Киднапирања или мистериозни исчезнувања?

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување
P

Princ

Гостин
Сите тропате, и сите сте без докази... така да приберете се :tapp:
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
се сложувам со навивачка, ..според реакцијата на нејзнитите родители и покрај тоа што едниот родител воопшто се немаше појавено во медиумите што е многу сомнително а и останатите сосем мирно ја изјавија веста како божем куќниот миленик им загинал низ маало, овде нешто се крие и е многу сомнително, останатите граќани од селото беа повеќе вознемирени одколку родителите на малечката, според мене девојчето е продадено од страна на родителите како што кажа некој погоре поради долгови и сл., дај боже да грешам али не ми мириса на арно ...
А ти дали можеби размислуваш дека тие луѓе не знаат како да искажат нешто пред камера:uvo:
И дали воопшто сакаат да се појават на камера,во јавност??
Не се како тие што бараат помош,па треба да убедат некого.
Јас не верувам дека некој родител може да си го продаде детето.
Пред да треснете било што,малку замислете се.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
и јас така реков..кој родител би си продал дете..:nesvest:
 
P

Princ

Гостин
Една недела по исчезнувањето на шестгодишната Ангела Георгиеска од мариовското село Дуње, полицијата и противпожарните екипи почнаа да ги празнат бунарите во селото, надевајќи се дека можеби ќе го најдат девојчето. Којзнае кој пат се испитуваат истите места и истите луѓе.

Екипа на „Дневник“ вчера беше во Дуње, каде што полицијата и го пребаруваше реонот околу селото. Полициските џипови беа пар кирани кај селската црква, од каде што селото и околината се гледаат како на дланка и каде кучињата-трагачи ја изгубиле трагата на малата Ангела. Завчера во Дуње дошло и второ куче-трагач, кое ги пребарувало истите места, селската чешма каде што девојчето било оставено да си дојде дома и повторно до црквата, каде што и' се губела трагата. Кај црквата поминува земјен пат, единствен пат низ селото што продолжува кон соседното село Пештани, оддалечено околу 4 километри.

Тргнавме кон Пештани по патот по кој поминуваат само автомобилите на жителите на напуштеното село во кое живеат само четири семејства. Од страните на патот има висока трева, трње и диви круши низ кои доминираат карпи и по некоја непроодна длабока јама зарасната во дрвја и грмушки. А во селото нема никој, тука и завршува земјениот пат. Понатаму може да се оди само пеш и во планината. Се враќаме назад во Дуње. По пат среќаваме старец на магаре. Застанавме да поразговараме со него. Вели дека утрово дошле петмина полицајци во маскирни униформи, кои му ја пребарале куќата и разговарале со него, по што си заминале. Седумдесетгодишниот старец вели дека по патот се движат само мештаните и соседите од Дуње, кои меѓусебно се познаваат, не знае што се случило со девојчето, но не' испрати со зборовите „што е од Бога ќе се најде, што е од човечка рака не“, велејќи ни дека залудно трагаме по девојчето.

Освен со автомобили патот меѓу двете села е доста тежок и невозможно е мало девојче само да помине повеќе од 50-ина метри. Се вративме во Дуње и од селскиот пат во близина на куќата на Ангела се приклучивме на земјениот пат кој води кон блискиот рудник за мермер и гранит оддалечен 8-9 километри од Дуње. Патот е пуст и преовладува истиот терен, пат по кој што се движат само возилата на рудникот. Рударите, меѓу кои и таткото и чичкото на Ангела, со возило на рудникот одат и се враќаат на работа исто како и другите вработени. Никој не доаѓа во рудникот со приватно возило. Работат една дневна смена и се враќаат дома.

Мештаните потврдуваат дека освен нив, никој не поминува низ селото. Тие не изнајмуваат овчари бидејќи сами си ги чуваат овците што ги поседуваат. Дојдовме до рудникот, каде што ни ја разјаснија и мистеријата на автомобилот со тетовски таблички, кој го виделе селаните. Станува збор за возило на ЕВН чии екипи го истражуваат теренот во близина на рудникот за да монтираат далновод. Возилото било во четвртокот во рудникот и излегло од рудникот по истиот пат, бидејќи патот завршува во рудникот. Возилото го забележал и чуварот, кој го пријавил во полиција, која наредниот ден исто така дошла да истражува во рудникот.

Екипи на противпожарната единица, на Дирекцијата за заштита и спасување и полиција и вчера ги проверуваа бунарите во селото Дуње, Мариово, додека дел од полициските единици ја тресеа околината на соседното село Пештани, месноста Јамите до напуштените Вепрчани во близина на рудникот за мермер. Со пумпи се вадеше водата од повеќето бунари во селото со над сто бунари.

Полицајците и пожарникарите велат дека ја вадат водата од бунарите да не е телото на детето фрлено со камен и да не може да се види со поглед. Забележавме и неколку лешинари, кои летаа над нашите глави. Роднините на Георгиески, седум дена од исчезнувањето се во очај. Во семејството дошло и до расправија меѓу мајката на Ангела и внуката со која детето било последен пат. Георгиески, потврдуваат дека биле испитувани двајца нивни членови -внуката Соња, со која била Ангела, и тетката на Ангела. Испрашувано било и семејството Иваноски, каде што Ангела била на гости пред да исчезне. Додека нижат тутун Костадин Иваноски, родум од Дуње, кој живее во Кавадарци, а лете обработува тутун во селото, вели дека Ангела играла во дворот и заминала дома. Не минале 15 минути и ја снемало. Сите ја барале. Кучето-трагач намирисало дека детето заминало во спротивна насока од домот, кон црквата во селото.

- Ергенот Спасе Илиоски сведочи дека на денот на исчезнувањето бил со овците на соселанецот Душан Ристески.

- Заменував овчар од вторникот и се враќав во четвртокот додека се бараше детето. Ме прашуваше и полицијата. Им кажав дека врват автомобили покрај село. Не знам како може детето да исчезне. Кажуваа дека врвело возило со тетовски таблички. Имало и црвена „застава 128“ со приколка, која се движела за селото Пештани. Во неделата бев во село Крушевица - вели Илиоски.

Дневник.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Се сложувам дека е можеби целата работа наместена. Ако ништо друго има фабрики оние како беа во Косово ако ви текнува... :) шала на страна, мислам дека се крие нешто тука и според мене значи според мене најголеми виновници се токму родителите...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не сакам да ги осудам родителите. Она што го прочитав за нивните реакции дека не биле на место. Можеби се во толкав шок што едноставно молчат и не изразуваат никакви знаци на душевна болка. Но од внатре сигурно и мајката и таткото полека венеат. Па дури и да го продале (што некако не можам да поверувам), љубовта кон тоа дете секогаш ќе ги прогонува и боли. Ова мене ми личи на киднапирање, а не на мистериозно исчезнување.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Во тоа мало село да неможе да се најде девојчето просто невозможно е, освен да е киднапирано или продадено, друго ништо не гледам ја овде...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само што ми го кажаа случајов.Биле во Грција во Икеја,и една мајка панично почнала да го бара своето дете.Обезбедувањето ги затворило сите врати додека не се најде девојчето.После 15 минути го пронашле со исечена коса и облечена нова блуза,скриено,само и уплашено.Замислете колку време им треба да средат дете,за минути се зборува.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.798
Поени од реакции
22.854
Добро бе луге кој нормален родител ќе го продаде своето дете..За тоа да го направиш треба да си ептен одлепен..Мислам дека таа теорија не ма врска..Според мене детето е грабнато за органи...
 
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
Пази сеа само што го слушнав случајот..
детето исто така..од село и било грабнато..овие фатиле паника..полиции што уште не..по неколку месеци детето било вратено со 20 000 марки во џев...и еден бубрег..
па и според мое мислење е поради органи целата работа..што е доста одлепена работа..ц ц идиоти..што уште не..мн повеќе од идиоти..едноставно нема соодветни зборови за такви личности..(што киднапираат)
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.756
Поени од реакции
5.018
Пази сеа само што го слушнав случајот..
детето исто така..од село и било грабнато..овие фатиле паника..полиции што уште не..по неколку месеци детето било вратено со 20 000 марки во џев...и еден бубрег..
па и според мое мислење е поради органи целата работа..што е доста одлепена работа..ц ц идиоти..што уште не..мн повеќе од идиоти..едноставно нема соодветни зборови за такви личности..(што киднапираат)

Јас знам за вакови случаеви имам читано од архива -стари весници ..итн ..
дека послем некое време (ако се грабнати за органи) ги враќаат и им оставаат пари :tapp:обично за вадење на бубрег ..да се надеваме дека не е тоа ..
 

Дегенерик

без лекарско
Член од
29 јуни 2009
Мислења
218
Поени од реакции
18
Јас мислам ниту е киднапирано ниту е продадено има по логично објаснување за нејзиното исчезнување......ВОНЗЕМЈАНИ......:vozbud::pos2::pos2::pos2:


Луѓе не си прајте бајрами со умот оставете ја полицијата да работи. Да се надеваме дека ќе ја најдат залутана во некоја шума :pipi:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Јас мислам ниту е киднапирано ниту е продадено има по логично објаснување за нејзиното исчезнување......ВОНЗЕМЈАНИ......:vozbud::pos2::pos2::pos2:


Луѓе не си прајте бајрами со умот оставете ја полицијата да работи. Да се надеваме дека ќе ја најдат залутана во некоја шума :pipi:
Дегенерик, стварно не ми е јасно како може да ти функционира смислата за хумор на вакви трагични теми. Ајде контролирајте се и воздржувајте се од ретардирани коментари. Да почекаме официјално известување, без глупи претпоставки.
 

Barbara.

Irreparable perfectionist
Член од
23 јули 2009
Мислења
369
Поени од реакции
15
Полицијата е тотлано РЕТАРДИРАНА, не можам да замислам како можат луѓето се да препуштаат на неа, тотално се бескорисни а ова не е прв случај за исчезнување на мало дете ..
 
N

navivacka

Гостин
Додека чекаме ние од полицијата којзнае што би можело да се случи...се би можело да е...или родителите го продале или го киднапирал некој друг...можеме само да погодуваме овде а причината да е некоја трета...кој спомна горе...па треба да си одлепен да го стори тоа родител...јас еднаш мајката не ја видов да и потече солза...па зар да е толку смирена,јас се отепав од плачење кога ми ја немаше мачката а не па да ми исчезне дете...мене ми е баш чудно ова-семејството во долгови-девојчето исчезнува...Дај боже да грешам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom