Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.865
- Поени од реакции
- 52.937
Tom Clancy's Splinter Cell: Conviction е петтото продолжение од Splinter Cell серијалот. Играта требаше да се појави на пазарот на 16 ноември 2007, но беше одложувана неколку пати и сега се очекува да излезе во октомври годинава.
Splinter Cell: Conviction има неколку новитети во гејмплејот. Еден од нив е "Mark & Execute" што му овозможува на Сем да обележи некој непријател или предмет во кој оружјето афтоматски ќе пука. Исто така, овозможено е и пукање додека висиш.
На Сем нема да му бидат на располагање повеќе додатоци кои ги поседуваше во претходните игри. На пример, наместо оптичкиот кабел кој го користеше за да види што се случува позади некоја затворена врата, Сем сега ќе користи парче од скршено огледало.
Во Splinter Cell: Conviction, главниот лик Сем Фишер си оди од Third Echelon и покрај заканите од неговиот шеф. Тој сега ја истражува смртта на неговата ќерка Сара Фишер која загина во сообраќајна несреќа за време на дејствијата од Splinter Cell: Double Agent. Сем открива дека смртта на неговата ќерка не била несреќа и мора да дознае зошто таа била убиена и каква врска има тоа со Third Echelon.