Отец Ивица vs Дарвин

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Stulic
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ја што цитирав:
" абе деца ако науката била развиена ќе пронашла лекови....."
Мојот одговор беше насочен кон овој цитат..... И нигде не спомнав дека атеистите имаат монопол над науката, незнам од кај го ископа тоа:toe:
Па тоа дека во мрачниот среден век имало инквизиција ова она бла бла, точно е имало, ама имало и наука и колку и да изгледа примитивна од денешна гледна точка таа е претходник на скоро сите денешни откритија :toe:.
 
Атеист си по убедување? Ако е така тогаш си контрадикторна затоа што во потписот ти пишува дека си му покажала прст на Бога (претпоставувам кој). Значи длабоко во себе веруваш во Бога инаку не би му покажала прст на нешто што не постои :).

Е ај дообјасни се? Како не е исто кога двата зборови имаат исто или приближно исто значење :toe:.

gledas sepak e priblizno znaci,vernik si ako si pripadnik na odredena religija i gi prifakas isklucivo doktrinite na taa religija kako apsolutni vistini, a se ostanato tie laga so verata nikoj nemsee da si igra niti pak ima pravo da ja isprasuva nejzinata doktrina,a pak teist e covek kojsto prifaka postoenje na odredena visa sila dali toa e big ben, ili kosmicka energija ili pak nekoj drug vid na ubeduvanje toa e sepak drugo no sepak za niv postoi nekoja visa sila,no ne gi prifakaat doktrinite na niedna religija zatoasto bate ako gi prifatele tie doktrini kako apsolutni vistini nebi bile nobelovci:vozbud:

Па тоа дека во мрачниот среден век имало инквизиција ова она бла бла, точно е имало, ама имало и наука и колку и да изгледа примитивна од денешна гледна точка таа е претходник на скоро сите денешни откритија :toe:.

Да ам гледаш тука е големата разлика шо во тој среден век токму религијата го имала главниот збор и шо тие научници биле убивани бидејки нивните сваќања се коселе со тие на религијата ова нее само за римокатоличката црква тогаш богами главни биле, религиозните водачи а не владетелите дури се случувало и кралеви да бидат обезглавени ако некој религиозен водач го прогласел за еретик,значи сепак кочница а знаеш ли колку кочела самата религија можеш лидаси прдставиш колку понапредна би била цивилизацијата денес доколку не биле тие кочници со нивните апсолутни вистини поради кој се идело на клада само ако помислиш даги оспориш ??
 
Neemo, теист не е човек што верува во "виша сила", Биг Бенг или Космичка енергија, туку човек што верува во постоењето на Бог независно од која вероисповед.
Меѓу нобеловците имало и сеуште има луѓе кои верувале во Бог, христијани, кои цврсто верувале во Библијата.

И не е точно дека "апсолутните вистини" како што ги нарекуваш претпоставувам вистините во Библијата биле кочница за науката, туку тоа била Римокатоличката црква која речиси и немала допорни точки со Библијата и со изворното Христијанство кое што го проповедале Христос и апостолите. Оттаму сметам дека не е фер и објективно да му се префрла вина на второто заради првото.
 
Да ам гледаш тука е големата разлика шо во тој среден век токму религијата го имала главниот збор и шо тие научници биле убивани бидејки нивните сваќања се коселе со тие на религијата ова нее само за римокатоличката црква тогаш богами главни биле, религиозните водачи а не владетелите дури се случувало и кралеви да бидат обезглавени ако некој религиозен водач го прогласел за еретик,значи сепак кочница а знаеш ли колку кочела самата религија можеш лидаси прдставиш колку понапредна би била цивилизацијата денес доколку не биле тие кочници со нивните апсолутни вистини поради кој се идело на клада само ако помислиш даги оспориш ??
А бе знаеш како ти живееш во 21 век и си имаш проблеми кои што се реални за 21 век, од средниот век имаш сознание само од историски учебници кои сакале ние да признаеме или не се субјективно нешто затоа што се пишувани од најмногу неколку автори, и потоа сите останати ги препишуваат.
Е сега замисли ситуација паметен тип како тебе кој што живее во 24 век, чита историски податоци за 21 век, тој тип да се повторам живее во 24 век и има проблеми кои се реални во тој век и едноставно поим нема за проблемите кои што ние се соочуваме во 21 век. Тој тип ќе има исто мислење за 21 век какво што ти денес имаш за средниот век, и тој ќе труби суров капитализам алчни компании бла бла, а поим нема што всушност значи тоа...
 
Па тоа дека во мрачниот среден век имало инквизиција ова она бла бла, точно е имало, ама имало и наука и колку и да изгледа примитивна од денешна гледна точка таа е претходник на скоро сите денешни откритија :toe:.
Да, имало наука во секое доба, само црквата ги прифаќала оние делови нејзе што и одговарале, а другите бие отфрлени и прогласени дека шират ерес.
Ево ти пример со Коперник, потоа и со Галилео, нив ги обвинила инквизицијата... зашто?
Зашто повеќе нема клади, бесења, палења на денешните научници?
 
Да болести направени од истите тие научничиња кои што ми продаваат ефтини теории дека сме настанале од мајмуни, ЈБГ за тоа се платени.:smir:

И поповите зимаат пара за тоа што го работат, не волонтираат во Божјо име.
Научникот дава разумно објаснување, дава материјален доказ (вистинит или невистинит, не е важно), а црквата само цитира извадоци од Светото писмо и нема никаков друг аргумент со кој ја брани својата теорија.
 
Светото писмо е пишан документ за учењето на Бог, се што е потребно да се знае е содржано во Светото писмо, заради тоа е најцитирано, а науката служи само за подобрување на квалитетот на човековиот живот, а во денешни времиња за деструктивни цели почна да се користи со правење на нови и нови биолошки оружја за истребување на светската популација, иначе науката не сметам дека е доволно компетентна за решавање на толку големи прашања како настанокот и потеклото на човекот едноставно не само што не е развиена и никогаш нема да биде, него затоа што човечкиот мозочен потенцијал е сеуште премногу закржлавен и резигниран, а духовните способности и 6тото чуло му се тотално затапени така што не сме доволно духовно развиени за да можеме да разбереме нешто од толку големи сразмери.
 
Да болести направени од истите тие научничиња кои што ми продаваат ефтини теории дека сме настанале од мајмуни, ЈБГ за тоа се платени.:smir:
Да денес, али порано немаше научници за правење болести... И пак луѓето умираа од сипаници, температура и слично.
 
Светото писмо е пишан документ за учењето на Бог, се што е потребно да се знае е содржано во Светото писмо, заради тоа е најцитирано, а науката служи само за подобрување на квалитетот на човековиот живот, а во денешни времиња за деструктивни цели почна да се користи со правење на нови и нови биолошки оружја за истребување на светската популација, иначе науката не сметам дека е доволно компетентна за решавање на толку големи прашања како настанокот и потеклото на човекот едноставно не само што не е развиена и никогаш нема да биде, него затоа што човечкиот мозочен потенцијал е сеуште премногу закржлавен и резигниран, а духовните способности и 6тото чуло му се тотално затапени така што не сме доволно духовно развиени за да можеме да разбереме нешто од толку големи сразмери.

Се согласувам со тебе, но религијата не ни нуди никаков доказ, тоа е само пишано на лист хартија. Научникот барем дава каква било информација, и да лаже повеќе на него би му верувал отклку на Светото писмо.
Точно е дека денес науката е злоупотребена и дека се користи во нехумани цели и сето оружје кое се усовршува од големите сили е главно насочено кон светска доминација на една нација или насочено кон истребување на религиозните различности (Исламистичките фанатици - ал Каеда, Иран, ...).
Според мене, единствената причина поради спориот научен и технолошки напредок, и слабиот развиток на човековиот ум е токму религијата. Таа е таа која врши стагнација на напредокот преку осудување на се што се коси со Библиските пишувања (порано порадикално, а денес со намален интензитет).
 
А наукава ептен докази нуди...
 
Луѓето што плукаат по Библијата се најчесто оние што воопшто и не ја прочитале.
Какви докази очекувате од Светото Писмо Filmakedon?
 
А наукава ептен докази нуди...
Е баш ми го зема зборот од уста, а наукава па што докази понудила ај молимте се ништо не понудила, глупости во боја,секое ново"научно откритие" кое што тврдат и одма здраво за готово го прифаќаат масиве како факт, по неколку години се побива со друго исто такво "научно откритие" жими мајка,андреа на ленка и ефка на стефка, мижи асан да ти баам и остало понудила науката.

денешната наука не е способна? Според тебе луѓето кои спиеле во колиби и ја измислиле библијата се поспособни од денешната наука?
1. Луѓето што живееле во колиби не се ништо понеразвиени од сегашните луѓе.
2. Дали мислиш дека науката придонела кон развојот на човештвото или кон деструкција на човештвото?јас мислам кон 2то придонела највеќе, и сеуште придонесува.
3. Да точно е дека библијата и црквата проповедаат некој чудни обичаи кои што патем не се обврзувачки за верниците да ги прифатат, најважни и суштински се 10 Божји заповеди.
 
Зошто ја споредувате Науката со Библијата? Тоа е исто како да прашаш што е потешко, еден метар или еден час? :)
Библијата никаде не претендира дека е научен учебник. Бог немал за цел да му ги објавува научните откритија на човекот преку писмо, туку го обдарил со интелигенција и креативност самиот да ја истражува природата и да согледува одредени законитости. Бог му ја обезбедил Библијата на човекот за да му објави одредени духовни вистини каде што науката едноставно нема домен да истражува. Во Библијата Бог му објавува на човекот кој е тој, кој е неговиот идентитет, каква е состојабата на човекот, страшната состојба и последиците од гревот, и најмногу од се, во Библијата Бог му го објавува и решението како да се ослободи од осудата на гревот преку вера во Спасителот Исус Христос.
Науката можеби може да го продолжи животот на човекот едно 20тина години, но Исус Христос може да ти даде вечен живот. Епа, што е повредно да се знае?
 
1. Луѓето што живееле во колиби не се ништо понеразвиени од сегашните луѓе.
Биле понеинформирани!
2. Дали мислиш дека науката придонела кон развојот на човештвото или кон деструкција на човештвото?јас мислам кон 2то придонела највеќе, и сеуште придонесува.
Само еден пример, каков придонес дала религијата, да речиме со Крстоносните војни кога во името на Бог се убиени повеќе луѓе и од втората светска војна? и со активно учество на деца.[/quote]
 
Луѓето што плукаат по Библијата се најчесто оние што воопшто и не ја прочитале.
Какви докази очекувате од Светото Писмо

епа нее баш дека сме боси ...сме читнале нешто

какви докази очекуваме ?

такви какви што се пропишани во библијата на која се повикувате !
ни више ни мање од тоа

а пропишани се два типа на докази :

1)

Матеј: 17:20 А Тој им рече: „Заради вашето неверие; зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа гора: ‘Премести се оттука таму!’, и ќе се премести, и ништо нема да ви биде невозможно.

Јован:
14:12 Вистина, вистина ви велам: КОЈ ВЕРУВА во Мене, делата што ги правам Јас, ќе ги прави и тој. Ќе ПРАВИ И ПОГОЛЕМИ ОД ОВИЕ , зашто Јас одам при Мојот Татко.

ЗНАЧИ ГАРАНТИРА ДЕКА И ПОМОЌНИ ЛУЃЕ ОД НЕГО ЌЕ СЕ ЈАВАТ АКО ВЕРУВААТ ВО ИСТИ РАБОТИ ВО КОЈ ВЕРУВАЛ САМИОТ ТОЈ (ИСУС)

ОВА Е Е ЕДНАОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГАРАНЦИИ ШТО ГИ КАЖАЛ ИСУС ПОКРАЈ МНОГУТЕ ДРУГИ

ПАЗИ КОЛКУ Е ОВАА ДОБРА :

Матеј: 10:8 Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте..

2)

Дела Ап.: 2:44 А сите кои ПОВЕРУВАА беа заедно и сè им беше општо.
4:4 А мнозина од оние, кои го чуја словото,ПОВЕРУВАА , така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.
4:32 А множеството на оние, кои ПОВЕРУВАА, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сè им беше општо.
34 И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.

35 И секому му се даваше колку кому му беше потребно.
..
.
.
.
.
.

БИРАЈ АГО ШТА ТИ ДРАГО !

ПРИЛОЖЕТЕ БАРЕМ ЕДЕН ОД ДВАТА БАРАНИ ДОКАЗИ !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom