kIRe9
OK. u'r right
- Член од
- 4 март 2009
- Мислења
- 1.419
- Поени од реакции
- 73
Политичките фактори на Албанците на два месеци пред оценката од Брисел ги радикализираат барањата.
ДПА се заканува со бојкот на Собранието, ДУИ признава - законот за јазици е фаличен и се залагаат за комплетна употреба на албанскиот во Законодавниот дом.
Ние не сме декор како партијата на Селмани. Опасна игра е власта да проектира албанска партија, вели координаторот на ДПА по средбата со спикерот Велјановски. Ова им штети на меѓунационалните односи и на евроинтеграциите на Македонија.
„Ако вака се продолжи, ние ќе оцениме дека нашето учество во Собранието е беспредметно“, рече Имер Алиу, ДПА.
Тодор Пендаров, портпарол на претседателот на Собранието
Реагираат зошто десет месеци Законодавно правната комисија молчи и не доставува автентично толкување на Законот за амнестија за четирите хашки случаи.
Чекавме мислење од Владата, вели претседателот на Комисијата Благородна Дулиќ, не знае дали Велјановски претходно има испратено барање до Владата.
„Претседателот денеска побара од претседателот на надлежната комисија ургентно да се обрати до Владата за да го добие тоа автентично тумачење“, изјави Тодор Пендаров, портпарол на претседателот на Собранието.
ДУИ со прашање до ДПА зошто кога без власт не изготвија закон за јазиците, туку една година, велат откако е донесен законот.
Бојкот и уцени не прифаќаат, но по лидерската се премислија, сега јазикот треба да биде регулиран во Законот за Собрание.
Ермира Мехмети, ДУИ
„Што се однесува до правото на употреба на албанскиот во Собранието, мислам дека нема никаква дилема, законот којшто е усвоен минатата година тоа го гарантира или го предвидува како право. Комплетна двојазичност“, вели Ермира Мехмети, ДУИ.
Законот за јазици, како дел од европските услови се донесе со комплетна согласност на ДУИ и за тоа се фалеа.
ВМРО-ДПМНЕ, вели Силвана Бонева, не гледа потреба од вметнување на ова прашање и во Законот за Собрание.
Партиски функционер на владејачката партија за А1 вели, не знае дали ова може да предизвика несогласувања на релацијата Груевски - Ахмети, но ставот на ДУИ за комплетна двојазичност во Собранието значи федерализација на Македонија.
извор: А1 телевизија