Добро, бидејќи поентата очигледно не успеа да ми ја уловиш, ајде прочитај го “трн“ и “т'рн“, и кажи ми дали во овие две има било каква разлика? Мислам дека сега ќе ме сфатиш на што целев.
Секако дека има. Тоа е она што колку што прочитав, цело време го пишуваат и членовите Силен и Зора на Слаободата. Нашат азбука цели кон тоа да биде фонетска азбука. Значи за секој глас по една буква. Но за еден глас нам буква очигледно ни фали. Не би можеле ни да ја спелуваме азбуката без тој глас да им го придадеме на сите согласки; а, б', в', г', д', ѓ', е, ж', з' итн. Латинската абецеда се спелува вака, нели; a, be, ce, de, e, ef, ge, итн. Грчкиот алфабет е веќе друга приказна;
алфа, бета, гама, делта, епсилон, ѕета, ета, тхета итн. Значи самостојни можат да бидат само самогласките, не и согласките меѓу кои спаѓаат т.н. ликвиди р, л, м, н. Е сега, самиот збор, како состав од гласови мора во себе да содржи комбинација од согласки како б, к, т, г, в, итн. и самогласките а, е, и, о, у , ' ; гкфркд не може да се изговори никако освен ако не се вметне некоја самогласка помеѓу секоја од согласките и на крајот на тој „збор“ како на пример '. Само во случај ако р се наоѓа помеѓу две согласки, тој би можел да ја превземе вокалната функција, т.е. функцијата на самогласка, но тоа веќе не ниту 'р, ниту р', туку е рр, значи продолжено р. Но ние такво во нашиот јазик немаме. Никој не вели тррн, туку во Македонија сите изговараат т'рн по дифолт, а погрешно тоа го пишуваме трн.
Во решението на првата јазична комисија буквата ' била застапена, а таа јазична комисија била најкомпетентна по тоа прашање, бидејќи во неа членувале школувани лингвисти и поети, додека во втората членувале луѓе кои воопшто не го ни знаеле македнскиот јазик, и не знам кому колку тоа му е познато, на таа втора комисија било решено целосно да се прифати Вуковата азбука, значи со српските ќ и ѓ и без ѕ. Но многумина меѓу македонската интелегенција се побуниле против тоа решение, и така ние денес го имаме компромисното решение на третата комисија. Што значи, ѕ ни е најмакедонската буква.