Криза е, а просечната плата првпат над 20.000 денари!

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Анализата на просечните плати во земјава по сектори покажува дека илјадници земјоделци, текстилни работници, вработени во преработувачката индустрија и други имаат плати што се далеку под просекот. За разлика од нив, вработените во стоилјадната администрација можат да се пофалат дека земаат плати што се повисоки или приближно еднакви на просечната исплатена нето-плата

Просечната плата во Македонија првпат ја надмина границата од 20.000 денари, и тоа во услови на криза, меѓутоа повеќето македонски работници сé уште имаат двојно помали месечни примања. Анализата на просечните плати во земјава по сектори покажува дека илјадници земјоделци, текстилни работници, вработени во преработувачката индустрија и други имаат плати што се далеку под просекот. За разлика од нив, вработените во стоилјадната администрација можат да се пофалат дека земаат плати што се повисоки или приближно еднакви на просечната исплатена нето-плата.

Најниска плата во земјава во април годинава зеле вработените во фирмите што се занимаваат со производство на текстилни ткаенини, облека и обработка на кожа, каде што платата во просек изнесува од 8.200 до 9.000 денари. Плата што е неколку илјади денари под просекот во Македонија зеле и лицата што се занимаваат со земјоделство, рибарство, вработените во различни гранки од преработувачката индустрија, во трговијата и во повеќе други дејности.

На листата, пак, на највисоки плати убедливо водат вработените во дејноста финансиско посредување (банки, штедилници и други финансиски институции), кои зеле просечна плата од околу 39.000 денари.

Интересно е што меѓу десетте дејности со највисока просечна плата се и јавната управа и здравството. Имено, вработените во јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита во април годинава зеле просечна плата од 25.360 денари, вработените во здравството и социјалната работа имале просечна плата од 21.690 денари, а вработените во образованието зеле просечна плата од 19.439 денари. Во Државниот завод за статистика нагласуваат дека од јануари 2009 година, со примена на концептот за бруто-плати, настанаа структурни промени во податоците за нето-плати со тоа што надоместоците за храна и превоз беа вклучени во платите. Сепак очигледно е дека покачувањата на платите во администрацијата во изминатите две години во голема мера придонесоа за порастот на просечната плата во Македонија. Имено, според податоците на ДЗС, во април годинава во здравството им биле исплатени плати на 34.223 работници, во образованието на 34.777 работници, а во секторот јавна управа и одбрана на 43.158 работници. Ако се земе предвид дека во Македонија работат вкупно 618.189 лица, бројката од над 110.000 вработени во администрацијата, образованието и здравството јасно покажува како просечната месечна плата во Македонија за две години порасна од 14.291 на 20.167 денари.



Просечна плата во Македонија
година/април
просечна плата
2003
11.545
2004
12.150
2005
12.413
2006
13.255
2007
14.291
2008
15.605
2009
20.167

Просечни плати по одредени сектори
сектор
2006
2007
2008
2009
земјоделство
9.857
10.361
11.369
13.613
текстилни ткаенини
6.874
7.315
8.137
8.792
облека
5.039
5.955
6.862
9.027
дрво
8.296
8.677
8.655
8.205
метални производи
8.168
10.350
9.109
11.207
мебел
6.114
7.098
8.230
10.417
јавна управа и одбрана
16.047
16.568
18.239
25.360
образование
11.964
13.488
14.908
19.439
здравство
12.087
12.822
14.786
21.690
Извор: Државен завод за статистика
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Според бројките......

нешто дебело не е во ред, па после се чудиме зошто сите сакаат работно место под државен чадор...
....па дај да го вратиме социјализмот ако е така.....не знам зошто избегавме од него!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Дефинитивно нешто не е во ред со земјава македонска.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ајде аирлија нека ни е,само да “бабрат“ просечните плати,за друго ич не му се секираме.:helou:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
да бе тие со ниски плати останаа без работа и нормално просечната плата да се зголеми
ваму јас неможам да најдам човек со поголема плата од 8 000
мижи да те лажам е работава :uvo:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
јавна управа образование и здравство...

ОТРОВ е работава:toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ајде потписов стана вистина,каде може да конкурираме за најлуда нација на светот?
Кој гол популизам на чинија,ми се повраќа!
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Од 2003 до денес се дуплирала просечна плата, опаа... а само од претходниот месец се зголемила за 800 денари...хахаха

Сваким даном нам је све боље и боље...:pos2:

Да им се јави некој во завод за статистика да не се резилат веќе...срамота е...
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Според бројките......

нешто дебело не е во ред, па после се чудиме зошто сите сакаат работно место под државен чадор...
....па дај да го вратиме социјализмот ако е така.....не знам зошто избегавме од него!
vone..... социјализмот не го избркавма туку ние избегавме од него, а навиките социјалистички не сакаме да ги заборавиме ниту да ги смениме,а некој јако би сакал да го вратат на голема врата...........:helou:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Значи, просечната плата е висока поради дуплираните плати на администрацијата...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Значи, просечната плата е висока поради дуплираните плати на администрацијата...
Не,просечната плата е висока поради дуплираната администрација а отпуштените и сега невработени работници,кој заводот за статистика не ги зема повеќе во обзир.:toe:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Кој кретен гледа просечна плата во држава која има 400 000 невработени. Односно нешто помалку од пола од работоспособното население.

едит: тоа ти е исто ко некој човек да умира а ти му кажуваш "ех што убави заби имаш"
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Не,просечната плата е висока поради дуплираната администрација а отпуштените и сега невработени работници,кој заводот за статистика не ги зема повеќе во обзир.:toe:
Значи,

Просечната плата е висока поради дуплираните плати на администрацијата која и самата е дуплирана, со стремежи да се триплира.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Да се радуваме на покачените 500 денари на оние од текстилната индустрија или на тие 10 000 од администрацијата???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom