Присилна наплата на МРТВ

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
P

Princ

Гостин
Национален сервис треба да има. Населението треба да плаќа една пристојна цена за да опстои тој сервис. Тоа е мојот став.
Не мора. Треба, ама не мора. Со сила убаина не бидува, што би рекол Ѓорѓи Колозов, пред 20 години, а и ден денес го гледаме упорно и упорно :)
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
МТВ победна не може да биде. Кога и да пуштам ги има соопштенијата за факултетите или новите реклами за Македонија. Нема никаква програма. Ни спорт веќе не пренесуваат. Се сеќавам пред 5-10 години барем даваа Формула 1, Лига на шампиони, Грен Слеми, светски/европски првенства... Само пропаѓа и дефинитивно мислам дека МТВ го допре дното.

А присилна наплата - тешко. Не може струја од сите да се наплати, а не па за MТВ.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Новинарка, не е проблемот со МТВ што не плаќаат луѓето, нема пари, и затоа нема програма.

Проблемот е што луѓето плаќаа, имаше пари, а немаше програма.

И луѓето престанаа да плаќаат. Princ е во право, ти си можеби од професијата, но ние сме постари од тебе и верувај, сите си плаќаа ТВ а ништо не добивавме за возврат. МТВ се полнеше со татини синчиња и партиски полтрончиња, превработеност колку сакаш, клати врата - земај плата. Затоа пропаднаа. И сега ние треба да ги спасуваме. Зошто?

Ја би се сложил, во една варијанта: Да нема информирање и политика. Да бидат само сервис на граѓаните. Да снимаат образовни и забавни програми. Да синхронизираат цртани за деца. Да гледаме спорт (рака на срце, ни една телевизија не покрива толку спортски настани колку што имаше на МТВ). Да пуштат некоја понова серија. Такви работи. За тоа сум спремен да платам и повеќе од овие 100 и нешто денари, колку ли се.

Ама јас да финансирам некој за да ми го пере мозокот, нека фала. Тоа го имам бесплатно. За тоа не плаќам.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772

Не сум јас во професијата, бурекџиите и фотомоделките се. Не се согласувам дека немало содржини. Јас израснав со Дајте музика, Ѕвон и Бушава Азбука. Тоа се емисии што мирисаат на детство. А не Дигимон. Имаше порано и Формула еден, и фудбал и све имаше. Престанавме да плаќаме( да не правам муабет колку луѓе и кога се плаќаше ескивираа) и сега нема содржини.
 
P

Princ

Гостин
Бушава Азбука
Бушава Азбука е македонска детска програма продуцирана со помош на МРТВ во 1985 со авторите Горан Стефановски и Слободан Унковски, со музика од Леб и сол и Ана Костовска. Програмата е насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку медиумите на музика, цртан филм, итн. Вкупно има 31 емисии, посебно посветени на буквите од македонската азбука.
И дајте музика е од тоа време отприлика.

Ѕвон не знам дали постои повеќе, ама верувам е далеку од она што еднаш беше, во негативна смисла.

Значи поентата е постигната. МРТВ работи со стара програма. Прастара додуша, Бушава Азбука е снимена пред 35 години, и Македонски Народни Приказни се отприлика тоа време. Баталете ги бе, ме мрзи веќе и да се мачам да објаснувам. Начисто ме убива кога ќе прочитам дека Новинарка, која што поддржува паушален трошок за МРТВ, гледала Бушава Азбука кога имала 7 години, а емисијата всушност е снимена пред 15 години.

Кој сака нека им даде пари. Новинарка 130 денари месечно за МРТВ, јас 260 месечно на некој сиромашен за леб. На двајцата парите ни одат на ништо сепак.
 
Што ако е стара, кога е ДОБРА програма? И на К-15 најдоброто време им беше пред 10 години, па уште им се даваат тие скечови. Тие емисии беа на МРТВ, таа ги сними, режираше и толку биле добри, што пасувале на детската симпатија, со години нанапред. И да, двајцата ќе плаќаме, работата е што јас своеволно, ти не. Предмети збираат, не е ова зеебанција:pos2:.
 
P

Princ

Гостин
Што ако е стара, кога е ДОБРА програма?
Е тука е целиот проблем на МРТВ, се китат со стари перја. Бараат пари да ми емитираат стара програма, Бог да чува :pos2:
И на К-15 најдоброто време им беше пред 10 години, па уште им се даваат тие скечови.
Да, ги даваат повремено, ретко ептен. Ама ако упорно ги тролуваат нив, ќе гасиш ТВ, нема трт-мрт.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Во право си, и ја не се мачам појќе. Пробав низ неколку постови да објаснам зошто пропадна чудото:

- Непотребно и глупаво огромна зграда која голта пари за одржување
- Непотребно голем број на вработени
- Партизација наместо квалитет
- Ужасно лоша и застарена ТВ понуда

МТВ пропадна долго време пред луѓето да престанат да плаќаат. Луѓето престанаа да плаќаат затоа што пропадна. Се давеше во интелектуална бедотија, наместо сервис на граѓаните, стана нечиј слуга. Газдите нека си ја плаќаат.

МТВ сега е џин кој цица пари. Колку и да даваме, не е доволно. А и не сакаме да ги даваме, за она за кое ги бараат.

Шчо да се напраит?

- Департизација
- Укинување на било какви политички програми
- Преселба во нормална зграда и намалување (големо) на бројот на вработени
- Фокусирање на образовни, научни, забавни и спортски програми

И нека побараат слободно пари. Ќе им дадеме. Само да знаеме, дека има зошто.

Толку јас за ова. Се надевам...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Е тука е целиот проблем на МРТВ, се китат со стари перја. Бараат пари да ми емитираат стара програма, Бог да чува :pos2:

Да, ги даваат повремено, ретко ептен. Ама ако упорно ги тролуваат нив, ќе гасиш ТВ, нема трт-мрт.
Ретко? 3 пати дневно е ретко?

Принц, покрај старата, имало и нова. Пример-Говорете македонски. Сите емисии кои се направени на МТВ, пред некои 10-15 години се евергрини. Дека МРТВ се давела во интелектуална бедотија, категорично-не. Може да се давела во Гордана Стошич и крадењето на нејзиниот џип, ама кадарот е поткован и вистински професионален. Новинари со искуство и квалитети.
П.С.Се извинувам што ти го изменив постот, по грешка не излегов од квотацијата:).
 
P

Princ

Гостин
Океј, К15 не ми бараат пари за тоа. Всушност, не ми се ни занесуваат како лихвари :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Како прво, не работат ништо, затоа што се државен сервис, немаат лихвар за газда,како некои од приватните телевизии ти текнува? Треба да ги плаќаме, за да направат програма - не знам како може да направиш пире, ако немаш компири.
Како второ, процент од радиодифузната такса, оди и за приватниот јавен сервис, односно-и за приватните телевизии.
И како последно и неповрзано со твојот пост, туку само моја констатација: Убаво што ви текна да собирате средства. Ние сме единствена држава на Балканот со ваков мизерен национален сервис. Земја без национален сервис, не може да бара објективно новинарство ниту релеватно информирање. Би било убаво, кога тие луѓе што ,,работат" во СМРТ, би зеле плата. Уште поубаво би било кога би ги оправдале средствата и кога, меланхоличниот список на испечатени книги би го замениле со некоја нормална забавна и креативна емисија.
П.С. На крајот на краиштата, никој не е принуден да гледа телевизија. Ниту да има телевизор дома. И јас не видов аир од парите што ги давам за куќниов совет во зграда, па пак плаќам.
Aко се државен сервис, должни се да не работат ништо, да има тон партиски вработувања?

Доволно ги плаќаме, верувај дека има пари од буџетот за МТВ, само треба да се издвојат. Кога можат Гвујо и компанија да трошат милијарда евра за кампањи од типот знаењето е сила и незнам уште што, немаат 10 милиони за МТВ?

Инаку ние сме и единствена држава што има мизерни политичари. Сакаш да се обложиме дека еве да речиме 1 година ке се плаќаат сметките за телевизија. МТВ нема НИКОГАШ да живне од партиски вработувања (види го пример аеродромот, нека го купи некој пола од вработените ке си одат оти се партиски војничиња) исто како до сега. И немој да ми речеш дека ке добијам објективно и точно информирање од партиски војник на кого во главата му се мота портокалеви бои на преродбата...

П.С. На крајот на краиштата, продај го станот ако не ти чини и купи си куќа, никој не те тера да живееш во зграда. Но, не само куќи, туку и дуќани и други стопански објекти (што немаат Т од телевизор но се потрошувачи на електрична енергија) ке бидат приморани да плаќаат за телевизија....
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Имаше некаква идеја, можеби е и спомната во темава МТВ да се трансформира во државен кабелски оператор.
Ама мислам дека и за тоа е доцна.
Искрено, за Иселенички џубокс не ми се даваат пари.
МТВ има многу богата архива која не е искористена. Секако тоа не е доволно, но би било убаво сето тоа да се среди и зачува на некој современ носач на слика. За тоа ич мува не ги лази.
На државната тв итно и е потребна трансформација, реорганизирање и нови, способни луѓе. Смешно е кога ќе видам дека имаме три државни канали, а немаме продукција ниту за еден и кога некои локални ентузијасти од немајкаде, успеваат да понудат нешто убаво, ново, интересно. Не мора секогаш да се има голем буџет. Желба, камера, идеја и малку талент за почеток се ок. Сакам да кажам дека таму не гледам никаква желба за подобрување на квалитетот. Ако некој дел од телото гние, треба да се ампутира.
За МТВ уште во 70` се зборувало дека е место во кое врие од семејни кланови:eek:lee:, вработувања по некои чудни заслуги, заради уште почудни услуги...
Се сеќава некој на Нова Македонија? Првиот македонски државен весник пропадна затоа што луѓето престанаа да го купуваат! Зошто да не биде исто и со МТВ? А се работи за слични установи - големи згради, многу вработени, се послаби текстови, дневна политика и т.н.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
МТВ има многу богата архива која не е искористена. Секако тоа не е доволно, но би било убаво сето тоа да се среди и зачува на некој современ носач на слика. За тоа ич мува не ги лази.
Па идеава не ти е лоша. Се сеќавам дека МРТВ покрај радиата и телевизиите, си имаше и Record label продукција, старата добра музичко-касетна продукција, слична на српската ПГП-РТС. Зошто да не ја обноват продукцијата, и да направат компилации од старите музички албуми и со тоа на вистински начин да бидат пренесени старите музички богатства на простиот и неукиот народ, а не со глупи проекти како „Кирилицо испеана„. Старите серии, драми, документарци можат да се продадат во спакуван ДВД формат.
И така, македонските семејства ќе си ги имаат на ДВД старите емисии на МРТВ, на МРТВ ќе и преостане да еммитуваат нова програма, свежи содржини, да си го покачат рејтингот и да си земат од народот возврат за сработеното. Поубав Happy ending на голготата на МРТВ од ова, амин.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Aко се државен сервис, должни се да не работат ништо, да има тон партиски вработувања?

Доволно ги плаќаме, верувај дека има пари од буџетот за МТВ, само треба да се издвојат. Кога можат Гвујо и компанија да трошат милијарда евра за кампањи од типот знаењето е сила и незнам уште што, немаат 10 милиони за МТВ?

Инаку ние сме и единствена држава што има мизерни политичари. Сакаш да се обложиме дека еве да речиме 1 година ке се плаќаат сметките за телевизија. МТВ нема НИКОГАШ да живне од партиски вработувања (види го пример аеродромот, нека го купи некој пола од вработените ке си одат оти се партиски војничиња) исто како до сега. И немој да ми речеш дека ке добијам објективно и точно информирање од партиски војник на кого во главата му се мота портокалеви бои на преродбата...
ОК, прво, ја претера: знаеш колку се милијарда евра? :pos2:
Второ, на граница си, подфорум Политика го затворија. Во 2-3 поста пишав дека МТВ е партизирана и има превработеност, но таква е 20 години и ја дренчат сите што ќе дојдат. Кој и да бил ја користел како партиски сервис.

Затоа да бидеме ние овде објективни и да не го користиме подфорумов за партиски поентирања. Не се работи за тоа што на некого му се врти во главата, туку за тоа кој го вработил и пред кого одговара. Тоа е се.

Додуша, секаде е така. Невозможно е, и прееска реков, сервис што е 100 % контролиран од власта да биде објективен. Не постои објективна телевизија, ни државна, ни приватна. Пројде времето.

Сепак, некои држави се потрудиле да го решат и финансирањето и информирањето, да биде пристојно и прифатливо за сите. TVE, шпанската национална (и најгледана) телевизија:

Televisión Española (TVE) (literally, Spanish Television) is the national state-owned public-service television broadcaster in Spain. TVE's activities are financed by a combination of advertising revenue and subsidies from the national government. TVE belongs to the RTVE Corporation which has overall responsibility for national public-service radio and television under a Parliament-appointed General Manager who, as well as being answerable to a Board of Directors, reports to an all-party committee of the national parliament, as provided for in the Public Radio and Television Law of 2006.

Значи, се финансира од реклами (дозволени се секакви, ако е државна телевизија) и субвенции од владата. Ја води генерален менаџер назначен од Парламентот, кој одговара пред комисија составена од сите партии.

Значи, и ова не е идеално, ама нашле луѓето начин. Штом е телевизијата најгледана, значи планот функционира. И погодете што: не се плаќа претплата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom