- Член од
- 8 март 2009
- Мислења
- 1
- Поени од реакции
- 0
:nesum: braco e..
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не си се соочил со вистински проблем, затоа јадеш бурек...ако некогаш дојдеш со главата до ѕидот, тогаш самиот ќе се увериш дали си прост или сложен...не за цд од 250 денари ами ќе се фатиш и за нешто уште попросто...Хахахахахха колку прости луѓе има значи ццц 250 ден * 1000 = 250 000
+ дранглулии 20000 = 270 000 ден :nesum::nesum::nesum: Дај и ја да бидам исцелител ке имам пари да живеам цела година![]()
Не си се соочил со вистински проблем, затоа јадеш бурек...ако некогаш дојдеш со главата до ѕидот, тогаш самиот ќе се увериш дали си прост или сложен...не за цд од 250 денари ами ќе се фатиш и за нешто уште попросто...
Проблемот е тоа што луѓето не знаат каква моќ имаат во самите себе ... значи не се потребни разни исцелители , сето тоа го можат самите ... :smir:
СТРУЧЊАЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ ЗА ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НАДРИЛЕКАРИ
Чувајте се од матичните бајачи
Сакаме да ги заштитиме граѓаните. Инспекторите се максимално посветени на контрола на препаратите што се произведуваат спротивно на Законот за лековите. Поднесовме три пријави за лица што произведуваат такви препарати од Прилеп, Куманово и од Скопје. Граѓаните мора да станат свесни дека не може со баење, со гледање или други парапсихолошки методи да се постигне тераписки ефект. Тоа е само плацебо ефект - предупредува директорот на Бирото, Илчо Захариев
Захариев предупредува граѓаните никако да не им веруваат на лицата што сакаат да ја искористат нивната мака за личен профит.
- Корист нема да имаат од чаевите и еликсирите, туку огромна и ненадоместлива штета, која ни еден лекар нема да може да ја поправи.
- Неопходен е широк фронт, здравствено просветување и едукација на граѓаните за да им се застане на патот на овие појави. Некои работи се деликатни. На пример, во случајот со Брацо, организаторот се правдаше дека има одобренија од други министерства, од полицијата и затоа не можеше да се прекине сеансата. Но сепак, ние поднесовме прекршочна пријава - велат во Инспекторатот.
Светиот синод на Македонската православна црква вчера испрати соопштение со кое апелираше до „своите верни чеда да ги избегнуваат самопрогласените исцелители и видовити надрилекари, вложувајќи напор да ја сочуваат својата спасителна вера, чувајќи се од агресивниот напад на секташкото, антихристијанското и антиправославно учење“.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FDD5B7D7E6756C41A3FBA6AC7201FCA9
Да луѓето имаат моќ...и многумина тоа и го знаат, но едно е тоа да го знаеш дека го поседуваш а друго е да можеш да го практикуваш односно искористиш...еве ти знаеш дека поседуваш таква моќ, па кажи ни дали можеш самиот да се исцелиш, дали можеш да ги исцелиш твоите блиски...дете тебе изгледа М-експрес ти бил омилено четиво...Проблемот е тоа што луѓето не знаат каква моќ имаат во самите себе ... значи не се потребни разни исцелители , сето тоа го можат самите ... :smir:
Ај сега јас ќе запрашам дали граѓанаите треба да имаат доверба во лекарите кои се повеќе бараат пари за услуги за кои добиваат плата...колку граѓани во тески ситуации мораат да дадат по неколку илјади евра за лекарот да интервенира...колку лекари отворено го наведуваат да не речам принудуваат пациентите од државните здравствени установи да одат во нивните приватни ординации...во тие ли лекари да имаме доверба...
кога станува збор за црквата (да не користам некој тежок збор па да добијам бан) нив само им е жал што парите на граѓаните завршуваат во рацете на бајачите или надрилекарите а не во џебовите на поповите...ништо друго освен финансиски интерес во обата случаја, и кај црквата и кај лекарите...
Еден таков професионалец го уби татко ми...не сакаше ниту да го погледа поканувајќи не во неговата ординација после работното време...а дотогаш се случија уште три инфаркти, од кои последиот фатален...му честитам на образованието и на титулата...Кога од една страна има бајач, најчесто самопрогласен и јавно промовиран, а од друга лекар, професионалец, човек кој знаењето го стекнал по пат на образование поприродно ми е да му платам на вториот. Затоа што "лекувањето" на надрилекарите понекогаш знае да чини многу, посебно ако се работи за тешки болести кога финансиите не се гледаат толку, туку се гледа начинот на кој ќе бидат обезбедени.
За болдираното така е , него мене нешто друго ме интересира дали некаде има официјално испитување или официјална статистика на колку од тие луѓе Брацо им помогнал, а на колку не. Не би осудувал предвреме за или против, без соодветни физички докази не можам да донесам заклучок за Брацо така да тој човек останува мистерија во подфорум мистерии.Не си се соочил со вистински проблем, затоа јадеш бурек...ако некогаш дојдеш со главата до ѕидот, тогаш самиот ќе се увериш дали си прост или сложен...не за цд од 250 денари ами ќе се фатиш и за нешто уште попросто...
Луѓето што си имаат мака и проблеми ќе чукнат на секоја врата и пробуваат секаде да најдат помош,да се спасат....