- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.886
- Поени од реакции
- 12.421
Овој транзициониот бизнисмен Трифун сегде го има. Значи не се илјада души кои ја држат македонската економија, десетина се.„Сведмилк“ може да се рестартира со 1.000.000 евра
За повторно да почне да работи млекарницата, потребни се пари колку за еден споменик на Александар Македонски, вели Трифун Костовски
Еден споменик на Александар Македонски е доволен за да се рестартира „Сведмилк“, изјави Трифун Костовски, еден од млекопроизводителите на кои млекарница му должи за неисплтено млеко, по средбата со новиот министер за земјоделство Љупчо Димовски.
- Ребаланс на буџетот ќе има за кратко време и тоа Владата може да го искористи за дел од парите да ги насочи кон рестартирање на млекарница. Ова и му го посочивме на новиот министер и се надевам дека ќе има позитивен одговор од страна на власта - вели Костовски.Тој вели дека целта на Владата не треба да биде распродавање на имотот, туку рестартирање на фабриката.
- За да се рестартира фабриката, потребни се четири до пет милиони евра, а толку чини и споменикот што допрва ќе се поставува во центарот на градот. Капацитетот е современ, може добро да работи и не гледам причина зошто некому би му било во интерес да го затвори - вели Костовски.За понудата на Моше Баум дека има пари да ја рестартира фабриката, Костовски вели дека не верува на празни зборови.
- Баум дојде во земјава во период кога фабриката се' уште работеше. Имаше можност да донесе пари и таа требаше да продолжи со работа. Не веруваме на празни муабети, туку на дела - вели Костовски.За стечајниот управник на млекарницата Богољуб Макревски, најмалку еден милион евра се потребни за да се рестартира „Сведмилк“. Според Федерацијата на фармери, овие пари може да се обезбедат преку Програмата за субвенционирање на говедарството или со наплата на обврските од должниците.
- Одржавме две средби со стечајниот управник на кои, меѓу другото, ја разгледавме можноста за стартно финансирање на млекарницата. „Сведмилк“ треба да продолжи со работа зашто станува збор за голема, модерна инвестиција. Ако се затвори, тешко ќе може да се врати нејзиниот извозен број, што индиректно ќе придонесе за намалување на сточниот фонд во земјава и ќе ја влоши и така тешката финансиска состојба на фармерите - вели Недим Касами, потпретседател на Федерацијата.
Според него, околу 914.000 евра не се исплатени како субвенции бидејќи околу 3.000 кооперанти на „Сведмилк“ не можат да предаваат млеко. Овие пари би можеле да се искористат за да се рестартира млекарницата. Федерацијата бара поддршка од Владата за ангажирање на Судот и сите надлежни институции во насока на исплата на долгот по кратка постапка.
Судот на 12 минатиот месец одлучи да биде отворена стечајна постапка за „Сведмилк“. Фармерите своите побарувања од млекарницата требаше да ги достават заклучно со 12 јули годинава.
Професор Среќко Георгиевски, од Факултетот за змејоделство и храна, вели дека со „Сведмилк“ сточниот фонд во земјава е уништен и треба многу години за бројот на кравите да се врати на ниво од периодот кога млекарницата работеше во полн ек.
Нешто е грешка или Костовски е млекопроизводител?