатно посебни чувства (различни од оние кај првите два примера)

Ако тебе потребата како инстинкт ти смета, онда прекини и да имаш секс и да јадеш...пошо и они се прават "ради реда" делумно.

Човече, сфаќаш дека ставаш у ист кош и некоја 15 годишна цура која си оставила дете пред нечија врата, и мајка алкохоличар која има три деца и некој кој има 5 деца и навистина ги љуби и се грижи за нив...Стално има девијации...Али тоа не го прави родителството лоша навика по default.

Твојов муабет уше малку ќе испадне ко оној оne-linerot:
Save the planet, kill yourself.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.879
Поени од реакции
20.505
Понормална здравје. :) И многу повесела него да си дојдеш дома и да го гушнеш лап топот или шоидае средство. Ако гушкањето можеш да го помножиш пута три може да збориме за се`, само за мизерија не. :)
Ми го зема зборот Бети, да не се повторувам тука е поентата :smir:
 
N

n/a

Гостин
Земајќи предвид дека ни еден од вас дискутантите тука не е циган :)
(лично се познаваме,нема двојба дека е така),
и земајќи предвид дека имате силна желба да имате повеќе од три деца,
(за што ве поздравуем),
јас ви препоручуем да не губите време и да се зафатите за работа час поскоро.
:)
Не мислев на sex ... полека.
Влезот за толкава инвестиција во поколение е две илјадарки (у еври) месечно
соодветно...
ќе мора бааги да си го запотите газето за да може да си дозволите да ги имате. :wink:
Bonus auspecis.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Понормална здравје. :) И многу повесела него да си дојдеш дома и да го гушнеш лап топот или шоидае средство. Ако гушкањето можеш да го помножиш пута три може да збориме за се`, само за мизерија не. :)
Али у времето додека ти работиш децата ти ги воспитуваат други. Тоа е мизеријата. Секако дека е поубаво да дојдеш дома да гушнеш нешто живо, па макар мачка било, али има поголема сатисфакција у тоа да гушнеш 5 место едно?
аце_шваба напиша:
na ova makedonsko podnebje mortalitetot e pogolem od natalitetot
Муабетот е глобален, не локален.
ada напиша:
Твојов муабет уше малку ќе испадне ко оној ne-linerotЧ
Save the planet, kill yourself.
:icon_lol: Колку и да е тоа дебилно, навистина и на тоа мислам.

Ада, некаде се разидуваме во поентите најверојатно, ама нема везе, ќе пробам пак. Јас искрено, не можам да ја разберам опсесивната потреба на луѓето да раѓаат илјадници деца. Токму оној фактор кој го спомна, дека не сме животни, би требало тоа да ни го наметне.

Знаеш, ако постојано јадеш грав, треба да бидеш свесен дека еден ден тоа ќе се одрази на твојот организам и ќе умреш, без разлика што обожуваш грав. Треба човек да биде свесен дека не може да прави што сака на овој свет и да се вади на некој изговор.

Едноставно, сметам дека имаме премногу луѓе, и немаме визија каде тоа не носи. Како што и Џорџ Карлин у твоето видео вика, The planet is just fine, the people are fucked. Суровиот капитализам, да, токму тој е проблемот, кој за да западњачките деца имаат пелени ќе ја измрцвари пола африка, а за да имаат детски најк патики, цела Азија.

Љубовта на човекот, љубовта кон децата, ја разбирам, и поддржувам, но кога во еден момент ќе дојде тоа да биде нереално и да пречи на други полиња треба малку да застанеме, и да помислиме дека претеруваме.

Упорно сите на темата кои не го делат моето мислење, се осеќаат директно нападнати, као јас токму нив да сакам да им ги земам децата, или ги обвинувам дека ги имаат. Прво, нагласив неколку пати дека е ова глобален проблем, второ, да, и ние сме дел од светот. Но, колку и да се децата најголемо богатство, не значи дека ако не сме го родиле дека сме го убиле. Премногу сме луѓе... пази ја сликава...
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Земајќи предвид дека ни еден од вас дискутантите тука не е циган :)
(лично се познаваме,нема двојба дека е така),
и земајќи предвид дека имате силна желба да имате повеќе од три деца,
(за што ве поздравуем),
јас ви препоручуем да не губите време и да се зафатите за работа час поскоро.
:)
Не мислев на sex ... полека.
Влезот за толкава инвестиција во поколение е две илјадарки (у еври) месечно
соодветно...
ќе мора бааги да си го запотите газето за да може да си дозволите да ги имате. :wink:
Bonus auspecis.
Факт е дека има непланирана бременост, и при таква ако се создаде побројно поколение - што со него ако ја исклучиме опцијата абортус? :)
Имало и ќе има случаи каде тие деца се раѓаат и со помош на баби и дедовци се одгледуваат. :)
Пред некоја година и јас се залагав за тоа, искрено и сеуште стојам на тоа дека не треба да го создадеш ако не можеш да се грижиш за него, ама ми се чини дека некако се губиме кај моментот создавање доволно квалитетни услови за дете.
 
N

n/a

Гостин
..., ама ми се чини дека некако се губиме кај моментот создавање доволно квалитетни услови за дете.
Ти ко бивша да си ми... ? :)
пошто мојот одговор (и договор)
одувек бил:
Моето дете ќе има СЕ
и на време (не со закаснуење).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom