Како да пронајдам личност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Yo Blow
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 март 2008
Мислења
2.615
Поени од реакции
1.950
Возраст
36
Може малку и невообичаена тема ќе испадне оваа.

Ме интересира како може да видам кои деца се родени во ист период како и јас во општината во која живеам, бидејќи сакам да си ја пронајдам мојата посестрима.

Знам дека може да е од три села во околинава, и барам веќе долг период по пријатели кои девојчиња се родени во периодот кога сум и јас роден, но никако да ја пронајдам таа што ја барам.

Некој случајно да не знае каде да барам ?
 
Тоа треба да го бараш во матичната служба, во матичните книги за годината на раѓање која ти треба, во местото каде си (сте) роден(и).
Ама, таквите податоци се службена тајна, и како такви, нема да ти бидат презентирани.
 
фала. значи во матично да барам треба. ќе најдам некако, иам соселанин таму :smir:
 
Може малку и невообичаена тема ќе испадне оваа.

Ме интересира како може да видам кои деца се родени во ист период како и јас во општината во која живеам, бидејќи сакам да си ја пронајдам мојата посестрима.

Знам дека може да е од три села во околинава, и барам веќе долг период по пријатели кои девојчиња се родени во периодот кога сум и јас роден, но никако да ја пронајдам таа што ја барам.

Некој случајно да не знае каде да барам ?
Ова можеш во МВР да го најдеш, нормално ако имаш човек таму.
И што е тоа посестрима?
 
ти пише во постот над тебе :smir:
 
Го видов ова, ама што услови треба да исполнува за некој да ти е побратим/посестрима?

Ќе ти објаснам од искуство, може некој ќе ме дополни: дедо ми имаше ваков побратим или уште го викаше Св. Јован. Му беше другар од многу млад и беше во категорија меѓу роднина и кум (така меѓусебно се третираа и се почитуваа). Од кажување знам дека ова пријателство си го потврдиле и во црква, ама не знам кој точно ритуал се прави. Знам дека немаше никаква крвна врска меѓу нив и дека исклучително многу се почитуваа и беа меѓусебно присутни со фамилиите на сите битни заеднички настани. :)
 
Јас имам другар кој има побратим. Ми одговори дека го смета за побратим оти во иста вода биле крстени. Не се нешто многу блиски али онака имат респект еден за друг.
 
услови за некој да ти е побратим/посестрима - да сте крстени во иста вода или да сте пиеле млеко од иста жена, која не ви е мајка. посликовите нема
 
Нее битно како се станува побратим туку ако сакаш даја најдеш пиши пп можеби можам до помогнам
 
Интересна тема, јас сосема случајно досега најдов двајца од кои едниот т.е едната колешка од факултет родена на ист ден и со разлика од дестина минути во иста болница :D а не ми текнало онака да барам намерно.
 
Јас случајно се запознав со мојата посестрима, кратко се дружевме, ама некако карактерно не си одговаравме. Сега оддалеку едно ладно ,,здраво,, и толку.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom