VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Анализата на просечните плати во земјава по сектори покажува дека илјадници земјоделци, текстилни работници, вработени во преработувачката индустрија и други имаат плати што се далеку под просекот. За разлика од нив, вработените во стоилјадната администрација можат да се пофалат дека земаат плати што се повисоки или приближно еднакви на просечната исплатена нето-плата
Просечната плата во Македонија првпат ја надмина границата од 20.000 денари, и тоа во услови на криза, меѓутоа повеќето македонски работници сé уште имаат двојно помали месечни примања. Анализата на просечните плати во земјава по сектори покажува дека илјадници земјоделци, текстилни работници, вработени во преработувачката индустрија и други имаат плати што се далеку под просекот. За разлика од нив, вработените во стоилјадната администрација можат да се пофалат дека земаат плати што се повисоки или приближно еднакви на просечната исплатена нето-плата.
Најниска плата во земјава во април годинава зеле вработените во фирмите што се занимаваат со производство на текстилни ткаенини, облека и обработка на кожа, каде што платата во просек изнесува од 8.200 до 9.000 денари. Плата што е неколку илјади денари под просекот во Македонија зеле и лицата што се занимаваат со земјоделство, рибарство, вработените во различни гранки од преработувачката индустрија, во трговијата и во повеќе други дејности.
На листата, пак, на највисоки плати убедливо водат вработените во дејноста финансиско посредување (банки, штедилници и други финансиски институции), кои зеле просечна плата од околу 39.000 денари.
Интересно е што меѓу десетте дејности со највисока просечна плата се и јавната управа и здравството. Имено, вработените во јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита во април годинава зеле просечна плата од 25.360 денари, вработените во здравството и социјалната работа имале просечна плата од 21.690 денари, а вработените во образованието зеле просечна плата од 19.439 денари. Во Државниот завод за статистика нагласуваат дека од јануари 2009 година, со примена на концептот за бруто-плати, настанаа структурни промени во податоците за нето-плати со тоа што надоместоците за храна и превоз беа вклучени во платите. Сепак очигледно е дека покачувањата на платите во администрацијата во изминатите две години во голема мера придонесоа за порастот на просечната плата во Македонија. Имено, според податоците на ДЗС, во април годинава во здравството им биле исплатени плати на 34.223 работници, во образованието на 34.777 работници, а во секторот јавна управа и одбрана на 43.158 работници. Ако се земе предвид дека во Македонија работат вкупно 618.189 лица, бројката од над 110.000 вработени во администрацијата, образованието и здравството јасно покажува како просечната месечна плата во Македонија за две години порасна од 14.291 на 20.167 денари.

Просечна плата во Македонија
година/април
просечна плата
2003
11.545
2004
12.150
2005
12.413
2006
13.255
2007
14.291
2008
15.605
2009
20.167
Просечни плати по одредени сектори
сектор 2006
2007
2008
2009
земјоделство 9.857
10.361
11.369
13.613
текстилни ткаенини 6.874
7.315
8.137
8.792
облека 5.039
5.955
6.862
9.027
дрво 8.296
8.677
8.655
8.205
метални производи 8.168
10.350
9.109
11.207
мебел 6.114
7.098
8.230
10.417
јавна управа и одбрана 16.047
16.568
18.239
25.360
образование 11.964
13.488
14.908
19.439
здравство 12.087
12.822
14.786
21.690
Извор: Државен завод за статистика