Очекував да се фатиш за про и антибугаризмот и сите тие детали, како да немаше каде да ги исфрлиш. Во секој случај ти благодарам за убавите фотографии, се сложувам за старата македонска азбука, но политиката и историјата мислам дека не ја дискутиравме.
Просечниот писмен македонец нема потреба од темниот вокал, а носталгијата кон некогашното писмо кое македонците го користеле треба да се надмине. Измената во азбуката сигурен сум дека е направена со политичка причина, и е направено идеално компромисно решение за македонскиот јазик да се оддели од бугарската и српската агресивна асимилаторска политика. Благодарение на тогашните заложби на неколку луѓе, ние сега имаме различна азбука, писмо, јазик, од соседите кои упорно се обидуваат да претстават како дел од нив за да не имаат под своја контрола. Бугарските букви кои сеуште се користат како немиот вокал се отфрлени како непотребни, а српските тврдо ч и џ исто така и заменети со гласови кои одговараат на македонскиот јазик. Да, тоа е насилна промена, која на некои места била претерана но исто така била и неопходна, за да можам јас, ти и нашите деца денес да се наречат македонци кои зборуваат македонски јазик.
Околу quest. Не морам да го поистоветам со трн, поентата е јасна, и токму така, на крајот на зборот не мора да стои бидејќи е излишно, на ист начин како што е излишно да стои и во средината на зборот, бидејќи за македонецот е јасно кој е зборот, како се акцентира и што сака да каже. Целата фама околу вокалот единствено можам да ја протолкувам како политичка провокација или како непознавање на историјата и политиката последниве 150 години на Балканот. Некои нешта морале да се направат, една од нив е жртвување на старото македонско писмо.
Хм...Про и антибугаризам или про и анти-македонизам? Бидејќи оние кои ја исфрлиле, како што ја нарекле членовите на првата комисија, старомакедонската буква ' од нашата азбука биле токму антимакедонските струи, т.н. пројугословенски а всушност просрпски, истите оние кои со интриги и долни средства уништуваа животи и кариери на македонски патриоти, знаеме кои. А морав да го спомнам ова бидејќи е потребно и да се знае во какви околности била отфрлена таа буква, бидејќи да ги немало тие околности и тие полтрони, ние денес немаше да дискутираме по ова прашање, нашата азбука ќе беше комплетна и ние ќе ја користевме таа буква без никаков комплекс од Бугарите.
Ајде да видиме уште еден историски аспект на тој глас во нашиот јазик;
Станува збор за еден текст од познатиот Абецедар, издаден во 1925 год. во Грција. Текстот се наоѓа на последната страна.
Lenka, lošata cupa.
Petre i Gjorgia odat na-pole za da igrat
so drugarite. Malata sestra na Petre, Lenka,
sakat i taja da odi sonimi da igra. Petre ja
nekeše. Lenka plači, vika i se
fírli na-zemnja
i fati da klocat. Fustano mu se stori berbat.
Babata ja sluša kako plačese ot aurot, kai
davaše seno na voloite.
Istírca i ja krena, ja
istrese i mu dade edno
círveno jabolko. Lenka
papsa da plači i si go jade jabolkoto.
http://damj.manu.edu.mk/pdf/0006ABECEDAR 1925.pdf
Потцртаните форми се всушност нашите зборови фрли, истрча и црвено, но со знакот í пред r! Зошто е тоа така? Гледаме дека е во прашање латиница а не нашата кирилица, одговорот е логичен- í е замена за '. Тој т.н. полуглас или поточно речено, темната самогласка ' е присутна и денес и во други европски јазици и сите тие си имаат соодветна буква за него, освен се разбира, ние Зошто Грците би го вметнале тој глас во Абецедарот? Затоа што многу одамна тој глас бил присутен и во старогрчкиот јазик, но со време се развил во самогласките о, а, е, пред или по р или л, додека кај нас таа темна самогласка во најголемиот број на случаи пред буквата Р е зачувана и до ден денес, но не ја бележиме, од некои причини.
Еве нешто и од МК Wiki
Азбуката на првото издание на Абецедарот со кирилична еквиваленција:Aa /а/, Bb /б/, Cc /ц/, Čč /ч/, Dd /д/, Ee /е/, Ff /ф/, Gg /г/, Hh /х/, Ii //и, Îî / ' или ɘ/, Jj /ј/, Kk /к/, Ll /л/, Mm /м/, Nn /н/, Oo /о/, Pp /п/, Rr /р/, Ss /с/, Šš /ш/, Tt /т/, Uu /у/, Üü /ʏ/, Vv /в/, Zz /з/, Žž /ж/, Dz dz /ѕ/, Dž dž /џ/.
Диграфи и триграфи: јa /ја/, јe /је/, јo /јо/, kja /ќа/, lja /ља/, nja /ња/, kjo /ќо/, ljo /љо/, njo /њо/, gja /ѓа/, gjo /ѓо/, ae /ае/, ei /еи или ој/, oi /ои или ој/.
Î- буквата Î во Абецедарот го претставува гласот /ɘ/. Денес тој не се смета како глас во стандардниот македонски јазик туку е полуглас и најчесто се сретнува пред буквата Р каде тогаш буквата Р добива вредност на самогласка. Гласот се сретнува во многу јазици како на пример во албанскиот јазик е претставен со симболот Ë, во турскиот јазик е преставен со буквата I а во бугарскиот и рускиот јазик со буквата '.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Абецедар
Ај изговориго зборот ЦРВ со ' пред р...Мене смешно , неприродно, развлечено и вештачки ми звучи!!! Тебе не или само инает тераш???? На крај на краиштата во Прилепскиот дијалект, кој е централен дури и во ЦЕНТРАЛНО МАКЕДОНСКОТО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ, кое е земено како основа за литературниот јазик, не се употребува тој глас, па нема ни потреба од буква!!!
Прилепчанец, не знам дали разбираш, поентата е во тоа што нема потреба да се вметне гласот
' пред р во црв.. Него веќе го има таму :helou: , но знакот соодветен за одбележување на тој глас е отфрлен од политички причини, а не лингвистички. Ти р како самостоен глас да се отепаш, па не можеш да го изговориш без гласот
', било вака 'р или вака р'. Значи, ние секогаш изговараме ц'рв, но погрешно пишуваме црв. Зошто е тоа погрешно? Бидејќи;
а) се претпоставува дека тоа р е продолжено, вокално р- цррв, а ние немаме такво во нашиот јазик, иако кога јас бев во училиште не учеа дека ’рж се бележело така затоа што ние сме изговарале рррж, што не е вистина, ние дома не го изговараме така, и уште не сум чул некој така да го изговара, освен 'рж или понекогаш р'ж.
б)не можеме да бидеме сигурни дали е ц'рв. цр'в или ц'р'в. Значи ' е забранетиот знак за една наша и тоа како постоечка самогласка! Акцентот како што знаеме паѓа врз самогласките, не врз согласките. Ти не можеш да го акцентираш гласот р, физички не е можно тоа. Што значи, ние по дифолт го поставуваме гласот ' на правилното место и тој збор е правилно акцентиран, што е и нормално, сепак тоа ни е мајчин јазик. Но не е јасно одбележано дали е акцентирано (акцентот ќе го одбележам со ставање на ' во загради);
-ц(')рв
-цр(')в
-ц(')р'в
-ц'р(')в