Синхронизација на македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата Old Possum
  • Време на започнување Време на започнување
Само поради тоа ќе ја гледам серијата, да се изнасмејам на неадекватната синхронизација. Не би било пожелно да продолжат така.
 
Тешка глупост. Имам епизоди од една серија гледано така на Бугарски јазик. Катастрофа, fatal error. Можда со синхронизацијата на македонски би било подобро ?
 
Ко нинџа желки да ги слушам ебаму селскио.
 
Што е попатетично од шпанска серија? Само синхронизирана шпанска серија!!! :pos:
Леле кога првпат ја видов на А1 рекламатаааа! "Никогаш не можам да бидам среќна со'тебе!" :pos:

Воопшто, ме нервираат синхронизации. А се сеќавам на РТЛ кога бев мала даваа синхронизирано Беверли Хилс (НА ГЕРМАНСКИ!) и многу се нервирав што не можев да ги пратам! :)
 
Нема ништо поидиотско од надсинхронизирање на странски филм или серија , па без разлика колку професионално е тоа направено ( а да не прајме муабет дека ако нашиве почнат со таква работа тоа ќе биде невидена катастрофа )...никој не можи да го замени оригиналниот глас и начин на зборување на некој актер во филмот и серијата...не верувам дека некој од нас би гледал таков филм или серија кој е надсинхронизиран на македонски...пред десетина години го гледав на некоја турска сателитска програма Рамбо ( нормално со турска надсинхронизација )...урнебес беше...се помочав од смеење додека го гледав...се сложувам само да се надсинхронизираат на македонски цртаните филмови и серии, но тоа да биде професионално направено.
П.С. Една од причините што добро го владеам англискиот ( иако 8 години на училиште учев француски ) е поради тоа шо кај нас не се надсинхронизирани странските филмови и серии
 
не знам што ке биде од ова ама во вторник сигурно ја гледам епизодата
 
Супер е идеjава, треба да се прошири синхронизациjата за сите серии. Така ќе си го зачуваме jазикот :)
 
Јазикот ќе си го зачуваме ако отвориме книга одвреме - навреме, и ако оваа новинарска багра што ја трпиме секојдневно научи да каже „договор“ наместо „дил“ и најде соодветен превод за зборот „бенчмарк“. Пролив ме фати од „осумте бенчмаркови“ оти немаше сајт без тој наслов предходната недела. Медиумите секој ден не трујат со зборови кои немаат врска со македонскиот јазик и делуваат многу среќно кога ќе присвојат нов збор. Биди сигурен дека ако има синхронизација, бомбардирањето ќе биде комплетно.

Јазикот каков што си го знаеме ни оди во бестрага секој ден. Синхронизацијата нема да помогне, тоа е само сквернавење на оригиналот. Некој тоа го направил за да изгледа и звучи онака како што го замислил. Ако е потребна синхронизацијата, тогаш и нека ги препеат сите песни на македонски (имаме дел доброволци што работат и на таа проблематика :) ), па да си го заштитиме јазикот и на тоа поле. Потоа можеме да преминеме и на следната фаза, преведување на интернетот на македонски, што за некои 1 200 000 години со упорност и залагање можеме да го постигнеме.

И баш ме интересира како ќе ги преведеме следниве познати филмски фрази:

Let's get the hell out of here! (ја има во 2 од 3 филма)
You can kiss my ass! (не сум слушнал ова македонец да го каже а да не е геј)
Motherfucker! (ова со Неранимајко ќе го замениме или ќе го преведиме оригинал?)

Синхронизација...
 
Погкупо нешто од ова немам видено, кога бев мал ги слушав тие гласови на покемон сега на рекламта гледам исти:tapp:
 
Тешка глупост. Имам епизоди од една серија гледано така на Бугарски јазик. Катастрофа, fatal error. Можда со синхронизацијата на македонски би било подобро ?
Не зезај..ке биде идиотски, особено ако се нафати некој ветеран од МТВ да синхронизира...
 
Не зезај..ке биде идиотски, особено ако се нафати некој ветеран од МТВ да синхронизира...
Nah :). Иронично го напишав то. Посекако е идиотски, та на македонски, та на бугарски, исто се фаќат. Не е ова Покемон и Дигимон.
 
Тие и така се безвезе па уште со синхронизација,..не знам од каде иим дојде оваа идеа ама вака СИГУРНО нема да привлечат гледачи ..ужас! :nesvest:
 
Важно е што првата епизода ке има огромна гледаност баш заради синхронизираното. Кои за да го видат тоа чудо, кои заради што сакаат да се смеат.
 
Важно е што првата епизода ке има огромна гледаност баш заради синхронизираното. Кои за да го видат тоа чудо, кои заради што сакаат да се смеат.

Ако добро ме насмее ќе продолжам понатаму да ја гледам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom