- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.475
- Поени од реакции
- 18.492
Заедно со нашите партнери ќе ја решиме енергетската криза во Косово, а потенцијалот во сферата на енергијата ќе почнеме да го ставаме во функција на регионот.
Ова, како што пренесува Макфакс, го изјави вчера косовскиот премиер Хашим Тачи, соопштувајќи ја одлуката за започнување на изградбата на термоцентралата „Косова е Ре“ (Ново Косово), кој се очекува да чини околу 3,5 милијарди евра.
Тачи изјави дека ова е историски проект кој ќе претставува пресврт за економскиот развој на Косово. „Ова е многу добар ден за Косово. Ова е одлука за најголем историски проект што се случил во Косово. Ова е проект кој ќе го направи најважниот пресврт и за економскиот развој на земјата“, истакна косовскиот премиер.
Првиот човек на косовската Влада наведе дека новата термоцентрала ќе обезбедува задоволувачка и издржлива енергија за домашна потрошувачка и за меѓународен извоз, како и дека истата ќе биде израдена според сите европски стандарди за заштита на средината.
„Вкупниот капацитет на термоцентралата ќе биде 2.000 мегавати, додека изградбата ќе се врши во две фази. Првата фаза од 1.000 мегавати ќе се изгради веднаш“, изјави Тачи.
Претставниците на Светската банка (СБ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), меѓународната цивилна канцеларија на Европската комисија и претставниците на УСАИД, оценија дека со изградбата на новата термоцентрала, освен стабилизацијата во снабдувањето со струја, Косово ќе бележи поголем и побрз економски развој.
Косовскиот премиер им се заблагодари на Европската комисија, Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и СБ, за помошта која ја дале за модернизирање на енергетскиот сектор во Косово.
„Транспарентноста ќе биде клучниот елемент кој ќе го следи спроведувањето на овие проекти. Спроведувањето на оваа стратегија нема да бара само технички експертизам, туку и значителен финансиски придонес, како и гаранција од донаторите и приватните инвеститори“, се обврза Тачи.
Косовската Влада одлучи да ја спроведе енергетската стратегија во три фази, кои се очекува да завршат најмалку до 2015, или највеќе до 2017 година.
Првата фаза ќе биде започнување на изградбата на новата термоцентрала „Косова е Ре“, втората во санирањето на постојната термоцентрала „Косова Б“ и третата фаза ќе биде затворање на термоцентралата „Косова А“, позната како голем загадувач на средината.
Вредно е да се спомне и повлекувањето германската компанија RWE, фаворит во трката за добивање на проектот за изградба на термоцентралата „Косова е Ре“. Со нејзиното повлекување во трка остануваат три конзорциуми, тој на чешката компанија „Чез“ и АЕС од САД, италијанската групација ЕНЕЛ и СЕНЦАП, како и компанијата ENBW
http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=6958