- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 1.145
- Поени од реакции
- 893
ЕДНА СТАРА ИЗРЕКА ВЕЛИ: " ЖЕНИТЕ СЕ МАЖАТ ЗА МОЌ, А МАЖИТЕ ЗА УБАВИНА ! "
Жените традиционално се научени дека можат да стекнат општествен статус доколку се врзат за успешен маж и тој феномен игра една од главните улоги во бирањето на партнер. Денешните паметни жени ги развиваат своите потенцијали и со сопствени сили стекнуваат општествена моќ и општествен статус. Но многу жени кои се со пониско образование го чуствуваат надворешниот и внатрешниот притисок " добро да се омажат "- да најдат некого кој има повисоко општествено влијание и моќ. На мажот сеуште се гледа како отскочна штица која на жената и обезбедува повисок статус и поголема финансиска сигурност.
Мажите кои се вљубиле во независни и силни жени, според нивниот начин на однесување на почетокот од врската, мислат дека тие се токму такви какви што се и ќе продолжат да бидат такви. Кога тие подоцна ќе се изменат бидејќи истите жени ќе согледаат дека е исцпувачки и стресно е да се грижат за себе, мажите ќе се разочараат од нив. Жените сметаат дека кога веќе го придобиле мажот на кој можат да се потпрат,сметаат дека имаат право на опуштеност. Тие се одкажуваат од својата сила и независност и сето тоа од машка страна изгледа како неочекувано "скриеното мало татино и размазено девојче" да изглегло на површината. Многу од жените сфаќаат дека копнеат да побегнат од заморните секојдневни работи да го прекинат школувањето или да ја напуштат својата работа, а тоа особено се случува кога ќе воспостават подлабока врска со маж кој им овозможува економска сигурност. Така сметаат дека треба своето време да го исполнат со креативни работи, да легачат и да ги трошат заработените пари на мажот. Но не можат да сфатат дека и мажите копнеат по слични работи. Значи сосема е разбирливо тоа што жената сака да ја остави работата и да се усовршува, да одледува деца и да се посвети на домаќинството. Но често предизвикува бес кај мажот кој не е во состојба да си го дозволи таквиот луксуз и уште мора да обезбедува пари за нејзините потреби и хирови. Зашто на крајот сепак истиве мажи ја избрале оваа жена бидејќи им се допаднала нејзината независност и сила. Според тоа жената не треба да биде болен кариерист и да го запостави семејтвото, но никако не смее да ја изгуби својата независност и автентичност на својата личност.
Треба да избалансира меѓу семејството и кариерата и тука е мажот да и помогне. На крајот оние жени кои не се потврдиле и не се вреднувале се чуствуваат фрустрирано и несреќно и сето тоа влијае на семејството.
Жената не треба да прави радикални промени во своите цели и во своето однесување, да очекува од мажот да ги прифати во целост нејзините желби и каприци. Промените во очекувањата и во животните планови мора да се извршуваат постепено и заеднички, за да бидат двете страни задоволени и да живеат во хармонија.
Ме интересита мислењето околу ова? Дали машките кога ќе откријат дека девојката во која се вљубиле, премногу станува зависна од нив, се разочаруваат?