Дали е исто кога изневерува машко, и кога изневерува девојка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dee_Jay
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 август 2007
Мислења
3.614
Поени од реакции
2.667
До сега немам наидено на ваква тема, па ако веќе има, некој од модераторите нека ја залепи.

Ме интересира што мислите околу насловот. Дали е исто кога ќе изневери машко, и кога ќе изневери девојка?
Сакам да слушнам прво ваши мислења, а после ќе дадам мое гледиште околу ова.
 
мое мислење..... не е баш секаде исто....на пример кај нас ако машко изневери тогаш е мангуп,може со повеќе во исто време а ако женското изневери тогаш она е "пачавра",еден малце и е па со повеќе оди итн итн....а од моја гледна точка исто е...изневерување си е изневерување кој и да го направил
 
Ако е смислата на темата е:„маж е фраер,а жена курва“ тогаш да ја залепам со останатите?
Важно изневерува,не е важно дали е маж или жена и двајцата се копуци.
 
Најнормално дека не е исто...

Во првиот случај е машко, во вторниот женско. Ама друга разлика тешко да видам.
 
Ако е смислата на темата е:„маж е фраер,а жена курва“ тогаш да ја залепам со останатите?
Важно изневерува,не е важно дали е маж или жена и двајцата се копуци.
bas taka, nema razlika zatoa sto i maskoto izneveruva so druga zena(barem onie ponormalnite),i zenata izneveruva so drug maz(barem onie ponormalnite).
mozebi za toj sto izneveruva neverstvoto e samo fizicki cin,ama za toj sto e izneveren toa e psihofizicki cin,ednostavno e izgubena doverbata(a taa tesko i dolgo se gradi,a lesno se gubi),a doverbata moze sekoj da ja izigra i da ja izgubi,i masko i zensko,nema tuka razlika,covek si e covek.
 
Прво: што е верство?

Со други зборови - како се однесува човек кој е верен? Што треба тој/таа да прави за да биде верен?

Јас сметам дека секој човек е верен прво себеси, а потоа на друг. Дури ако со својот партнер еден човек се насочи кон градење на семејство, може да се зборува за „неверство“, во смисла на секс вон врската, бидејќи во тој случај има поголемо нешто од него самиот, т.е. семејството, кое тој едноставно го игнорира со своите постапки.

Инаку, ако човекот е незадоволен во врската, прво треба да се решат тие проблеми со партнерот. Неверството ништо не решава.

Единствената разлика меѓу мажите и жените е што веројатно мажите помалку зборуваат за своите лични проблеми со кого било, па веројатно и со партнерките, што според мене е грешка. Но, традиционално, ако некој маж ги искажува своите чувства, тој се смета за слаб, па затоа веројатно повеќе се толерира ако мажот има секс со друг партнер (за да ја изгаси нервозата), за разлика од жените, кои традиционално немаат проблем да си ги отворат своите души кому сметаат дека треба.
 
Потполно исто.
Људи смо свите.
Не значи ако е женско е поемотивно, појче га боли и сл. Исто емотивно е и машкото и тоа има чуства и боли кој ќе го изневера.
 
Исто е, исто боли и кога машкото е изневерено и кога женското е изневерено. А тие мажи шо мислат дека се којзнај шо ако изневерат јас ги сметам за најголемите идиоти односно не ги сметам за мажи. Најверојатно на поголемиот дел од мажите не му е познато шо значи зборот маж. Маж не те прави тепањето и изневерувањето ама штета шо поголемиот дел мислат дека е така.
 
Neverstvo si e neverstvo, nekoj nekogo vara, dali mazot zenata ili obratno ne e vazno
 
И во двата случаја некој е повреден
 
Ако е смислата на темата е:„маж е фраер,а жена курва“ тогаш да ја залепам со останатите?
Важно изневерува,не е важно дали е маж или жена и двајцата се копуци.

Не не не, не мислев “маж фраер - жена курва“, мислам од друг аспект. Мислев, кој прави поголем грев кога ке изневери.
Еве јас ке се произнесам кратко, и ке си оставам простор за понатаму да можам да дебатирам.
Јас лично мислам дека не е исто.
Значи пред се, сакам да кажам дека не мислам на врска од месец, два па и 6, каде што и нема некоја љубов. Зборувам за сериозна врска.

Е сега, јас кај ја гледам разликата.
Речиси на секое машко можи да му се случи ИНЦИДЕНТНО да подпадни под провокација на некоја (секси) женска.Поготово ако не е во трезна состојба. Еве, за пример ќе се земам јас. Сум бил во долга, и сериозна врска. Сум бил заљубен како никогаш, и тоа вистински заљубен. Се случило во пијана состојба , некоја да ме “собери“ вечерта. Станувам утрото, и поглупо и пониско во животот не сум се чуствувал.Чак, во тие моменти сваќам колку стварно ја сакам девојката.
ЗНАЧИ: Јас, да сум ја изневерил. али ни во една милисекунда не сум ја изневерил љубовта што ја чуствувам према незе.
Има, не велам не, и машки што нема да си дозволат да се испулат наоколу. (меѓутоа, кој се тие машки, и како им е во врската, поготово на девојките, покасно ќе објаснам, доколку се разгори дискусија)

Од друга страна се девојките.
Не можам да кажам од мое искуство, пошо сум машко :) меѓутоа ке кажам што мислам, а истово ми потврдиле речиси сите девојки што сум разговарал на оваа тема, а бројот е прилично голем.
Имено, мислам, и потврдено ми е, дека вие девојките, во случај да изневерите, сето тоа ви е однапред испланирано. Значи однапред знаете со кого би изневериле, кога би изневериле, и како би изневериле. Пример, би се опијаниле,само за да се оправдате пред себе си, а и да имате изговор пред некој друг, али во секој случај уште пред да почните да пијате, макар и потсвесно знаете што ке се случи на крајот од денот.( ова е само пример, не мора да биди точно баш вака)
Е сега, бидејќи знаете од напред, значи дека вие при здрава свест помислувате не некој друг. Одтука, за вас не можи да се речи дека вие во ниеден момент не сте ја изневериле љубовта спрема партнерот.
Добро, има девојки што не изневеруваат,меѓутоа не е темава за нив.

Јас овде гледам разлика, вие што мислите.
Еве leandra, ти кажи ми.
Имам уште за кажување, меѓутоа се со тек на време :):smir:

п.с не застанувам на машката страна бидејќи сум машко. Се трудам да гледам објективно, потрудете се и вие.
 
лоша генерализација....

има машки кои пред да се опијанат знаат што ке се деси, и при здрава свест не помислуваат на друга, има и женски такви...

има машки кои не изневеруваат, има женски кои не изневеруваат..

има машки кои за време под дејство на алкохол ги искористиле, има и женски кои за време под дејство на алкохол ги искористиле...

така да според мене исто е..
 
Ако се сакаат и двајцата, ќе го повреди и машкото, и женското. Нема тука голема филозофија, неверство е неверство..
 
лоша генерализација....

има машки кои пред да се опијанат знаат што ке се деси, и при здрава свест не помислуваат на друга, има и женски такви...

има машки кои не изневеруваат, има женски кои не изневеруваат..

има машки кои за време под дејство на алкохол ги искористиле, има и женски кои за време под дејство на алкохол ги искористиле...

така да според мене исто е..
Знам дека е лошо да се генерализира.Ама, ај да гледаме реално, колку има вакви, колку има такви... и пак прочитај ми го постот внимателно, зборувам за сериозни врски.

Луѓе,не е финтава да зборуваме од морален аспект, како чини, како не чини, дали да се оправда или не. Да, не чини да се изневерува, тоа е лошо, и машкото и женското ако е изневерено, ги боли еднакво. Сакам да се осврниме на тоа, како уствари реално стојат работите, во вистинскиот свет, околу нас.
Еве нека кажат девојките мислење, за тоа што го кажав во предходниот пост за девојките. Нека се стават тие во примерот, и дали кога би изневериле, би го направиле тоа на тој начин како што кажав.

Истото нека го направат и машките. Дали кога би изневериле, би го направиле тоа јас како што кажав, или поинаку...

(добро, знам дека сите сте срциња, и не би изневериле...меѓутоа ве прашам, КОГА БИ или еве, АКО БИ изневерила)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom