Синхронизација на македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата Old Possum
  • Време на започнување Време на започнување
Никако. Синхронизацијата е глупав обид, позајмените гласови во никој случај не можат да ја доловат автентичноста на глумецот. Кога излегуваа новите епизоди од Prison Break еднаш симнав епизода со шпанска синхронизација, морам да признаам дека беше добра, но гледањето на епизодата го повторив затоа што ми недостигаше гласот на Wentworth Miller. Филмот не може да се доживее правилно на овој начин. Во ред е да се синхронизираат Штрумфови, Мечето ушко, Грашковци или некои слични цртани, но филмови не.

Баш една другарка ми кажуваше дека гледала хорор со бугарска синхронизација и во моментот кога типот требало да ја убие типката тоа било преведено: „Ште ти одрежа главата т'па кучко“. Не го доловив баш зашто не знам како се пишува на бугарски, поентата ми беше, ти доаѓа смеа како да гледаш комедија, се губи смислата на самиот хорор. :)
 
Мразам синхронизации...особено оние смотанине синхронизации на МТВ1, каде една жена ги збори сите карактери било машки женски па дури и животни...
 
Како може шпанска серија да се синхронизира на било кој друг јазик. Таму има лигавење 44 мин. од 45 мин. филм. Никој нема да може да го постигне вистинскиот момент :)
 
Синхронизација .. ХАХАХА
нема шанса .. како што ја гледав рекламата или нашиве ќе го кажат веке зборот па на слика гледаме како глумците отвараат уста само :icon_lol: или прво слика па после кј нас се слуша гласот од нашиве .. значи нема шанса
Плус ! како ке звучи кај нас "Те сакам , Ти се колнам ке те убијам , ке те осветам"( зборови кој се често употребувани во нивните серии) :icon_lol:
 
Иронично или не, момаков кој го позајмува гласот на Освалдо Риос (Касандра) има многу сличен вокал како актерот.:toe:
 
НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ се само синхронизација не, тоа е најкретенското нешто што може да се направи на некој филм или серија, целосно сакатење на оригиналот се е уништено, често пати и сандракот во позадина страда заради таквите синхонизации и за име Божјо... зарем ќе го личи Вил Смит или кој било друг црнечки комедијант да делка муабет на македонски :tapp:
 
oh no!
we are doomed
замислете отсега и CSI:MIAMI, Очајни Домаќинки, Grey's Anatomy се на македонски!
после зошто слаба гледаност?:kesa:
 
oh no!
we are doomed
замислете отсега и CSI:MIAMI, Очајни Домаќинки, Grey's Anatomy се на македонски!
после зошто слаба гледаност?:kesa:

Не не не, само таквите не!! :uvo: По нема да ми смета да експериментираат на новели, само на прајмтајм не!
 
Незнам зашто толкова се стресирате, кога еден филм или сериjа ке сесинхронизира. Во Бугариjа сите филмови и серии говорат на бугарски и сме свикнали с оваа. Во последно време има нови и нови куки за синхронизациjа и дублажот става се подобар и добар. Ке свикнете ;)
 
Незнам зашто толкова се стресирате, кога еден филм или сериjа ке сесинхронизира. Во Бугариjа сите филмови и серии говорат на бугарски и сме свикнали с оваа. Во последно време има нови и нови куки за синхронизациjа и дублажот става се подобар и добар. Ке свикнете ;)

Па кај вас тоа било така отсекогаш, но кај нас ова е прв пат и народот е навикнат на титл. Сепак, не се сложувам на оваа идеја, само да биде слабо гледана серијава :pipi:
 
Мразам синхронизации. Што му фали на златниот добар превод? Одвратно ми е, не е исто, го нема тој филниг, катастрофа.
 
Од вторник во 9 часот наутро, на А1 започнува серијата El Juramento (Заклетва), за првпат со македонска натсинхронизација.

Што мислите, дали ќе биде ова успешно? Дали ќе се прошири и по другите телевизии и титловите засекогаш ќе ги снема? Како ќе биде примено од страна на гледачите? Досега кај нас се синхронизирани само цртани, ако не се лажам, и тоа уште се прави. Но филм/серија никогаш. Имаше ваков обид во Хрватска пред некое време, но беше крајно неуспешно и серијата потраја едвај 20-тина епизоди пред повторно да се врати на титл.

Засега само се врти реклама на А1 и не звучи ништо убаво. :toe: Воопшто не би сакал да се рашири и сите серии да почнат да се синхронизираат.

Готово,повратив,ми се слоши ми се снеможи.Нема шо ние да изиграваме германци,хрвати,грци.Само тие се доволно ментално заостанати да незнат да читат од еден по****н превод,Ебате неписмените,шо е ова?Акција да се отупи народо ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom