Присилна наплата на МРТВ

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Додуша, секаде е така. Невозможно е, и прееска реков, сервис што е 100 % контролиран од власта да биде објективен. Не постои објективна телевизија, ни државна, ни приватна. Пројде времето.

Сепак, некои држави се потрудиле да го решат и финансирањето и информирањето, да биде пристојно и прифатливо за сите. TVE, шпанската национална (и најгледана) телевизија:

Значи, се финансира од реклами (дозволени се секакви, ако е државна телевизија) и субвенции од владата. Ја води генерален менаџер назначен од Парламентот, кој одговара пред комисија составена од сите партии.

Значи, и ова не е идеално, ама нашле луѓето начин. Штом е телевизијата најгледана, значи планот функционира. И погодете што: не се плаќа претплата.
Isto e i so RTK Kosova, se financira od drzavata i e najgledana televizija vo Kosovo...
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.775
Поени од реакции
5.104
Уште еден начин да се збогати администрацијата ништо друго .. како мал број стотици закони за давање ПАРИ во последниве 2 години :toe:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Aко се државен сервис, должни се да не работат ништо, да има тон партиски вработувања?

Доволно ги плаќаме, верувај дека има пари од буџетот за МТВ, само треба да се издвојат. Кога можат Гвујо и компанија да трошат милијарда евра за кампањи од типот знаењето е сила и незнам уште што, немаат 10 милиони за МТВ?

Инаку ние сме и единствена држава што има мизерни политичари. Сакаш да се обложиме дека еве да речиме 1 година ке се плаќаат сметките за телевизија. МТВ нема НИКОГАШ да живне од партиски вработувања (види го пример аеродромот, нека го купи некој пола од вработените ке си одат оти се партиски војничиња) исто како до сега. И немој да ми речеш дека ке добијам објективно и точно информирање од партиски војник на кого во главата му се мота портокалеви бои на преродбата...

П.С. На крајот на краиштата, продај го станот ако не ти чини и купи си куќа, никој не те тера да живееш во зграда. Но, не само куќи, туку и дуќани и други стопански објекти (што немаат Т од телевизор но се потрошувачи на електрична енергија) ке бидат приморани да плаќаат за телевизија....
Под тоа што се национален сервис, се подразбира дека ги финансира Владата. Секогаш МТВ вестите се најобјективни, затоа не ги ни гледате. Сензациите се поинтересни.
Работата е што Гвујо не издвојува средства за нив, поважни се спомениците и останатите куропецања по државава, па затоа ќе издвојат граѓаните. Не знам што не ви е јасно, и онака и овака ќе плаќаме за телевизијава. Колку луѓе у земјава реално немаат телевизор? И во маргинализираните средини имаат. И еве, дури и да се одделат средствата што тие би ги плаќале, пак нема да се многу. Така што, не барајте игла во сено...
П.С. Да, на крајот на краиштата тоа и планирав, да се преселам заради куќниов совет. Ама аналогно на тоа, и ти ќе треба да се преселиш од државата, ако не сакаш да плаќаш за МРТ. Законов, не го донесов јас. :smir:
 
P

Princ

Гостин
А законов, ваков каков што е, ќе падне на уставен. Се сменија некои времиња, не сме повеќе комунизам... денес ни војската не е присилна :smir:
Башка, некој порано рече ни струја не може да се наплати, зарем сериозно некој мислиш го боли за вработените во стокатницата на МРТВ. Од буџет им се издвојуваат пари, имаат и други извори на фундирање, не ни даваат ништо во замена за НАШИТЕ пари (буџетот е полнет само и исклучиво со народски пари, не се пари ни на Груевски, ни на Црвенковски)... ти викам, сметкава е чиста, ни претстои долга љубов.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Пари за сметка за МТВ не давам, па ако сака последна работа во животов да е и готово :toe:.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
А законов, ваков каков што е, ќе падне на уставен. Се сменија некои времиња, не сме повеќе комунизам... денес ни војската не е присилна :smir:
Башка, некој порано рече ни струја не може да се наплати, зарем сериозно некој мислиш го боли за вработените во стокатницата на МРТВ. Од буџет им се издвојуваат пари, имаат и други извори на фундирање, не ни даваат ништо во замена за НАШИТЕ пари (буџетот е полнет само и исклучиво со народски пари, не се пари ни на Груевски, ни на Црвенковски)... ти викам, сметкава е чиста, ни претстои долга љубов.
Ако се сеќаваш имаше вакви очајнички обиди да се наплаќа таксата и порано... вметнување на телевизијата во струјата (се плаќаше само струја без телевизија), праќање сметките препорачано преку пошта (не ги примаа примачите, па се враќаа до испраќачот), така да воопшто не ме плаши тоа што пак пробуваат да ја наметнат давачката. Битно, македонче е македонче, ке изнајде начин како да не ја плати телевизијата :smir: уште да бевме вака сложни во побитни прашања ке немаше ко нас...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Се вратив со поведро расположение :), ќе платам сметка кога ќе ја вратат Оваа сабота добивки без работа заедно со глупите скечеви на Ванчо, Гоце, Ѓокица и Емин Унџел :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21

Тоа да не беше онаа шоу програма од раните 90ти во која награди се даваа според рандом извлечен број на шифра од платена сметка за радиодифузна такса? Ако е тоа, јас би го прогласил за најголем и најпрофитабилен маркетиншки трик на МРТВ на сите времиња.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

Ако не се лажам ја применуваа следната практика: го соопштуваа името, односно сопственикот на бројот (мислам дека ги лоцираа потенцијалните кандидати по телефонскиот број, а потоа утврдуваа дали истиот платил сметка или не. И никогаш, ама никогаш не пропуштаа да го соопштат името на кутриот неплаќач. Многу беден начин на принуда, демек со јавно понижување да се поттикне плаќањето.
Се ми се чини дека така беше.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.580
Новинарка, незнам какви ти се мотивите кога четири страни од форумот сакаш да не убедиш дека треба сите да плакаме такса за МТВ... Неутрален тип на човек доага на форумот, остава тука две - три мислења, четири, и ондах то.

Нема да тврдам дека ти или некој твој човек уствари работи во МТВ :) иако помислувам (и јас и сите) на тоа :)

Инаку нешто гледам пишиш куќни совети, едно-друго... Ем ништо не добиваш ем плакаш. Значи тебе шо ке ти кажат, се си плакаш :)

Ај дај ми 200 денари :) Со нив ти ке......... ааам..... ке......... со тоа ти ке допринесеш за развојот на екологијата во Скопје :vozbud: (за пиво ми се)

Немој да бидеш роб и да дозволуваш да те дерат како што сакаат, ако мислиш дека за нешто не вреди да плакаш пари, немој да плакаш.

IOsonoINTERISTA, Princ, и некои други корисници овде кажаа некои многу добри поенти, и со нив се сложува 99.999999999999999999999 % од македоскиов народ.

....и то.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Новинарка, незнам какви ти се мотивите кога четири страни од форумот сакаш да не убедиш дека треба сите да плакаме такса за МТВ... Неутрален тип на човек доага на форумот, остава тука две - три мислења, четири, и ондах то.

Нема да тврдам дека ти или некој твој човек уствари работи во МТВ :) иако помислувам (и јас и сите) на тоа :)

Инаку нешто гледам пишиш куќни совети, едно-друго... Ем ништо не добиваш ем плакаш. Значи тебе шо ке ти кажат, се си плакаш :)

Ај дај ми 200 денари :) Со нив ти ке......... ааам..... ке......... со тоа ти ке допринесеш за развојот на екологијата во Скопје :vozbud: (за пиво ми се)

Немој да бидеш роб и да дозволуваш да те дерат како што сакаат, ако мислиш дека за нешто не вреди да плакаш пари, немој да плакаш
.

IOsonoINTERISTA, Princ, и некои други корисници овде кажаа некои многу добри поенти, и со нив се сложува 99.999999999999999999999 % од македоскиов народ.

....и то.
Не ве убедувам јас, законот така си кажува. Ако толку многу сакаш да знаеш што јас мислам, there you go:
-Националниот сервис треба да се плаќа.
-Националниот сервис откако ќе се плати, треба да престане да си го клати, и треба да понуди содржини.
-Кога МТВ ќе има пари, МТВ ќе има и содржини.
-Не ми е ич убаво на македонската телевизија да гледам листи од испечатени книги за 2009та со владини пари.
-МТВ има квалитетен кадар и лошо раководство. Не знам како би се однесувало тоа раководство со кешот, ама ветуваат подобри содржини.
-Сосема сум објективна и не ме изненадува што ти личам на ово или на оно, секој на секого денес на нешто му личи.
-Ако пишам контра Влада, тогаш сум героидна и земам тамифлу, ако пишам про Влада, тогаш работам у МТВ:uvo:.
-Да, кога живееш во општество, а не во орда, некогаш плаќаш и за работи кои ти се чинат неважни и глупи. За мене тоа е куќниот совет, за тебе е МТВ.
-Освен во случај да ми доставиш извештај од референдум, и таму ќе ги видам тие 99% што ги набројуваш, ќе мора да признаеш дека шпекулираш.
-Не мора да се плаќа, може и во натура.
-Не сум знаела дека постои квота за објективност. А уште помалце дека ти ја воведе.
 
Doctor Who

Half Life™
Член од
4 август 2009
Мислења
11
Поени од реакции
0
МТВ е најпропаднатата телевизија во Македонија и за неа не ми се даваат пари. А за А1 ми се даваат дури и повеќе месечно.
Јас МТВ пуштам само за Евровизија (еднаш годишно) и некогаш и тогаш дури имаат глупав сигнал па морам да гледам на Српска телевизија.

Така де ќе кажам едно нешто. МТВ не ја користам и не мислам ниту да ја плаќам. Нека си рекламира и нека си собира пари, како впрочем и другите Македонски телевизии.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Значи ти и остатокот од нас обичните смртници, толку сме на различни фреквенции, што ова веќе не е дискусија туку два одделни монолози:

Националниот сервис треба да се плаќа.
Ние викаме дека не треба, и наведовме држави во кои не се плаќа, а опстојува од субвенции од влада и рекламирање. И тоа успешно.

-Националниот сервис откако ќе се плати, треба да престане да си го клати, и треба да понуди содржини.
Ние викаме дека националниот сервис се плаќаше, го клатеше, немаше содржини, и престана да се плаќа.

-Кога МТВ ќе има пари, МТВ ќе има и содржини.
Ние викаме дека имаше пари, а немаше содржини

Не знам како би се однесувало тоа раководство со кешот, ама ветуваат подобри содржини.
Уште веруваш во ветувања?

-Сосема сум објективна и не ме изненадува што ти личам на ово или на оно, секој на секого денес на нешто му личи.
Не си сосема објективна. Ние сме сосема објективни.

-Да, кога живееш во општество, а не во орда, некогаш плаќаш и за работи кои ти се чинат неважни и глупи. За мене тоа е куќниот совет, за тебе е МТВ.
Кој ве учи бе вакви работи?

Не е реплика ова. Сакав само да го сумирам она што го пишуваме незнам колку страни наназад. Колку и да пишуваме понатаму, вака ќе си остане.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ние викаме дека не треба, и наведовме држави во кои не се плаќа, а опстојува од субвенции од влада и рекламирање. И тоа успешно.

Кој ве учи бе вакви работи?

Не е реплика ова. Сакав само да го сумирам она што го пишуваме незнам колку страни наназад. Колку и да пишуваме понатаму, вака ќе си остане.
Нашата Влада го користи тој МТВ канал, исклучиво за да се саморекламира. Не ти се стужува од тоа? Епа извини, мене да. Зошто нашата земја да нема нормална програма која ќе сакаме да ја гледаме? Колку пари, толку музика. Барем во светот на телевизиите-така е.
Кога живееш во општество, а не во орда, некогаш плаќаш и за работи кои ТИ СЕ ЧИНАТ неважни. Не може да има едноумие по сите прашања. И мене не ми се плаќа за патарина, па плаќам бе. Не ми се лежи ќорка. Енде. Така ме научиле од дома, да плаќам даноци.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Нашата Влада го користи тој МТВ канал, исклучиво за да се саморекламира. Не ти се стужува од тоа? Епа извини, мене да. Зошто нашата земја да нема нормална програма која ќе сакаме да ја гледаме? Колку пари, толку музика. Барем во светот на телевизиите-така е.
Кога живееш во општество, а не во орда, некогаш плаќаш и за работи кои ТИ СЕ ЧИНАТ неважни. Не може да има едноумие по сите прашања. И мене не ми се плаќа за патарина, па плаќам бе. Не ми се лежи ќорка. Енде. Така ме научиле од дома, да плаќам даноци.
Нашата Влада се саморекламираше и кога плаќавме, и ќе се саморекламира и пак кога ќе плаќаме. Нема да се промени ништо со плаќањето во тој поглед. Пошто Владата (пак да не сум досаден, ама да потенцирам: 20 години наназад) си се рекламира, би било фер и да си плати за тоа. И така пак ќе е со наши пари.

Неспорно дека треба пари за музика (програма де). Ама има други начини. Тоа ти го велиме од завчера. Open your mind.

Патарина плаќаш затоа што нема да поминеш ако не платиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom