За Брацо и другите "исцелители"

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Да ја отворам оваа тема ме поттикна веста од А1 за второто доаѓање на Брацо во Македонија.
Илјадници луѓе бараа спас од Брацо


Природен феномен или ...? Стоејќи под отворено небо, со поглед упатен кон масата народ, хрватскиот исцелител Брацо денеска им даде надеж на сите несреќни, болни, сиромашни.
Студеното време не беше пречка за десетици илјади луѓе со цвеќе в рака и слики од најмилите да најдат спасение во неговата моќ.
Доаѓаа организирано од цела Македонија и од соседните земји.
„Јас сум од Врање. Очекувам да ми помогне, штом од далеку доаѓаме. Јас од Пирава, Валандово. Дојдовме за него да ни даде здравје, го поздравивме многу, со желба внучиња да ни донесе, зет, ќерка. Од Струмица пет автобуси дојдоа, а од Валандово два. Како и сите други луѓе, веројатно ќе ни помогне, се надеваме. Имаме четири автобуса од Кочани и дојдовме за добро“, рекоа дојдените граѓани.
Од седум часот изутрина, река луѓе се слеваше под Скопското Кале. Интервенираше и Итната медицинска помош. „Немаше посериозни интервенции, така што се е во ред“, вели присутна докторка.
Цели 11 години трае мисијата на Брацо низ Европа. За себе вели дека не лекува болести, туку луѓе. Тој не дава изјави, ниту директно комуницира со луѓето, туку преку својот помошник.
„Брацо само ги гледа луѓето, во тој момент ако тие се фиксирани и концентрирани ќе доживеат освестување во сегашниот момент. Ќе почнат да функционираат сега, неоптоварени со иднината и минатото“, изјави м-р Драго Плечко, парапсихолог.
Една жена вели дека успеала да роди дете по 15 години неплодност.
„Чуда прави, жив ангел е, немам зборови, лечи од болести, помага. После 15 години добив ќерка“, рече жената.
Коинциденција или вистински исцелител? Брацо собра илјадници луѓе. Од Министерството за здравство велат дека не дале дозвола за неговиот престој.
„Ние немаме добиено никакво барање за таква работа и според законот нема право никој да работи на отворено“, изјави Шемси Муса, директор на ДСЗИ.
Да се биде блиску до Брацо се продаваа влезници по цена од 250 денари, цедеа, книги, и ланчиња со наводна моќ по цени од 1.200 до 3.000 денари.
Колку инкасираше организаторот, не се знае точно. Само до 11 часот биле продадени 5.000 влезници.
Како и да е, феноменот Брацо ја дигна Македонија - различни судбини, трагедии, болни, очајни луѓе дојдоа по ронка надеж.


*********************************************************
Еве и по некој коментар

vie voopsto nemate pojma za kakov covek stanuva zbor.majka mi boleduva od metastazi i posle nejzinoto prvo odenje kaj Braco,metastazite isceznaa.parite od vleznicite ne se nameneti licno za Braco,tuku za negoviot prestoj vo Skopje,avionskata karta i iznajmeniot restoran.Kolku za informacija,BRACO vo zagreb eden denar ne zema od lugjeto.Sram da vi e sto sekoja rabota ja gledate preku prizma na pari
”Ако некој ви рече тогаш: ‘Еве, Христос е тука’ или ‘таму’- не верувајте,

зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните."

Matej 24:23,24

Se zaprasal li nekoj od kade mu e mokta na covekot i vo cie ime gi "isceluva" lugjeto?
Знам дека постои ваков сличен исцелител и во Македонија, мислам дека се викаше Иван. Што мислите, дали овие исцелители навистина лечат болести и воведуваат среќа, богатство и благосостојба кај човекот, бидејќи многумина велат дека таквите исцелители навистина им помогнале, но дали е тоа само резултат на сугестија или некој вид на плацебо-ефект?

Што мислите вие во врска со ова? Инаку знам дека доаѓаат луѓе кои се инвалиди и ја гледаат својата надеж во натприродното, потоа луѓе кои не се задоволни од својата среќа, како и болни кои поради болеста и состојбата ја изгубиле надежта во медицината, па одењето кај вакви луѓе им претставува последна надеж дека тие понатаму ќе можат да живеат нормален живот.
 
:toe:



лугето имаат маки,па оттука секоја тронка надеж ја искористуваат без разлика на цената. Не велат за џабе надежта последна умира.

инаку нема ниту пласибо ефект ни ништо чудно,и зошто парапсихолог зборува за брацо....ако има врска со парапсихологија(значи телепатија телекинеза....)..

замене чист пласибо ефект а и не секој се ОСВЕСТИЛ така...
 
ме нервираа вакви свет што се нарекуваат исцелители.
еве извадок од библијата.


"Подоцна, кога Исус седеше на падините од Маслиновата Гора, Му пријдоа Неговите ученици и насамо Го прашаа: ,Кажи ни кога ќе се случи сето тоа и по што ќе го познаеме времето на Твоето повторно доаѓање и крајот на светот?- Исус им одговори: ,Чувајте се некој да не ве заведе. Бидејќи мнозина ќе се појават под Моето име и ќе ви говорат: ,Јас сум Месијата!- - и ќе измамат мнозина. Ќе избувнат војни во близина и војни во далечина. Да не ве обзема паника, зашто тоа мора да се случи, иако тоа не значи дека веќе дошол крајот. Народите ќе војуваат едни против други, и држави против други држави. Глад и земјотреси ќе погодат многу места. Сето ова ќе биде само како почеток на породилни болки! Тогаш вас ќе ве апсат, ќе ве казнуваат и ќе ве убиваат. Поради верата во Мене, по целиот свет ќе ве мразат. Во тоа време мнозина ќе се откажат од верата во Мене; едни други ќе се издаваат и меѓусебно ќе се мразат. Ќе се појават и многу лажни пророци и ќе заведат мнозина. Грешноста ќе земе таков замав, што љубовта меѓу луѓето ќе станува се постудена. Но тој што докрај ќе се одржи, ќе се спаси. А Радосната вест за небесното царство ќе се проповеда по целиот свет, за да ја чујат сите народи. Тогаш ќе дојде крајот.-" (Матеј 24:3-14
 
"Подоцна, кога Исус седеше на падините од Маслиновата Гора, Му пријдоа Неговите ученици и насамо Го прашаа: ,Кажи ни кога ќе ...............................

Дај бе..зар не гледаш дека веќе си досаден со тој еден те исти цитат во секоја можна тема........:helou:
 
Дај бе..зар не гледаш дека веќе си досаден со тој еден те исти цитат во секоја можна тема........:helou:

ако го напишав само делот дека не треба а веруваме во оние што сами се прогласуваат за исцелители ќе испаднеше дека сам сум си го напишал а вака нека видат дека е цитат.
 
ако го напишав само делот дека не треба а веруваме во оние што сами се прогласуваат за исцелители ќе испаднеше дека сам сум си го напишал а вака нека видат дека е цитат.

е шо само Исус ли монопол да прави .. :)
 
е шо само Исус ли монопол да прави .. :)
Не е до монополот..до друго е...тоа ти е исто како да бираш меѓу европска и кинеска кола..оваа втората на краш-тестот...ја снемува...па така и овие исцелителите ко демек доаѓаат во име на Бога..со нив се возиш додека не се појави првиот проблем..е после...се осеќаш како crash test dummy..измамен

Инаку кога станува збор за Брацо..

Прекршочна пријава за организаторот на случајот Брацо

x.gif
Државниот санитарен и здравствен инспекторат-Скопје вчера изврши инспекциски надзор во хотел „Александар Палас“-Скопје
Станува збор за надзор во врска со промоција на книгите „Брацо 1“ и „Брацо 2“, издадени од авторот Јосип Грбавац-Брацо од Загреб, при што беше констатирано дека во конкретниот случај станува збор за обезбедување услуги на граѓаните од областа на алтернативната медицина, која кај нас со законски прописи не е дозволена. Поради тоа против организаторот-Центарот за душевна и телесна ревитализација „Салус Плус ДООЕЛ“ ќе поведе прекршочна постапка за вршење здравствена дејност без дозвола.
 
Илјадници луѓе бараа спас од Брацо


Да се биде блиску до Брацо се продаваа влезници по цена од 250 денари, цедеа, книги, и ланчиња со наводна моќ по цени од 1.200 до 3.000 денари.


Хахахахахха колку прости луѓе има значи ццц 250 ден * 1000 = 250 000
+ дранглулии 20000 = 270 000 ден :nesum::nesum::nesum: Дај и ја да бидам исцелител ке имам пари да живеам цела година :)
 
Ако навистина помогнал барем некому, како на жената од текстот горе, добро. Се на се, факт е дека на повеќето не им помогнал, а ги собира ко овци пред себе. И молчи. А што ли му ја мисли? Можеби навистина ја владее Тишината пред се во себе, само колку има врска тоа со исцелувањето? Му препушта на Господ, нека биде волјата негова.
 
Vistina mnogu e zalno ovaa shto se slucuva! Tolku lsep narod kako nasiov nema nikade, pogolemi paganizmi i bezboznici nemalo nitu pak ke ima...
 
Vistina mnogu e zalno ovaa shto se slucuva! Tolku lsep narod kako nasiov nema nikade, pogolemi paganizmi i bezboznici nemalo nitu pak ke ima...

не само кај нас ...
овој по цела европа оди ... оди да видиш на web кај него како германци и останати плачат по него :)
 
Мајка ми работеше на граничниот премин Табановце и среќаваше многу луѓе кои одат кај Брацо во Хрватска. Има слушнато многу приказни на луѓе кои стварно им помогнал. Слушајќи така баба ми појде еднаш во Хрватска кај него. Одеа 2 автобуса со околу 100 луѓе сигурно. Таа е болна од жлезди и цел живот пие лекови од тоа. Кога отишле таму сите носеле цвеќе кое го оставиле,а земале друго. Потоа отишле по групи во некоја просторија каде стоеле и тој на секого праќал по некој поглед. Кога се врати отиде на лекар и првин лекарот и ги намали лековите а потоа и рече и сосема да ги остави. На сите ни беше чудно,но така беше.

Јас не верувам во магии,исцелители и други такви работи...ама оваа вистина се случи...:toe:
 
Интервенираше и Итната медицинска помош. „Немаше посериозни интервенции, така што се е во ред“, вели присутна докторка.
Па што ќе интервенира, Брацо е тука да ги излечи од колапс.

„Чуда прави, жив ангел е, немам зборови, лечи од болести, помага. После 15 години добив ќерка“, рече жената.
Честопати вакви случаи излегува дека се врз мозочна основа, психолошки проблеми.

Инаку ова е лошо, да се користи немоќта, болестите за богатење :nenene:

На еден српски форум читав (требаше и ние да идеме, па се информирав за ова од форуми, сајтови...и кога исчитав, се откажавме) за овој, од лице кое влегло внатре. Се собираат повеќе души (за побрзо, ефикасност) стојат кратко време и толку. Треба да се купат тие цдиња, ланчиња...такви ствари. А околу нив типови од обезбедување.
Греота за оние кои доаѓаат, сигурно имаат невидена мака, ама тоа е, се живо се шета по светов :toe:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom