Моштите, или остатоците од скелетот или деловите од телото, во мумифицирана форма, се доказ, т.е. еден од доказите дека личноста, која во својот овоземен живот била „сопственик„ на тие остатоци, е Свет, т.е. со својот богоугодиен живот, достигнала светост и на телото и на духот.
Моштите се чуваат или во целост или се разнесуваат во делови во повеќе манастири кај православните помесни Цркви. Моштите имаат пријатен мирис, т.е. се мироточиви, што значи дека испуштаат миризливо мало. Моштите не предизвикуваат страв кај оние поединци кои решилие да им се поклонат, туку напротив, предизвикуват несекојдневно расположение кај поклоникот. Лично, можам да посведочан дека е тоа вистина, од мое, лично искуством не од чисто торетизирање,, а кој сака, кој мисли поинаки, може да ме побие со некоја негова „терорија„; која нема блага врска со православното искуство.
Само, симтпоматичен ми е оној дел од твојот пост, во кој НАМЕРНО и ТЕНДЕНЦИОЗНО ја наведуваш библиската заснованост на светоста од моштите, а притоа, не си дел од православната Црква.
Да, за паганите, тоа е пагански обичај, а за православните рисјани, тоа е дел од нивниот поклонички живот.
А кое е „исправното„ толкување на Библијата?