Производство на буковка

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
[FONT=M_Garamond]Odgleduvawe na gabata bukovka[/FONT]




1. ОДГЛЕДУВАЊЕ НА БУКОВКАТА
Буковката е позната и ценета печурка. Нема некои поголеми ризици во текот на одгледувањето, отпорна е на болести и штеточини, покажува голема толеранција кон температурата, дава големи приноси и е со одличен вкус, па поради тоа посебно се препорачува на почетници. Најдобро се одгледуваат од септември до мај, додека во зимниот период потребно е да се одржува температурата над 14С.
Услови за одгледување се: -ОБЈЕКТИ: можат да се користат гаражи, подруми, напуштени објекти и други места со голема влажност.

-СВЕТЛИНА: претставува битен фактор за правилниот раст и развој на печурките, објектот треба да биде добро осветлен. Да се избегнува дирекно сончево осветлување, но при целосен мрак печурките не се развиваат.

-ВЕНТИЛАЦИЈА: печурките при дишењето користат кислород и испуштаат јаглерод диоксид, затоа потребно е многу да се внимава со вентилацијата. За помали количини на супстрат доволна е природна вентилација со отворање на прозор и врата (правење на провев), а за поголеми количини потребен е систем за вентилација. Доколку не се обезбеди овој фактор доаѓа до деформација на плодот во вид карфиоли.

-ВЛАЖНОСТ: треба да изнесува од 80 - 90%. За да се обезбеди овој услов потребно е на подот да се стави ситен песок и да се прска со вода.

-ТЕМПЕРАТУРА: оптималниот опсег изнесува околу 14-24С, минимална температура на која можат да опстанат е до 2С а максимална до 30С.

-ХИГИЕНА: просторот каде што се одгледуваат треба да биде потполно чист, варосан и испрскан со фунгицид и инсектицид посебно околу вратата и прозорците. Вреќите во кои ќе се одгледуваат треба да се чисти и по можност нови.

2. СУПСТРАТ И НЕГОВА ПРИПРЕМА

Како супстрат можат да се користат скоро сите земјоделски отпадоци. Најчесто и најдобро за одгледување да се користи сламата, која треба да биде со добар квалитет. Сламата и другите суровини пожелно е претходно ситно да се исецкани, а потоа балите се растураат на чиста бетонирана површина и неколку пати се меша и прска со вода, се покрива со најлон, и за 24 часа сламата ќе прими доволно влага (сламата не треба да се влажни повеќе од 24 часа). Потоа се стерилизира, за да се уништат микроорганизмите. Стерилизацијата се изведува со вриење на супстратот (сламата) 30 мин. во поголем сад (буре, казан), се вади и се става на чиста површина а потоа се покрива со најлон. Најважно е пред засејувањето сварената слама да биде оладена на температура под 25С, бидејќи на температура над 40С мицелиумот се уништува, (сварената слама да се посее истиот ден). Најголеми грешки во одгледувањето на габите се прават токму во оваа фаза. Затоа е потребно да се избере што поквалитетна слама, мувлосана да не се употребува и варењето да се изведе што подолго.

3. ЗАСЕЈУВАЊЕ СО МИЦЕЛИУМ
Засејувањето се врши со миниум 3 литри мицелиум на 100 кг. термички обработен супстрат. Мицелиумот што го добивате е пакуван во пластични кеси од 1.5 литри и е доволен за засејување на 50кг. сварена слама или четири вреќи од по 13кг. За почетници подобро е да се употреби поголема количина на мицелиум. На најлонските вреќи пред полнењето, да им се направат неколку реда на отвори со големина од 15-20 мм на растојание од 20 см. (се прави со наострено цевче). Се кини кесето од мицелиумот се зема малку од семето и се става на дното од вреќата а врз него се става ред слама (околу 10 см.) и така се полни наизменично се до врвот. Треба да се внимава вреќите да бидат добро набиени, на врвот се подврзуваат, а на долниот дел се сечат врвовите како би можело да истече вишокот на водата. Вака наполнети вреќите се носат во просторијата каде што ќе се одгледуваат. Се редат во редови со растојание меѓу вреќите од 40см. По засејувањето вреќите да не се преместуваат од едно место на друго, бидејќи може да дојде до оштетување на мицелиумот.


4. ИНКУБАЦИЈА
Периодот на инкубација започнува од засејувањето до појавата на првите плодови, и во зависност од видот трае околу 3 недели. Со намалување на температурата само ќе се зголеми периодот на инкубацијата. За неколку дена мицелиумот ќе почне да се шири од секое зрно што јасно се гледа преку вреќата. За време на инкубацијата треба да обрасне (да побели) целата вреќа. Во оваа фаза додека не се појавени печурките и во колку има појава на мушички може да се испрска со некој инсектицид.


5. ФРУКТИФИКАЦИЈА
После 3-4 недели преку отворите се појавуваат првите зачетоци на буковката кои наликуваат на мал грозд. По 4-5 дена од нивното појавување веќе го добиваат потребниот облик. Бербата почнува откако рабовите на шеширот на печурката ќе се исправат, тогаш со вртење на лево и на десно се откинува целиот грозд. После 2-3 дена од првата берба со нож се отстрануваат остатоците од печурките дршки, неразвиени) и вреќите се оросуваат со вода. Вториот бран се појавува за 10-15 дена и следи истиот развој на печурките. Во зависност од видот и условите, приносот на печурките се движи од 15-25% од супстратот. Одгледувањето завршува со третата берба и вреќите се изнесуваат од просторијата. Истрошениот супстрат понатаму може да се искористи за одгледување на калифорниски црви за добивање на високо квалитетно губриво.





6. ЗАШТИТА
Се следи развојот на печурките од засејувањето до последната берба. Ако во почетокот мицелиумот добро и брзо се развива, тогаш буковката станува отпорна на многу болести. Проблемот со мушички е многу голем, посебно ако тие зазеле голем замав. Потребно е просторијата да биде заштитена со мрежа, која се поставува на прозорците и го спречува нивното навлегување, а во случај на појава на мушичките, треба да се испрска со некој инсектицид (нео-итроид, буба-кил). Треба да се избегнува прскањето кога печурките се веќе појавени. Главна мерка за заштита од штеточините е правилна стерилизација на супстратот и дезинфекција на просторијата.

7.МИЦЕЛИУМ
До употребата да се чува во обичен фрижидер на температура од 2-4С најмногу два месеца. Мицелиумот во ќесето треба да биде чисто бел, во спротивно да не се користи. Пред засејувањето потребно е да се држи 24 часа на собна температура.

8.ЗАБЕЛЕШКА Доколку се избере неквалитетна слама и не се изведе правилно стерелизацијата, мицелиумот слабо се развива и подоцна ке се изгуби. Вреќите ќе потемнат (мувлосаат), ќе проникне житото и ќе се појави мастилавката (Coprinus sp.). Најчесто овие вреќи ги привлекуваат мушичките и претставуваат опасност за другите вреќи, затоа треба да се изнесат и исфрлат што подалеку од просторијата каде се одгледуваат печурките. Посебен проблем е преминот од аматерско кон индустриско произвотство. Најмногу се заборава на вентилацијата која претставува битен фактор. Прв симптом на загушување со јаглерод двооксид е деформација на плодните тела во вид на карфиоли кои се развизаат под вреќата. За успешно произвотство потребно е да се исполнат сите услови: квалитетна слама, правилна стерилизација, квалитетен мицелиум, услови во објектот и продажба на производот.



Јас утре ќе набавам мицелиум и планирам да почнам со производство на печурка. Иако е лето, имам соодветна просторија и можам да ги постигнам бараните услови. Инвестицијата е многу евтина, утре ќе видам колку ќе ме чини заедно со семето.
Ме интересира дали некој има искуство со ваков бизнис и дали ќе може да се најде пласман за печурката.
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
poisplatlovo bilo da si ja kupis vrekata gotova
mnogu rabota imalo i treba iskustvo
imam dobar prijatel se zanimavase so bukovka specijaliziran
i sega pak saka da pocne so toa
imav i jas zelba golema za toa
treba mnogu ljubov da vlozis i ke uspees
treba da gi gledas i neguvas
ima i otkup
najslatkata i najzdrava pecurka e bukovkata
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
poisplatlovo bilo da si ja kupis vrekata gotova
mnogu rabota imalo i treba iskustvo
imam dobar prijatel se zanimavase so bukovka specijaliziran
i sega pak saka da pocne so toa
imav i jas zelba golema za toa
treba mnogu ljubov da vlozis i ke uspees
treba da gi gledas i neguvas
ima i otkup
najslatkata i najzdrava pecurka e bukovkata
Ја разгледав и таа варијанта. Ми понудија вреќа за 400 денари што би било многу поскапо одошто да ја изработиш сам.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Еднаш со еден другар одгледувавме, за проба.

Три вреќи направивме и добро роди, и вкусна е така пресна за јадење.

Ама за во тегли конзервирана е многу тегава и не е добра како Шампињоните.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ова сигурно има откуп? Дај нешто линк ако има да видам како оди тоа.
Има една фирма во Јурумљари крај Скопје која ја преработува буковката во интересни производи, пред две -три години бев кај нив, беа многу добро средени..какви се сега незнам , но тогаш немаа доволно суровина....


еј ..имаат интересен сајт...: http://labeko.com.mk/products.php
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Има една фирма во Јурумљари крај Скопје која ја преработува буковката во интересни производи, пред две -три години бев кај нив, беа многу добро средени..какви се сега незнам , но тогаш немаа доволно суровина....


еј ..имаат интересен сајт...: http://labeko.com.mk/products.php
Многу добра идеја!Сајтов ме бендиса ептен и мене ќе ми послужи:)
Иначе не сум по печурките од кога ме изневерија и пренесоа од таа страна на животот,им откажав љубов.
Можеби и овде е главниот проблем,големи се шансите за труење,бидјќи денес во трката по еден денар секој собира печурки и ги продава.Но овие лабеко ми изгледаат како да знаат што им е работата.Браво,секоја чест,ајде може ќе се изроди здрава конкуренција.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Има една фирма во Јурумљари крај Скопје која ја преработува буковката во интересни производи, пред две -три години бев кај нив, беа многу добро средени..какви се сега незнам , но тогаш немаа доволно суровина....


еј ..имаат интересен сајт...: http://labeko.com.mk/products.php

Само вакви фирми се иднината на Македонија...затоа ако некого подржува државата тогаш се овие мали претпријатија со потенцијал да се развијат и да се приспособат за експорт...Ние сме аграрна земја и во тој правец треба да се движиме...
 
Член од
27 април 2009
Мислења
7
Поени од реакции
1

Ultimate'

Диктатор
Член од
23 октомври 2007
Мислења
118
Поени од реакции
9
jas se rasprasuvav dali ima gotovi vreki so micelium. imalo vo karbinci mislam stipsko bilo se javiv i mi rekoa edna vreka bila 70 denari spremna.a dali ima otkup siguren oti barav vo zl kniga se javiv vo tie otkupite ne zamale bukovki
 
Член од
27 април 2009
Мислења
7
Поени од реакции
1
jas se rasprasuvav dali ima gotovi vreki so micelium. imalo vo karbinci mislam stipsko bilo se javiv i mi rekoa edna vreka bila 70 denari spremna.a dali ima otkup siguren oti barav vo zl kniga se javiv vo tie otkupite ne zamale bukovki

So kupuvanjeto na gotoviot kompost Vi garantiraat i otkup (dokolku se raboti za pogolema kolicina)
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
26
Поени од реакции
0
kokiche :))

:tv: ova e super biznis, samo sakam da dadam malo posetuvanje deka za nekoj period ke moze da se zemat i pari od EU za vakvi investicii. zatoa koj planira so pogolema investicija neka se strpi :tv:
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
:tv: ova e super biznis, samo sakam da dadam malo posetuvanje deka za nekoj period ke moze da se zemat i pari od EU za vakvi investicii. zatoa koj planira so pogolema investicija neka se strpi :tv:
Јас планирам, сега пробав со помала количина и успешен експеримент :)

Само проблем е пласманот...
Ако договорам пласман планирам да произведувам и на големо.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Слаба заработувачка...познавам неколку луѓе кои работеле и вложувале во овој бизнис и како и секогаш, откупувачите на крај заебуваат. Поготово Бонум.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Слаба заработувачка...познавам неколку луѓе кои работеле и вложувале во овој бизнис и како и секогаш, откупувачите на крај заебуваат. Поготово Бонум.
Па слабата заработувачка е само поради неможењето да се најде пласман.

Јас пробав со 15 вреќи, онака експериментално :) Не бараат некои посебни услови, моментално имам четврта берба а температурата во просторијата е 6-10 степени.

Не е голема инвестиција а цената на килограм буковка на мало е околу 150 денари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom