Дали треба да имаме повеќе од две деца?

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Со оглед на тоа дека сакам да развијам дискусија по ова прашање, ќе бидам малку порадикален во ставовите.

Најпрвин фактите, земјата има седум милијарди жители. Има милијарда гладни според последните статистики. Некои делови од светот страдаат од пренатрупаност додека населението сеуште се зголемува за сметка на останатиот жив свет, вклучувајќи ги тука и животните и растенијата.

Значи, прашањето ми е, дали сметате дека и покрај очигледната потреба да го намалиме наталитетот (кој во моментов изнесува 20.3 односно речиси 150 милиони нови луѓе секоја година), ние сепак треба да се ослониме на некој навикнат систем дека треба да имаме најмалку две деца?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Јас ќе бидам уште порадикален од Виктор па ќе кажам дека ние во Македонија не сме воопшто било каков фактор кој ја зголемува светската популација, па затоа, тие кои се фактори, ако сакаат нека се стерилизираат уште од раѓање, па нека балансираат.

Во нашава земја морталитетот е поголем од наталитетот, па сходно на тоа ние не само што треба да имаме две, туку и повеќе!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Трн, на неколку пати во постот напишав светот, ова не е тема за националистички муабет. Македонија нема никаква врска со темата, да не бидеме толку ограничени во размислувањата.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Интересно:

Жена која е загрижена за околината,засегната од глобалното затоплување и озонската дупка прави се што е во нејзина можност барем да придонесе да се спречат,рециклира,внимава колку гориво троши,штеди електрична енергија и вода,СЕПАК доколку донесе на свет две деца ќе додаде 40 пати повеќе јагленороден диоксид отколку што успеала да “збрише“ со нејзините секојдневни навики :изненадено: .

Одсекогаш сум била за спасување на планетата и водење на здрав живот,меѓутоа ова со планирање на деца некако не ми иде баш од рака(сеуште).Според мене раѓањето на дете неможеш да го планираш(можеш знам ама за мене е несфатливо).
Здравје Боже еве ако имам ДУРИ и две деца,не сакам после нив да голтам апчиња за контрацепција или па да имам секс со маж ми со кондом!
Зборот ми е,иако сакам се ама баш се да ми биде испланирано во животот за оваа работа мислам дека нема никогаш да правам планови,едноставно ако се случи да забременам после второто дете,ќе си родам трето и ќе додадам 20 пати повеќе јагленороден диоксиод на планетата :фраерка: .
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Трн, на неколку пати во постот напишав светот, ова не е тема за националистички муабет. Македонија нема никаква врска со темата, да не бидеме толку ограничени во размислувањата.
1. Зборувам за државата а не за етничките групи.

2. Ако е за светот, што не ја отвори темата во „Свет, случувања“?

3. Како тоа нема врска? Па кого ти прашуваш овде?

Пак ќе кажам, ние(како држава, дел од овој свет) не сме ни молекулски фактор во зголемувањето на светската популација, ниту пак во намалувањето. Затоа, овој проблем нека си го решаваат земји како Кина и Индија кои се најголемите фактори во зголемувањето на светската популација. Исто така и арапскиот свет е во подем. Тука во Македонија, нема место за дискусија за тоа дали треба да придонесеме во балансирањето на брзо зголемениот прираст на светската популација. Како што реков, ниту сме фактор за зголемување, нит за намалување.

Е сега, ти ако ја отвораш темава како Кинез или Индиец, и тоа на форум во Кина или Индија, тоа е друго.
Интересно:

Жена која е загрижена за околината,засегната од глобалното затоплување и озонската дупка прави се што е во нејзина можност барем да придонесе да се спречат,рециклира,внимава колку гориво троши,штеди електрична енергија и вода,СЕПАК доколку донесе на свет две деца ќе додаде 40 пати повеќе јагленороден диоксид отколку што успеала да “збрише“ со нејзините секојдневни навики :изненадено: .
Ако не па, да почнеме светска кампања, баш од тука од Македонија „Save the planet, don't have children!“
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.879
Поени од реакции
20.505
Да речеме дека сум повикана на темава, бидејќи чекам трето дете....

Како и да е Виктор очигледно гледа на ниво на свет, бидејќи ако се работеше дека ние нешто придонесуваме тешко, ќе изумреше светот ако се размножуваа ко нас тука, проблемот е во милјардните држави, на кои им даваат подршка доколку останат на само 1 дете, како Кина итн, сепак незнам колку е тоа здраво и хумано арно ама, треба малку да се внимава и така и вака е пренатрупана земјава и секој ден слушаш како гладуваат на секаде и секакви катастрофи, и погуби на милиони луѓе и пак неможеме да се истребиме малку барем, што значи дека сепак станува збор за многу голем наталите на светско ниво и покрај сите неизлечиви болести кој секојденвни косат илјадници животи... ни нема крај.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
1. Зборувам за државата а не за етничките групи.

2. Ако е за светот, што не ја отвори темата во „Свет, случувања“?

3. Како тоа нема врска? Па кого ти прашуваш овде?

Пак ќе кажам, ние(како држава, дел од овој свет) не сме ни молекулски фактор во зголемувањето на светската популација, ниту пак во намалувањето. Затоа, овој проблем нека си го решаваат земји како Кина и Индија кои се најголемите фактори во зголемувањето на светската популација. Исто така и арапскиот свет е во подем. Тука во Македонија, нема место за дискусија за тоа дали треба да придонесеме во балансирањето на брзо зголемениот прираст на светската популација. Како што реков, ниту сме фактор за зголемување, нит за намалување.

Е сега, ти ако ја отвораш темава како Кинез или Индиец, и тоа на форум во Кина или Индија, тоа е друго.
Ќе го прифатам твојот коментар едноставно како “не се сложувам со твојот став“, и тоа е во ред.

Но, прашањето сеуште стои а причина за твојот став не гледам освен не сакам да се ограничам на две деца максимум. Нема проблем темата да биде отворена и во подфорумот свет, иако сосема јасно е дека не припаѓа таму, а исто така е неважно дали јас ќе бидам индиец или еским, ова е форум за дискусија по сите прашања, не е воено поле.

Сега, зошто треба или не треба да се има повеќе од две деца?
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Не треба за и тие две деца што ќе ги имаме да живеат на чиста и здрава планета,ама од друга страна пак растот на наталитетот во последниве години најмногу се должи на бременоста кај тинејџерките.

Е сега,зошто јас на пример како среќно омажена и личност која може да им обезбеди одлична иднина на своите деца да планирам колку од нив ќе донесам на свет?
Зошто некоја која уште не слушнала за контрацепција и кондом и незнае од каде влегува и излегува зошто таа да не планира,па нареден пат да се заштити и да допринесе за доброто на сите?
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Јас доколку ми дозволуваат приликите би имала и повеќе од две деца.
Доколку толку сме загрижени за глобалното затоплување и продукцијата на јаглерод диоксид во атмосферата зошто не извршиме едно масовно самоубиство па така ќе му направиме услуга на светот и ќе ја намалиме пренаселеноста а и ќе придонесеме од еколошки аспект.....
Според мене проблемот со пренаселеноста ќе се реши како и до сега....класично со војна.



Е сега,зошто јас на пример како среќно омажена и личност која може да им обезбеди одлична иднина на своите деца да планирам колку од нив ќе донесам на свет?
Зошто некоја која уште не слушнала за контрацепција и кондом и незнае од каде влегува и излегува зошто таа да не планира,па нареден пат да се заштити и да допринесе за доброто на сите?
Таа не планира затоа што како што кажа не слушнала за тоа и не може да планира,што и не е целосно нејзина вина.А и не можеме ние да кажуваме кој треба да има дете а кој не и кога треба да се случи тоа.....
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
хм да ако имаме можност за да ги чуваме ко на пример финансии, место дом...
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Таа не планира затоа што како што кажа не слушнала за тоа и не може да планира,што и не е целосно нејзина вина.А и не можеме ние да кажуваме кој треба да има дете а кој не и кога треба да се случи тоа.....
Не кажуваме ние кој треба да има деца.
Мене не ми смета ама оние кои го бараат виновникот убаво е да знааат дека тоа е факт-за растот на наталитетот во последните години во голема мера се “виновни“ тинејџерките.
Лек за тоа:сексуално образование во училиштата,абортус,апстиненција...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Со оглед на тоа дека сакам да развијам дискусија по ова прашање, ќе бидам малку порадикален во ставовите.

Најпрвин фактите, земјата има седум милијарди жители. Има милијарда гладни според последните статистики. Некои делови од светот страдаат од пренатрупаност додека населението сеуште се зголемува за сметка на останатиот жив свет, вклучувајќи ги тука и животните и растенијата.

Значи, прашањето ми е, дали сметате дека и покрај очигледната потреба да го намалиме наталитетот (кој во моментов изнесува 20.3 односно речиси 150 милиони нови луѓе секоја година), ние сепак треба да се ослониме на некој навикнат систем дека треба да имаме најмалку две деца?
Jebiga, se kotat ona indijcine, kinezine, indonezijcite vsusnost azijcine kako mrdnati, pa ima problem, inaku, ako edo nas evropejcite i amerikancite, svetov ke si bese v red so normalen rast.

Јас ќе бидам уште порадикален од Виктор па ќе кажам дека ние во Македонија не сме воопшто било каков фактор кој ја зголемува светската популација, па затоа, тие кои се фактори, ако сакаат нека се стерилизираат уште од раѓање, па нека балансираат.

Во нашава земја морталитетот е поголем од наталитетот, па сходно на тоа ние не само што треба да имаме две, туку и повеќе!
Treba, nie, a ne kinezine i idnijcite i indonezijcite koi se kotata beter od zajci i pokraj site usilbi toa da ne e taka (Kina vovede one family one child policy, ama ne uspea da ja sprovede nasekade)

хм да ако имаме можност за да ги чуваме ко на пример финансии, место дом...
Ma daj ne me nerviraj, se e niz prizma na pari, a??

Deca se pravat od ljubov i so ljubov, a ne za pari i so pari.

Dokurca od vakvi muabeti.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Прво би прашала...Има ли научно подржани факти дека природните ресурси не би издржале понатамошно зголемување на населението?
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Со оглед на тоа дека сакам да развијам дискусија по ова прашање, ќе бидам малку порадикален во ставовите.

Најпрвин фактите, земјата има седум милијарди жители. Има милијарда гладни според последните статистики. Некои делови од светот страдаат од пренатрупаност додека населението сеуште се зголемува за сметка на останатиот жив свет, вклучувајќи ги тука и животните и растенијата.

Значи, прашањето ми е, дали сметате дека и покрај очигледната потреба да го намалиме наталитетот (кој во моментов изнесува 20.3 односно речиси 150 милиони нови луѓе секоја година), ние сепак треба да се ослониме на некој навикнат систем дека треба да имаме најмалку две деца?
Малку е дволична темата.
Прво,ние не сме некој фактор за зголемувањето на наталитетот,општо во светот,тоа би го кажал секој од нас.

Второ,најдобро е да се има едно или две деца.
Можеш убаво да им обрнеш внимание,да се воспитаат,да се школуваат и се друго по ред.
Тоа е како златна средина-ни многу,ни малку.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Прво би прашала...Има ли научно подржани факти дека природните ресурси не би издржале понатамошно зголемување на населението?
Da, на начинот на кој живееме т.е се однесуваме (технолошки развој, глобализација итн) планетава не може да издржи волкаво население.
Докажано е, поради што е потребно итно пронаоѓање на алтернативни начини на енергија, која би била одржлива, со цел да се запре зависноста од фосилните горива, кои и онака се се помалку, а и кои предизвикуваат натамошно уништување на планетата (дезертификација - поплави, озонска дупка, топење на ледниците, намалување на обработливата почва, болештиње итн).

Оној под тебе рече дека а најдобро да се има едно до две деца поради поголемото внимание кое може да им се посвети! неточно, ако можеш на едно, можеш и на три или четири и повеќе, доколку се науми.
Where there is a will there is a way!

Плус, три деца се биолошка позитивна нула (Бацил може појасно за тоа)!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom