Синхронизација на македонски

Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Од вторник во 9 часот наутро, на А1 започнува серијата El Juramento (Заклетва), за првпат со македонска натсинхронизација.

Што мислите, дали ќе биде ова успешно? Дали ќе се прошири и по другите телевизии и титловите засекогаш ќе ги снема? Како ќе биде примено од страна на гледачите? Досега кај нас се синхронизирани само цртани, ако не се лажам, и тоа уште се прави. Но филм/серија никогаш. Имаше ваков обид во Хрватска пред некое време, но беше крајно неуспешно и серијата потраја едвај 20-тина епизоди пред повторно да се врати на титл.

Засега само се врти реклама на А1 и не звучи ништо убаво. :toe: Воопшто не би сакал да се рашири и сите серии да почнат да се синхронизираат.
 
Ј

јовица11

Гостин
Не верувам дека ќе се покаже како успешен ваквиот проект. И хрватите имаа синхронизација на една приватна телевизија, исто така со серија од ваков тип, па истата заврши неславно.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Синхронизација?! Добро, ако тоа го прават професионалци, а кај нас никогаш ништо не прават професионалци. Во последно време не сум чул за ни една добра синхронизација. Ми текнуваат само старите добри синхронизации на цртните филмови - Штумфови, Тошо мачорот, мечето Ушко и сл. А тоа беше одамна.
Инаку мислам дека синхронизацијата е наменета за неписмени малоумници, за оние кои се премногу бавни да го прочитаат целиот текст. Ја има(ло) по германскиве телевизии и многу лошо звучи. Глумата не е само во експресијата на цртите на некое лице, ниту само во движењата на телото. И гласот е значаен дел од неа. Понекогаш (малку е претерано, знам) му доаѓа исто како да синхронизираш музички спот.
Кај нас најверојатно ќе биде - еден машки глас за сите машки и еден женски за сите женски ликови.
Навистина треба да се има пречки во развојот за да се добие ваква идеја.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Во 80тите имало проба да се синхронизира филм во кино што се прикажувал, мислам дека беше еден со Џон Траволта. Нејсе филмот синхронизацијата била моментот. Филм како филм си има жаргони и пцовки. И сето тоа преведено и кажано од глумците како Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски и остали можело да донесе само едно. Смеа. Се утепале од смеење сите кои го гледале филмот во киносалата. Фразите како "По ѓаволите", "Гзоглав" и "Гомно гомносано" биле сериозно пренесени од глумците али тоа за публиката била урнебесно. Но сега е друго време па ке видиме како ке изгледа сето тоа.
 
M

Mussolini

Гостин
чинам оти е подобро да си останеме на титлови... имам слушано синхронизиран говор ама нее как шо е оргиналниот говор...
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ауууууу, нееееееее... глупава идеја, многу глупава... сум глеал американски филмови со италијанска или германска синхронизација... ептен грдо изгледа, ептен... ауууууу, нееееееееее... :nesum:

И плус пола Македонија научи шпански од сапуниците, немојте да го прекините тој прекрасен процес... :tv:
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Инаку мислам дека синхронизацијата е наменета за неписмени малоумници, за оние кои се премногу бавни да го прочитаат целиот текст. Ја има(ло) по германскиве телевизии и многу лошо звучи. Глумата не е само во експресијата на цртите на некое лице, ниту само во движењата на телото. И гласот е значаен дел од неа. Понекогаш (малку е претерано, знам) му доаѓа исто како да синхронизираш музички спот.
Кај нас најверојатно ќе биде - еден машки глас за сите машки и еден женски за сите женски ликови.
Навистина треба да се има пречки во развојот за да се добие ваква идеја.
Одлично кажано! Говорот е дел од глумата. Тоа е многу тешко да се долови и треба само професионалци да го прават, а секако дека тоа нема да се случи кај нас (сигурно не за серија во 9, всушност, воопшто и за никоја).

Не знам, фатете ја рекламата, пресудете сами. Јас само знам дека ќе бидам нацртан пред телевизор во вторник, специјално ќе станам за премиерата на серијава.:pos2::pos2: Ќе биде циииииркус (трагичен).
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Баш би сакал да видам како ќе доловат нечија гневна реакција, викање, смеење или плачење. Како ќе ни пренесат нечиј тексашки, ирски или италијански акцент во англискиот јазик. Како охридски или струмички?
Не мислам на шпанскава серија, скраја да е, нека прават што сакаат со такво ѓубре. Мислам за било каква синхронизација на македонски која не е неопходна.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Убава идеја. Само знае ли некој кои актери ќе бидат вклучени во синхронизацијата?
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Ако се мисли на цратни филмови или детски програми,тогаш е во ред да има синхронизација.. за се друго ова ке биде многу глупа идеја, и како што кажа некој од погоре ке заврши неславно..
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Гласовите ги позајмија: Димче Мешковски, Таска Блабанова... :pos2:
Штрумфови. Единственото нешто за кое ми е мака што не можам да го најдам синхронизирано на македонски. Имам англиски и хрватски, ама не е тоа тоа... За цртани филмови и програми за деца во ред, за филмови, тоа би било екстра глупаво. Работите треба да се гледаат како што се замислени, во оригинал.

Еднаш бев на поминување низ Полска и вечерта во хотелот во Варшава немаше што да се прави и немав друштво, па си реков фино лепо ќе се испружам во кревет и ќе си гледам некој филм и ќе кулирам. Планот пропадна кога видов дека тие Полјаците удриле на синхронизација, не изгледав филм ама барем се пресмеав.

Имам една сезона LOST на француски а филмот Roman Holiday (1953) го имам на пет јазици. Има некој MKV формат за кој треба Матрошка кодек, содржи синхронизации ако има а не губи од квалитет сликата. Енивеј, сите изгледаат интересно (италијански, француски, шпански, германски...), ама веројатно затоа што не ги разбирам.

Настрана тоа, темава ме врати во минатото: двајца другари беа во Турција пред едно 10-тина години, и кога се вратија кажуваа вицови за синхронизацијата на Турски. Го гледале цртанот Хи-Мен, и ја знаете таа песната на почетокот: та-на-на на-на... ХИ-МЕН! Во турската варијанта, ХИ-МЕН! бил БИЉ-МЕЗ!

Имаше и еден виц ама незнам дали го кажаа тие или од друга страна дојде:

Синхронизација на вестерн филм со Џон Вејн на турски. Дејствието е одприлика вака: Џон влегува во салон, седнува на шанк и...

Англиска верзија (оригинал):

- Give me whiskey.
We don't have whiskey.
- God damnit!

Турска верзија (синхронизирано):

- Бир виски.
Виски јок!
- Пу, јаз'к!

:pos2:
 
Повеќе видеа од Штрумфови на македонски има во Related Videos.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Taпа ствар е синхронизацијата.Може само да ти го одмили филмот или серијата.

Сум го гледал Хари Потер на бугарски(мал дел зошто неможам да го поднесам ни ХП ни бугарскиот) и нема никаков филинг кога е синхорнизиран.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.662
Поени од реакции
34.109
Mразам синхронизација на било каков јазик.
Едино способноста на македончето да ја изведе професионално е минимална.

inglis ruls
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Оу шит. Наташа од Happy Hour ја води таа драмска секција во А1, којзнае што урнебес ќе направи таа. :nesum:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom