Темниот вокал во македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Силен
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Зошто фали?

Фали затоа што се изговара во многу зборови а не се пишува, значи тука фонетското правило се напуштило. Ние го читаме и изговараме по автоматизам (не го ни приметуваме) ама земи еден странец да учи македонски само по книга и ќе има проблем. Да не збориме што без него еден текст после 100 години ќе биде прочитан секаде без темниот вокал бидејќи никаде не е забележан дека постои. Значи не велам дека мора да се воведе туку само дека би било поправилно да го има. Не мора ни да биде иста буква како во другите словенски јазици кои го обележуваат, може и сосема уникатна буква да се стави.

Трка, брка, фрцка, рж, прв, врв, се само некои примери каде без темен вокал зборовите се читаат различно.
 
Ама тој вокал не се изговара, не знам зашо се буниме, меѓу глас е. Сите согласки на крај го имаат тој полуглас, едноставно дел од говорот е, ама никаде не прави разлика па дури и во зборчиња каде е по приметливо, како некои што ги наброја. Единствено оние кои се најкритични, како рж, македонскиот литературен ги означува со апостроф (`рж).

Ако сме се потрудиле да се одвоиме од српската азбука, тогаш секако дека и бугарските непотребни “гласови“ ќе гиисфрлиме од азбуката бидејќи реално не ги користиме.

Во зборот ’трка’ кој го имаш како прв, имаш четири гласа, сакаш спелувај го, сакаш кажи го заедно четири гласа излегуваат, мрдаш мусклули за четири гласа. Така што не сфаќам зошто би требало да го имаме темниот вокал?!
 
Ама тој вокал не се изговара, не знам зашо се буниме, меѓу глас е.

Како не се изговара :)? Ај помисли поубаво дали не се изговара или го изговараш автоматски без да обрнеш внимание?

Ако сме се потрудиле да се одвоиме од српската азбука, тогаш секако дека и бугарските непотребни “гласови“ ќе ги исфрлиме од азбуката бидејќи реално не ги користиме.

Темниот вокал и те како се користи само повеќето не се свесни и не го приметуваат. Ако не се обележува со посебна буква не значи и дека го нема. Како реков претходно, не мора да биде позната буква може и сосема нова да се измисли.

Во зборот ’трка’ кој го имаш како прв, имаш четири гласа, сакаш спелувај го, сакаш кажи го заедно четири гласа излегуваат, мрдаш мусклули за четири гласа. Така што не сфаќам зошто би требало да го имаме темниот вокал?!

Трка има 5 гласа. Со малку напор (ти по автоматизам го изговараш и темниот вокал) ќе успееш да го изговориш со 4 гласа како што би почнал и странец кои никогаш не го слушнал како звучи во оригинал.

Прочитај го претходниот пост главното таму го објаснив.

Нефункционалноста на буквата е во тоа што повеќе се користи во пишувањето , отколку во говорот(несвесно многу кажуваат з место ѕ)
и нема голем фонд на зборови каде што се користи оваа буква , ги напишав на предната страна.

Тоа нема никква врска, ти рекоа луѓето дека ја користат Ѕ и во говорот, не им веруваш? Дали има голем или мал фонд на зборови е ирелевантно. Или одиш по фонетика или не, многу е просто.

Читајќи ги постовиве, значи сите спомнавте уникатна азбука.
Дали тоа значи дека буквата ѕ треба да ни биде последен столб за заштита од соседите , иако не ја користиме многу и нема голем број зборови , секогаш може да кажеме , ете ние имаме ѕ и сме Македонци.
Па затоа буквата ѕ останува , за да бидеме засекогаш сигурни.

Не спомнаа сите уникатна азбука, јас такво нешто не напишав. Не си вади заклучоци кои тебе ти одговараат.

Ѕ се користи, факт! Дали тебе ти се допаѓа или не е сосема друга тема. Но аргументите за дискусија ти се погрешни!
 
односно испаѓаат овие гласа шт и '

Темниот вокал е исфрлен од азбуката, види постот со Викторгг за него. Јас сум да се врати во азбуката, со која буква не е битно.

шт не се употребува во литературниот јазик и затоа нема буква. Сепак дали е тоа еден глас? Зборот ште (како пример) може да се напише и како ште.
 
За темниот вокал. Точно дека фигурира како некоја целина, ама како целосен глас него го има само во одделни дијалекти, со ограничен број на говорители. Во литературниот македонски јазик е сосема друга ситуацијата. Тука темниот вокал се јавува во најдобар случај како полуглас, па следствено и не се означува со буква. На пр., кај зборовите трн, врв, прв, и др. Р ја презема целосно функцијата на слоговно јадро, и станува слоготворен глас. Е сега, ако нешто се слуша помеѓу постоечките гласови (а сигурно се слуша), тоа е полугласот, којшто некогаш е поизразен, повторно под влијание на дијалектите. И тука ќе важи правилото дека литературниот јазик е посебна норма од дијалектната и разговорната и не смееме да дозволиме елементи од тие норми да влегуваат во литературната норма, особено кога се изразуваме вербално. Таа норма мора да се одржи и секој којшто сака доследно и правилно да зборува на македонски литературен јазик мора да ја почитува нормата во секој и најмал детал.:smir:
 
шт-шт
шт-шч
Прашањето ми е знакот шт како се изговара ?
штo праиш ? - ова ќе биде што правиш или шчо правиш

Видов дека Албанците имаат глас Ѕ , само тие го пишуваат со буквата X.

шт-шт

Што праиш,шч се користи(ше) само во централните македонски дијалекти,Битола,Прилеп,Лерин итн...(Крсте Петков)Инаку буквата Ѕ,колку толку ни е потребна.
Јас би ја сакал буквата ' назад.Таја буква фали во нашио јазик.Позната како тврдиот јер.Таа не исчезнала со еволуција на јазикот туку со насилно отстранување!
 
ама шо кога ' е непотребна?
сум учела руски и стои најчесто некаде на крајот на зборот за да го омекне последниот звук.
 
ама шо кога ' е непотребна?
сум учела руски и стои најчесто некаде на крајот на зборот за да го омекне последниот звук.

Поинаку се користи во рускио а поинаку во нашио и бугарскио.Кај нас правилно не се користи на крајот на зборот.Ни кај бугарите,тоа е влијание руско.

Имаме милион зборој кај шо ни треба јерот.Мал пример:

ц'рв,д'рво,б'рдо,с'рце,'рж,к'рв,п'рв,м'рда,в'рба,в'рска,д'ржава и мнооооогу и мислам мнооогу други.
 
во сите случаеви има слоготворно Р и нема потреба од ‘ . Ако е така тогаш и србите и хрватите ке треба да ја вметнат таа буква
 
во сите случаеви има слоготворно Р и нема потреба од ‘ . Ако е така тогаш и србите и хрватите ке треба да ја вметнат таа буква

Па и тие треба и мислам дека не е тајна дека комисијата од македонски писатели одлучила оваа буква да се користи во нашиот јазик,само е тргната од Белград,без оваа буква нашиот јазик не е совршен и фали глас.
 
Ако фали како шо сметаш да прашаме некој школован лингвист, неутрален, да видиме што ке кажи ајде.
 
Ако фали како шо сметаш да прашаме некој школован лингвист, неутрален, да видиме што ке кажи ајде.

Фали бе чоек,во зборот врба има 5 гласа,изговараш 5 гласа,во нашата азбука и јазик има знак за секој глас,барем се фалиме дека е така.Прашај лингвист секој има индивидуално мислење,нема некое правило туку секој како смета дека треба да биде.Ти ако сакаш и ц можиш да ја пишиш како тс и ќе најдиш причина за то.
 
Трка има 5 гласа. Со малку напор (ти по автоматизам го изговараш и темниот вокал) ќе успееш да го изговориш со 4 гласа како што би почнал и странец кои никогаш не го слушнал како звучи во оригинал.
Не можам да се сложам. Не е тоа по автоматизам, едноставно јас така говорам, и така литературниот македонски јазик звучи. Тука има 4 гласа. А странците не ти држат вода, па странец не може да изговори ни Ѕ ни Џ ни Ѓ, зар ќе ги земеме како релевантни? Битни сме ние, а кога велиш “трка“ сите букви се слеани, не велиш Т... па да го продолжиш зборот. Не знам како е во пиринските дијалекти точно, но во литературниот после Т немаш простор, ниту пауза, ниту влечење на гласот како што има во скопскиот сленг за бројките (дваесет - скопјани го викаат “двааесе“). Постот на Hanibal Ante Portas тоа убаво го објаснува. Тоа е полу глас во македонскиот јазик, и кога има потреба се обележува со апостроф.

На крајот на краиштата, самата помисла дека е тоа бугарска пропаганда или наликува на тоа, не ми се допаѓа.
ZoraNaSlobodata напиша:
Фали бе чоек,во зборот врба има 5 гласа,изговараш 5 гласа,во нашата азбука и јазик има знак за секој глас,барем се фалиме дека е така.Прашај лингвист секој има индивидуално мислење,нема некое правило туку секој како смета дека треба да биде.Ти ако сакаш и ц можиш да ја пишиш како тс и ќе најдиш причина за то.
Ја не знам ти како го изговараш “врба“ - ама ако го спелуваш, односно разложиш и го изговориш буква по буква добиваш глас “В“ а не В-`(тоа апострофчето ти е она кое ти го сметаш за нов глас) глас “Р“ (а не `Р како `рж) глас “Б“ и глас “А“. Кај ти е тој петти глас кој мене ми промакнува не разбирам. :toe:
 
ако ја прифатиме ' тогаш треба да ги избришеме њ и љ
 
Темната самогласка воопшто не ни е потребна!!! Ај пробајте да спелувате ВРБА. Буква по буква В....Р....Б....А. Никаде нема самостојна буква "'" , туку таа е составен дел при изговорот на секоја согласка.
А за буквата "шт" џабе се прај муабет кога е спротивна на фонетскиот принцип (еден глас-една буква) , па во македонскиот јазик си ги има Ш и Т па и Ш и Ч!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom