Сведмилк

Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
„Сведмилк“ може да се рестартира со 1.000.000 евра
За повторно да почне да работи млекарницата, потребни се пари колку за еден споменик на Александар Македонски, вели Трифун Костовски

Еден споменик на Александар Македонски е доволен за да се рестартира „Сведмилк“, изјави Трифун Костовски, еден од млекопроизводителите на кои млекарница му должи за неисплтено млеко, по средбата со новиот министер за земјоделство Љупчо Димовски.

- Ребаланс на буџетот ќе има за кратко време и тоа Владата може да го искористи за дел од парите да ги насочи кон рестартирање на млекарница. Ова и му го посочивме на новиот министер и се надевам дека ќе има позитивен одговор од страна на власта - вели Костовски.Тој вели дека целта на Владата не треба да биде распродавање на имотот, туку рестартирање на фабриката.

- За да се рестартира фабриката, потребни се четири до пет милиони евра, а толку чини и споменикот што допрва ќе се поставува во центарот на градот. Капацитетот е современ, може добро да работи и не гледам причина зошто некому би му било во интерес да го затвори - вели Костовски.За понудата на Моше Баум дека има пари да ја рестартира фабриката, Костовски вели дека не верува на празни зборови.

- Баум дојде во земјава во период кога фабриката се' уште работеше. Имаше можност да донесе пари и таа требаше да продолжи со работа. Не веруваме на празни муабети, туку на дела - вели Костовски.За стечајниот управник на млекарницата Богољуб Макревски, најмалку еден милион евра се потребни за да се рестартира „Сведмилк“. Според Федерацијата на фармери, овие пари може да се обезбедат преку Програмата за субвенционирање на говедарството или со наплата на обврските од должниците.

- Одржавме две средби со стечајниот управник на кои, меѓу другото, ја разгледавме можноста за стартно финансирање на млекарницата. „Сведмилк“ треба да продолжи со работа зашто станува збор за голема, модерна инвестиција. Ако се затвори, тешко ќе може да се врати нејзиниот извозен број, што индиректно ќе придонесе за намалување на сточниот фонд во земјава и ќе ја влоши и така тешката финансиска состојба на фармерите - вели Недим Касами, потпретседател на Федерацијата.

Според него, околу 914.000 евра не се исплатени како субвенции бидејќи околу 3.000 кооперанти на „Сведмилк“ не можат да предаваат млеко. Овие пари би можеле да се искористат за да се рестартира млекарницата. Федерацијата бара поддршка од Владата за ангажирање на Судот и сите надлежни институции во насока на исплата на долгот по кратка постапка.

Судот на 12 минатиот месец одлучи да биде отворена стечајна постапка за „Сведмилк“. Фармерите своите побарувања од млекарницата требаше да ги достават заклучно со 12 јули годинава.

Професор Среќко Георгиевски, од Факултетот за змејоделство и храна, вели дека со „Сведмилк“ сточниот фонд во земјава е уништен и треба многу години за бројот на кравите да се врати на ниво од периодот кога млекарницата работеше во полн ек.
Овој транзициониот бизнисмен Трифун сегде го има. Значи не се илјада души кои ја држат македонската економија, десетина се.
Нешто е грешка или Костовски е млекопроизводител?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Има своја фарма и произведува млеко,не си грешка така е.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Овој транзициониот бизнисмен Трифун сегде го има. Значи не се илјада души кои ја држат македонската економија, десетина се.
Нешто е грешка или Костовски е млекопроизводител?
Farmata vo Trubarevo ja "kupi" na vremeto, koga setase naokolu maskiran vo rodoljub so pari.... :)
Inaku ne se bas desetina koi ja unistuvaat Makedonija , ama secenje na edno 200 glavi + toptan so kompletni familii ...ke svrsi rabota... provereno...
Inaku i Trifun ima brcnato mustak vo Swedmilk...skoro izvesno, epten e meraklija na takvi Gesheft-i
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Farmata vo Trubarevo ja "kupi" na vremeto, koga setase naokolu maskiran vo rodoljub so pari.... :)
Inaku ne se bas desetina koi ja unistuvaat Makedonija , ama secenje na edno 200 glavi + toptan so kompletni familii ...ke svrsi rabota... provereno...
Inaku i Trifun ima brcnato mustak vo Swedmilk...skoro izvesno, epten e meraklija na takvi Gesheft-i
Млекото е слатко, убавиците го користат за капење :)

А за главите, ќе ни требаат османлиите, да ги наредат на таа оградата пред собрание :smir:
 

shark

Гледај ме у очи
Член од
27 јуни 2009
Мислења
55
Поени од реакции
1
Едната рака во мед, другата во млеко.........
Убавина...... саде мед и млеко и мноооогу овци, крави,...........
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Сведмилк во стечај...
ОК, нека оди во стечај, можно е да се наплатат доверителите, а во постапката за ликвидација на деловниот потфат, верувам дека ќе се најде некој кој ќе купи се комплет и ќе ја отвори под негова фирма.
Ама, работата е во тоа кој ја донесе на ова дереџе? Меги...или можеби Велија...или и двајцата...????? Или има и некој трет, а?
Моше си е посебна приказна...
Во ред е да се купи презадолжена фирма за еден долар, ама купувачот ги презема сите обврски, т.е. целокупниот долг.
Моше сакаше од ништо нешто да прави и не успеа. Епа...треба да си одговара согласно она што го потпишал, и тој, а не да мудрува оддалеку и да се прави фраер.
Моше одлично си ја заврши работата за која секако добро искешира. Нели избори имавме тогаш и требаше некој да даде лажна надеж пред избори. И после изборите си отиде, или го избркаа зошто не беше потребен. Сеедно ...:toe:
Не ми е јасно што овој Трифун сега се шуња околу Сведмилк. И бара владата да ја рестартира фабриката. Само ќе се направи уште поголема дупка ... Изгледа и Трифун сака да се омрси...

Најдобро е да се најде инвеститор (домашен или странски не е битно) кој што ќе приложи банкарска гаранција. Еве, владата нека преземе дел од долгот (пошто долговите се многу поголеми од вредноста на имотот), но ако некој приложи банкарска гаранција би требало да значи дека е сериозен. И ќе знае што да прави со млекото, пласман, бизнис план ...
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Моше одлично си ја заврши работата за која секако добро искешира. Нели избори имавме тогаш и требаше некој да даде лажна надеж пред избори. И после изборите си отиде, или го избркаа зошто не беше потребен. Сеедно ...:toe:
Не ми е јасно што овој Трифун сега се шуња околу Сведмилк. И бара владата да ја рестартира фабриката. Само ќе се направи уште поголема дупка ... Изгледа и Трифун сака да се омрси...

Најдобро е да се најде инвеститор (домашен или странски не е битно) кој што ќе приложи банкарска гаранција. Еве, владата нека преземе дел од долгот (пошто долговите се многу поголеми од вредноста на имотот), но ако некој приложи банкарска гаранција би требало да значи дека е сериозен. И ќе знае што да прави со млекото, пласман, бизнис план ...
Моше дојде си ја одигра улогата како шти посакаа нарачителите и си замина за понатаму немало потреба, во игра се влезени мнооогу актери и играчи на ситни и крупно но на теренистрчуваат нај храбрите, а што се однесува за омрсување се омрсија мнозина а и ке се омрсуват уште многу, жално е за сточарите млекопроизводители кои ке останат неомрсени а за рестртирање или спас на Сведмилк владата не требало да дозволи да дојде до тој степен да заглават млекарите и самата фабрика, требало да се реагира на првиот сигнал од млекарите..........:toe::toe:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Со Млекарницата е лесно бе,ете Трифун нека ги исплати млекарите и нека ја рестартира фабриката.Банките ќе почекаат за да им го врати капиталот,се разбира одкако ќе се процени кој колку се заебал со тоа што издал кредит без покритие.Инаку секоја банка си има менаџери за испитување на кредитоспособност за оние кој им бараат кредит,па ако некаде дале кредит без покритие како во Шведмилк,тогаш редно е нешто и да загубат,кај им биле очите кога го давале кредитот.Или сите мислеа дека Грујо гарантира за оваа приватна инвестиција,штом пие јогурт со моменталниот директор?:pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Еве како некои земји се справуваат со директорите.

Гневни работници во Кина го убија директорот

Над 30 илјади работници во една кинеска челичарница го убија директорот, кој се обидел да им нареди да се вратат на работа, по што се судрија со полицијата.
Најмалку стотина лица се повредени во судирите меѓу полицијата и работниците од челичарницата Тонгхуу, кои протестираа против продажбата на нивната компанија на фирмата Јианлонг, соопштија организациите за заштита на човековите права.
Јианлонг е малцински сопственик на челичарницата Тонгхуу, која се наоѓа во истоимениот град во североисточниот дел на Кина и втор пат се обиде да ја преземе целата фабрика.
Работниците ги блокирале улиците и кршеле полициски возила во центарот на градот, пред да бидат растерани.
ССМ не може ни пола да собере од оваа цифра.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Еве како некои земји се справуваат со директорите.

ССМ не може ни пола да собере од оваа цифра.
ССМ не може,но:

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ona vo Krusevo da ne e generalna kostimirana proba????? :)
Чекај сега кога ќе излезат костимирани, че мисли светот саде јунаци и војводи сме.
А оно луѓето не можат да се изборат ниту за правата кои ги имаат од Свидмилк и сличните јаки економски аранжмани.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Обично кога ќе спомне стечај во Македонија сите замислуваат компанија што пропаднала за секогаш, (што во македонските стечаи и не беше далеку од вистината) после пропаста на Сведмилк односно стечајот , ја купи Суташ , и повторно работи ,за разлика од некој македонски загубари каде и по над 10 тендери се неуспешни. Очигледно ако некоја компанија има квалитетни производствени капацитети и да пропадне има шанси да ја купи некој друг и да почне да работи. Уштеднаш моќта на пазарната економија се потврдува. Се надевам дека зборот стечај во Македонија во иднина ќе го добие вистинското значење.

ОД ПОГОНИТЕ НА „СВЕДМИЛК“
Турски „Суташ“ почна да произведува млечни производи во Македонија
Млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт се производите што се произведени во Скопје во „Балканска млекарница" (турски „Суташ") и се веќе достапни во продавниците низ Македонија.
Али Мушфик Созер, генералниот менаџер на „Балканска млекарница“ вели дека лани ја подготвувале фабриката во Скопје да почне со производство и инвестирале 13 милиони евра.
„Подготвени сме да ги претставиме производите пред потрошувачите. Задоволни сме што нашата 38-годишна експертиза, посветеност и природен вкус ќе ги претставиме во Македонија. Веруваме дека нашите производи ќе бидат примени со позитивни реакции од страна на потрошувачите во Македонија, во земјата со која делиме заедничка култура и наследство“, изјави Созер. Тој објасни дека интегрираниот бизнис-модел на „Суташ“, „од трева до трпеза“, претставува гаранција за природен и вкусен производ.
Али Мушфик Созер
„Ние инвестираме во единствениот интегриран бизнис-модел на „Суташ“, „од трева до трпеза“, во целиот регион каде што сакаме да се етаблираме. Имаме намера да го примениме овој модел во Македонија, особено во млечната индустрија, продолжувајќи да инвестираме во едукативни центри, земјоделство, сточарски фарми, фабрика за сточарска храна и во рециклирачки и енергетски погони“, вели Созер.​
Врз основа на планираната инвестиција, во „Балканска млекарница-Македонија“ се очекува бројот на вработувања да достигне до 250 лица.
„Суташ“ пред две години ја купи пропаднатата млекарница „Сведмилк“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom