Како прво, не работат ништо, затоа што се државен сервис, немаат лихвар за газда,како некои од приватните телевизии ти текнува? Треба да ги плаќаме, за да направат програма - не знам како може да направиш пире, ако немаш компири.
Како второ, процент од радиодифузната такса, оди и за приватниот јавен сервис, односно-и за приватните телевизии.
И како последно и неповрзано со твојот пост, туку само моја констатација: Убаво што ви текна да собирате средства. Ние сме единствена држава на Балканот со ваков мизерен национален сервис. Земја без национален сервис, не може да бара објективно новинарство ниту релеватно информирање. Би било убаво, кога тие луѓе што ,,работат" во СМРТ, би зеле плата. Уште поубаво би било кога би ги оправдале средствата и кога, меланхоличниот список на испечатени книги би го замениле со некоја нормална забавна и креативна емисија.
П.С. На крајот на краиштата, никој не е принуден да гледа телевизија. Ниту да има телевизор дома. И јас не видов аир од парите што ги давам за куќниов совет во зграда, па пак плаќам.