Дали треба да имаме повеќе од две деца?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Da, на начинот на кој живееме т.е се однесуваме (технолошки развој, глобализација итн) планетава не може да издржи волкаво население.
Докажано е, поради што е потребно итно пронаоѓање на алтернативни начини на енергија, која би била одржлива, со цел да се запре зависноста од фосилните горива, кои и онака се се помалку, а и кои предизвикуваат натамошно уништување на планетата (дезертификација - поплави, озонска дупка, топење на ледниците, намалување на обработливата почва, болештиње итн).

Оној под тебе рече дека а најдобро да се има едно до две деца поради поголемото внимание кое може да им се посвети! неточно, ако можеш на едно, можеш и на три или четири и повеќе, доколку се науми.
Where there is a will there is a way!

Плус, три деца се биолошка позитивна нула (Бацил може појасно за тоа)!
Важно е да се направи разграничување, дистинкција помеѓу:
a) едноставно нема доволно природни ресури и тоа е непроменлив факт;

б) распределбата на ресурси и нивното експлоатирање се нерамномерни и несоодветни;

Вториот случај јасно говори дека преку алтернација, промени во распроделбата и користењето на ресурси (која мора да влече корен од промена во доминантниот општетсвен систем, односно капитализмот и неговата нова колонизација, т.е глобализацијата) може да има сосема доволно резерви и за дупла бројка на население.

Сметам дека хистериите и создавањето паника од типот "напрај си хистероктомија/вазектомија или наеба светот" се вештачки и неосновани.
А, за нивните мотиви воопшто нејќам ни да зборам.

Интересно:

Жена која е загрижена за околината,засегната од глобалното затоплување и озонската дупка прави се што е во нејзина можност барем да придонесе да се спречат,рециклира,внимава колку гориво троши,штеди електрична енергија и вода,СЕПАК доколку донесе на свет две деца ќе додаде 40 пати повеќе јагленороден диоксид отколку што успеала да “збрише“ со нејзините секојдневни навики :изненадено: .
Навистина интересен резон.

Кога последен пат проверив, екологијата подразбираше создавање на најдобри услови за човекот, кој би битисувал во хармонија со светот околу него, а не елиминирање на човекот како "еколошки непосакуван продукт".

Ах, што прави американска тв-анксиозност.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Сметам дека хистериите и создавањето паника од типот "напрај си хистероктомија/вазектомија или наеба светот" се вештачки и неосновани.
А, за нивните мотиви воопшто нејќам ни да зборам.
Јок, не може дупло. Ни кога би се распределиле ресурсите. Едноставно планетава не е предвидена за повеке од 4-5 милијарди, а ние сме седум.
Инаку, нашиот брз развој ги надминува природните елиминации за балансирање и рамнотежа, но, како и досега, така и овојпат, природата сама ќе најде и изнајде начин да го поврати балансот.
дали преку катаклизма (ново ледено доба, пореметување на климата - имено рапиден climate shift), дали преку некоја нова неизлечива болест каде само мал процент на луѓе ќе преживеат поради вроден имунитет, дали сами ќе се истребиме или преселиме на некоја друга планета, небитно, но ќе се случи.
Поради тоа велам, нема врска прашањето на темата, треба да се имаат деца, бидејќи тие се она поради кое постоиме, се останато е гола вода.

П.С. Златно мое Адуле, ниту планирам, ниту би терал некој да се вазектомира или хистеректомира бидејќи дебилно е тоа. :)

П.П.С.

Humankind as once the peak
has fallen deep beneath
as the pinnacle of the nature's own creations bliss
we became the scourge of the planet,
a plague and pale riders,
riding forth with banners high
destroying each and all in our wake,
For my name is Man,
and
My name is Legion
and
We are many!
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Оној под тебе рече дека а најдобро да се има едно до две деца поради поголемото внимание кое може да им се посвети! неточно, ако можеш на едно, можеш и на три или четири и повеќе, доколку се науми.
Where there is a will there is a way!

Плус, три деца се биолошка позитивна нула (Бацил може појасно за тоа)!
Неточно оти си машко.
Од машка страна изгледа друго.
Со модерниов начин на живеење,две деца се таман,ако меѓувреме се случи да треба да се роди и трето и четврто...зошто да не??
Ич не ме гајле за светот...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не суди, за да не ти судат!

Светот ќе се опраи, со или без нас, ама јас тврдам дека децата се богатство, единственото вистинско богатство. Сакаш да бидеш богат, ќе имаш повеќе деца, а сакаш ли "да биде твое царството небесно", немој, оти само така се останува сиромашен по дух, со немање богатство.
 
N

n/a

Гостин
Ај овака:
Прво, у наредни пет години немам у план да имам ни едно дете.
Не ми е на дневен ред.

Второ,коса ми побеле кога едно другарче пред некоја недела ми рече дека чека не едно,не две...
него три деца.
Човече...
па тоа е минимум 1000 еу на месец стартно.
(три колички,три креветчиња,две соби,сместа поголема кола,жена што помага пошто има да ја раштрафат жена ми она трите багабонти ако не е така,памперси и јадења,прегледи и болнички трошоци ич па и да не спомнуем).

Со секоја година тие трошоци перманентно ќе растат.
(плафонот не е познат).
Многу е куме...
стварно е многу.
:toe:

Не суди, за да не ти судат!

Светот ќе се опраи, со или без нас, ама јас тврдам дека децата се богатство, единственото вистинско богатство. Сакаш да бидеш богат, ќе имаш повеќе деца, а сакаш ли "да биде твое царството небесно", немој, оти само така се останува сиромашен по дух, со немање богатство.
Одувек си бил филозоф...
нек си е.е...
Погледни од...
реалната и практична страна.
Деца да...
ама тек одкога е се на свое место!
По конац (црвен и свилен :) ),хехехе. :smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Јок, не може дупло. Ни кога би се распределиле ресурсите. Едноставно планетава не е предвидена за повеке од 4-5 милијарди, а ние сме седум.
САД кој, само како илустрација, фрла/уништува тони и тони домати (ова е еден од низата податоци од тој тип, ќе го побарам и официјалниот извор) за да количината одговара на некои годишни пресметки, упорното одбивање да се имплементираат одредени еко стандарди и алтернативни енергетски ресури (што резултира со загадување на водата, почвата воздухот и исцрпување на конвенционалните енергенси)...сето ова ми вели дека и храна и вода и простор има сеуште доволно...нема само свесност која би ја контролира автодеструктивната алчност што е во самата срж на обезчовечениот капитализам.

Уште повеќе...Ние само претпоставуваме дека земјата едноствано не може да не издржи...Неоспорни факти за тоа нема. Све се хипотетички муабети.
А, јас би рекла и капиталистичко создавање масовна хистерија.
Инаку, нашиот брз развој ги надминува природните елиминации за балансирање и рамнотежа, но, како и досега, така и овојпат, природата сама ќе најде и изнајде начин да го поврати балансот.
дали преку катаклизма (ново ледено доба, пореметување на климата - имено рапиден climate shift), дали преку некоја нова неизлечива болест каде само мал процент на луѓе ќе преживеат поради вроден имунитет, дали сами ќе се истребиме или преселиме на некоја друга планета, небитно, но ќе се случи.
Поради тоа велам, нема врска прашањето на темата, треба да се имаат деца, бидејќи тие се она поради кое постоиме, се останато е гола вода.
Се слагам со ова.

Развој и долговечност, да има...Но, има и природни непогоди, вируси, хомосексуалност која се повеќе шири...Се на се има природен баланс, кој секојпат одново сам си се грижи за сопствената рамнотежа. Улогата на човекот, вака или онака, станува второстепена во тој процес.


П.С. Златно мое Адуле, ниту планирам, ниту би терал некој да се вазектомира или хистеректомира бидејќи дебилно е тоа. :)
Тоа не беше наменето директно кон тебе, туку кон општата реторика на темава, која ја засилува смешната и непотребна анксиозност на современиот западен човек.

Реторика која е толку дехуманизирана, обезчовечена, што веќе не знае што да измисли (макар тоа било и "бидете добри земјани, не раѓајте деца") само за да си го потсмири неопределениот егзистенционален страв и неуроза.
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
ако може тие деца да се исхранат и имаат место каде да бидат среќни, да
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Реторика која е толку дехуманизирана, обезчовечена, што веќе не знае што да измисли (макар тоа било и "бидете добри земјани, не раѓајте деца") само за да си го потсмири неопределениот егзистенционален страв и неуроза.
:pos: Ја сум Voice of America а? :)

Види, според моите размислувања (а растев у комунистички систем, па у транзиционен каде веќе базата ми беше поставена) разбирам зошто луѓето сакаат деца. Тие се најголемата радост, веројатно, така викаат. Но никако не можам да го прифатам (иако и тоа разбирам) игнорантскиот став од типот, што ми е мене гајле, нека се грижи некој друг за тоа, ние сме само зрнце во целиот процес.

Иако и тоа е малку идиотско според мене, да го прифатам како вистина. Што станува со муабетот на Зевсус, ние (чим е за МКД) живееме во земја со просечна плата од 250 евра, зар не би требало човек силно да размисли дали може да му обезбеди среќен живот на своето дете. Ќе рече некој важна е љубовта. Секако дека е важна, ама важно е и потсмевањето на другарчињата дека син ти носи патики од Шутка, но, важна е љубовта, која родителот ја чувствува, детето... не е важно нели? Себично размислување, како и првичниот став, “ми е гајле за планетата“.

Секако дека ова не е тема која е приоритет, и ако не ја решиме светот ќе пропадне, има далеку по важни нешта, но навистина, се раѓаат повеќе од две деца заради љубов или заради “кому иде“?!
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Oд една страна светот е пренаселен и се бара намалување на наталитетот. Освен ако нема некој строг закон и казни (како во Кина) за едно дете, јас не би сакала да чувам едно. Никогаш не сум сакала едно дете. Тоа дете ќе е разгалено, себично, центар на внимание итн. То е то немам посебно добро мислење за единчињата :)
А од друга страна Македонија треба да го зголеми наталитетот. Е како јас да чувам 4 деца со 250 евра просечна плата? Порано раѓале 5-10 деца, ама живеат низ села, потребна им е снага за работа, по малку за сите и ќе се снајдат поонатаму секој со своја среќа.
А денес живееме во општество каде парите го вртат светот. На едно дете треба да му обезбедиш најмалку основно и средно образование, а потоа и факултет. Како 4 деца да пратиш во исто време на факултет? Па и 1000 евра да зимаат родителите месечно за исхрана, сметки, облека, 4 студенти (нека бидат 2 средношколци и 2 студенти сеедно) дома кои сакаат и излегувања, одмори, забава нема да се издржи. Бар многу тешко во Македонија. Ретки се семејствата во Македонија со поголем број дечиња кои живеат во солидни услови. Повеќето бројни семејства се на прагот на преживување.
Така да јас ако имам деца сакам да им обезбедам бар солидни услови. Не планирам да ги родам и да им речам ај сега секој со своја среќа. Плус да чуваш 4 деца и да работиш да бидеш сопруга, мајка, вработена жена, домаќинка е невозможно. А и од една плата од еден родител е премала за нормален живот.
Така да во овие рецисии и во оваа сиромаштија не планирам да имам повеќе од две деца. Не е едно дете да е само и без братче/сестриче да не му ја дозволам таа среќа да го има најдобриот пријател во животот, ама не се ни три деца кои се потешки и тоа многу за воспитување и за обезбедување добар живот. Златна средина се две деца.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Поради тоа велам, нема врска прашањето на темата, треба да се имаат деца, бидејќи тие се она поради кое постоиме, се останато е гола вода.
Светот ќе се опраи, со или без нас, ама јас тврдам дека децата се богатство, единственото вистинско богатство.
Ова е многу добро кажано, кога ќе остари човек ќе сфати дека не ради друго, ова е она што ќе остане од него. Не забавите, пиењето, животот (тоа ќе му е сатисфакција)...децата се битни.

Но и Ла Лока е во право со оваа нејзина изјава
хм да ако имаме можност за да ги чуваме ко на пример финансии, место дом...
Сепак парите определуваат многу работи па и тоа. Поранешните генерации можеби и не толку, но овој транзиционен период...кога за образование се плаќаат солидни суми (па дури и основно и средно-бесплатните, сепак треба средства), за стамбено згрижување исто така...финансиите...со постоечкиот стандард не може човек да овозможи подеднаков развој на децата ако ги има повеќе отколку што може да ги издржува.

Нозете до крајот на чергата.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
:pos: Ја сум Voice of America а? :)

Види, според моите размислувања (а растев у комунистички систем, па у транзиционен каде веќе базата ми беше поставена) разбирам зошто луѓето сакаат деца. Тие се најголемата радост, веројатно, така викаат. Но никако не можам да го прифатам (иако и тоа разбирам) игнорантскиот став од типот, што ми е мене гајле, нека се грижи некој друг за тоа, ние сме само зрнце во целиот процес.

Иако и тоа е малку идиотско според мене, да го прифатам како вистина. Што станува со муабетот на Зевсус, ние (чим е за МКД) живееме во земја со просечна плата од 250 евра, зар не би требало човек силно да размисли дали може да му обезбеди среќен живот на своето дете. Ќе рече некој важна е љубовта. Секако дека е важна, ама важно е и потсмевањето на другарчињата дека син ти носи патики од Шутка, но, важна е љубовта, која родителот ја чувствува, детето... не е важно нели? Себично размислување, како и првичниот став, “ми е гајле за планетата“.

Секако дека ова не е тема која е приоритет, и ако не ја решиме светот ќе пропадне, има далеку по важни нешта, но навистина, се раѓаат повеќе од две деца заради љубов или заради “кому иде“?!
А ти колку би сакал да имаш??Едно,две...
(Да кажеме дека имаш услови да ги одгледаш)
И ако се случи и за трето што ке правиш??
Ке го имаш или...ќе мислиш на светот?

Има родители што намерно сакаат повеке деца(иако се веќе ретки).
А има и што `несакајќи`имаат трето или четврто.
Реков јас-две деца,според мене се таман.Можеш да им овозможиш колку толку добар живот.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А ти колку би сакал да имаш??Едно,две...
(Да кажеме дека имаш услови да ги одгледаш)
И ако се случи и за трето што ке правиш??
Ке го имаш или...ќе мислиш на светот?

Има родители што намерно сакаат повеке деца(иако се веќе ретки).
А има и што `несакајќи`имаат трето или четврто.
Реков јас-две деца,според мене се таман.Можеш да им овозможиш колку толку добар живот.
Викторгг напиша:
Секако дека ова не е тема која е приоритет, и ако не ја решиме светот ќе пропадне, има далеку по важни нешта, но навистина, се раѓаат повеќе од две деца заради љубов или заради “кому иде“?!
Епа тоа и јас прашувам, која е поентата со третото дете, силна желба, незадржлива љубов, или едноставно, кому иде?
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Епа тоа и јас прашувам, која е поентата со третото дете, силна желба, незадржлива љубов, или едноставно, кому иде?
Сето ова може да биде причина,зависи кај кого како.
Сега очекуваме принова-трето дете кај мои роднини.
Кај нив прилината е дека имаат две машки па сакаат девојче,дали ке им се исполни желбата ке видиме.Ете ти причина за трето дете.


А ти колку би сакал да имаш??Едно,две...
(Да кажеме дека имаш услови да ги одгледаш)
И ако се случи и за трето што ке правиш??
Ке го имаш или...ќе мислиш на светот?

Не добив одговор...
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Епа тоа и јас прашувам, која е поентата со третото дете, силна желба, незадржлива љубов, или едноставно, кому иде?
Istata koja e so vtoroto dete be druze. Zosto da imam vtoro a da nemam treto?
Mene stvarno ne mi e jasno zosto toa vtoro vekje se apsorbira od masata kako nekoja granica. Zosto da ne bide granicata tretoto?
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.879
Поени од реакции
20.505
Епа тоа и јас прашувам, која е поентата со третото дете, силна желба, незадржлива љубов, или едноставно, кому иде?


Интересно малку баланс и рамнотежа дур ови првите две ќе се караат, ова ќе изигрува спроведувач на мир и ќе имаме полполна маса за ручек, особено во подоцнежните години. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom