Косово ќе гради термоцентрала вредна 3,5 млрд евра

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.475
Поени од реакции
18.492
Заедно со нашите партнери ќе ја решиме енергетската криза во Косово, а потенцијалот во сферата на енергијата ќе почнеме да го ставаме во функција на регионот.

Ова, како што пренесува Макфакс, го изјави вчера косовскиот премиер Хашим Тачи, соопштувајќи ја одлуката за започнување на изградбата на термоцентралата „Косова е Ре“ (Ново Косово), кој се очекува да чини околу 3,5 милијарди евра.

Тачи изјави дека ова е историски проект кој ќе претставува пресврт за економскиот развој на Косово. „Ова е многу добар ден за Косово. Ова е одлука за најголем историски проект што се случил во Косово. Ова е проект кој ќе го направи најважниот пресврт и за економскиот развој на земјата“, истакна косовскиот премиер.

Првиот човек на косовската Влада наведе дека новата термоцентрала ќе обезбедува задоволувачка и издржлива енергија за домашна потрошувачка и за меѓународен извоз, како и дека истата ќе биде израдена според сите европски стандарди за заштита на средината.

„Вкупниот капацитет на термоцентралата ќе биде 2.000 мегавати, додека изградбата ќе се врши во две фази. Првата фаза од 1.000 мегавати ќе се изгради веднаш“, изјави Тачи.

Претставниците на Светската банка (СБ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), меѓународната цивилна канцеларија на Европската комисија и претставниците на УСАИД, оценија дека со изградбата на новата термоцентрала, освен стабилизацијата во снабдувањето со струја, Косово ќе бележи поголем и побрз економски развој.

Косовскиот премиер им се заблагодари на Европската комисија, Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и СБ, за помошта која ја дале за модернизирање на енергетскиот сектор во Косово.

„Транспарентноста ќе биде клучниот елемент кој ќе го следи спроведувањето на овие проекти. Спроведувањето на оваа стратегија нема да бара само технички експертизам, туку и значителен финансиски придонес, како и гаранција од донаторите и приватните инвеститори“, се обврза Тачи.

Косовската Влада одлучи да ја спроведе енергетската стратегија во три фази, кои се очекува да завршат најмалку до 2015, или највеќе до 2017 година.

Првата фаза ќе биде започнување на изградбата на новата термоцентрала „Косова е Ре“, втората во санирањето на постојната термоцентрала „Косова Б“ и третата фаза ќе биде затворање на термоцентралата „Косова А“, позната како голем загадувач на средината.

Вредно е да се спомне и повлекувањето германската компанија RWE, фаворит во трката за добивање на проектот за изградба на термоцентралата „Косова е Ре“. Со нејзиното повлекување во трка остануваат три конзорциуми, тој на чешката компанија „Чез“ и АЕС од САД, италијанската групација ЕНЕЛ и СЕНЦАП, како и компанијата ENBW


http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=6958
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ако де убаво...нека прават...

...само сега треба ние водејки се по онаа македонската за козите и комшиите да направиме една нуклеарка....јбг....немаме толку јаглен колку што имаат тие.

..она проектот на АБЦ не ми изгледа за лош....
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Ако де убаво...нека прават...

...само сега треба ние водејки се по онаа македонската за козите и комшиите да направиме една нуклеарка....јбг....немаме толку јаглен колку што имаат тие.

Е колку шо се тие за термо толку сме ние за нуклеарка.На советите му рокна така Чернобил за глупост,камоли нас.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
:eek:ftopic: До кога со самопотценување!?!
Најдлабоко извинување до тебе до мене и до целио македонски народ,Сега имам желба да си удрам тупан.Самопотценувањето е една од работите шо ги мразам органски а ете како да сме програмирани со то па и мене ми излета несвесно.


(Се срамам)
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Ако де убаво...нека прават...

...само сега треба ние водејки се по онаа македонската за козите и комшиите да направиме една нуклеарка....јбг....немаме толку јаглен колку што имаат тие.

..она проектот на АБЦ не ми изгледа за лош....
Абе не само што би било тоа добар проект туку и заслужуваме едно такво нешто. Дај да тргнеме напред само по минатото кукаме. Таа би била мотивирачка за секој еден граѓанин на Македонија.

Честитка за потегот на косово
 
C

cige

Гостин
Од каде бре толку пари?
Ах Американците маме им јебем, копилиња:tapp:
ќе се осмели ли некој да испита од каде извираат парите во косовскиот буџет?
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Од каде бре толку пари?
Ах Американците маме им јебем, копилиња:tapp:
ќе се осмели ли некој да испита од каде извираат парите во косовскиот буџет?

Шо ти се па сеа криви америте се чудам..
 
C

cige

Гостин
Шо ти се па сеа криви америте се чудам..
Тоа што Косово е под нивна контрола.
И никој не сме да спомне за шверцови, дилање и други слични нелегални заработувачки на Косоварите.
Сите го знаеме патот на хероинот и кокаинот. колумбија-северна африка-турција-цел балкан-албанија-италија.
Лага е дека цела Италија ја снабдуваат со дрога преку јадранско?
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Од каде бре толку пари?
Ах Американците маме им јебем, копилиња:tapp:
ќе се осмели ли некој да испита од каде извираат парите во косовскиот буџет?
не се нервирај бе, тоа е реалност некој си има финансиер некој нема и е башка оставен да се измачи за да преживее, тоа ти е исто ко во животот, некој ќе се роди во богата фамилија, а некој во сиромашна па да може да постигне нешто ќе се утепа од работа во лоши услови, додека на другиот ќе му ги чешкаат мудата и ќе му ги кријат прљавите алишта.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Цел Балкан има нужда от нови мокности,а една таква термоцентрала би била идеална за Западен Балкан.
Зо здраве и дано побрзо ja изградат.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Полека почнува да се одмотува клопчето. 3 месеца бомбардирање сепак не било за џабе. Баш ме занима кој ќе ја гради.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Полека почнува да се одмотува клопчето. 3 месеца бомбардирање сепак не било за џабе. Баш ме занима кој ќе ја гради.
Ти се сомнjaваш,дека или Германци или Американци ке градат?
Това е 100% сигурно.
Но коjто и да ja гради,поне да има струja за западен Балкан,това е битно.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.475
Поени од реакции
18.492
2.000 мегавати - тоа е цела Нуклеарка.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Битно е на чива територија ќе се гради и кој ќе брои пари. Тоа е битно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom