Евтини производи во Прилеп

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Е сега подфорумов е премногу макроекономија што би рекла Леандра, или тупаџиски што би рекол јас, па решив да отворам тема за микроокеномија.
Темава е за евтини производи кои што можат да се набават во Прилеп. Било што не е битно дали храна, облека, обувки, бела техника, производи за широка потрошувачка итн. Криви дрини исправање нејќам туку конкретно практично нешто како што е цена, производ и каде можи да се набави, а можи и споредба на цени.
Искрено да си признаам бев инспириран од ABC затоа што на човекот му беше скап кашкавалот. Евтин кашкавал има наспроти пазарот за сирење во продавничината, цената му е 230 денари за килограм, кашкавалот е кравски и од млекара Мики. Со квалитетот е исти ли дури и подобар од тие што чинат по 290, 320, или 360 денари.

За другите градови нека си отворат тема тие што живеат таму.
Ајде практично нешто што можи да ни помогни во животот, доста тупење :smir:.
 
Колку чини е скарата и храната од сендвичарите ,а и кафињата по кафичите.Зошто планираме да идеме на пиво фест а сакаме да заштедиме за да има повеќе за пиење:helou:
 
Макијато 40 денари просек тука е цената скоро секаде, нескафе 60-70 денари ова општо по кафичите.
А за скара цените можам да напишам само што јадам јас, а тоа е ловечка (шарска) или мала македонка, ловечката сосе гарнир ти е некаде 110-120 денари, а малата македонка 130-160 денари зависи каде јадиш.
 
што ти е тоа..мала македонка????
 
што ти е тоа..мала македонка????
Мала се мисли на 300-350 грама, голема 400-450 грама.
Е сега поимот македонка, тоа ти е нешто слично како ловечка (шарска) само со многу повеќе кашкавал, кој што е затворен како во сендвич, односно целосно затворен за да не истечи помеѓу амурот (меленото месо кое што е исто како за плескавица и ловечка).
 
Лиги ми потекоа,најсикрено.
Кога ќе дојдам ќе частиш една во Македонска куќа,бива ли:)
 
Е сега подфорумов е премногу макроекономија што би рекла Леандра, или тупаџиски што би рекол јас, па решив да отворам тема за микроокеномија.
Темава е за евтини производи кои што можат да се набават во Прилеп. Било што не е битно дали храна, облека, обувки, бела техника, производи за широка потрошувачка итн. Криви дрини исправање нејќам туку конкретно практично нешто како што е цена, производ и каде можи да се набави, а можи и споредба на цени.
Искрено да си признаам бев инспириран од ABC затоа што на човекот му беше скап кашкавалот. Евтин кашкавал има наспроти пазарот за сирење во продавничината, цената му е 230 денари за килограм, кашкавалот е кравски и од млекара Мики. Со квалитетот е исти ли дури и подобар од тие што чинат по 290, 320, или 360 денари.

За другите градови нека си отворат тема тие што живеат таму.
Ајде практично нешто што можи да ни помогни во животот, доста тупење :smir:.

Во тие продавничките или поточно во една може да се купи младо биено сирење, не ставено во солило. Тоа вреди и повеќе да го платиш бидејќи тоа е нешто од највкузните работи што сум ги јадел во живот.
 
Лиги ми потекоа,најсикрено.
Кога ќе дојдам ќе частиш една во Македонска куќа,бива ли:)
Еве и јас се нафаќам,ама НИ ПОД РАЗНО во Македонска Куќа.:smir:
 
Е сега подфорумов е премногу макроекономија што би рекла Леандра, или тупаџиски што би рекол јас, па решив да отворам тема за микроокеномија.
Темава е за евтини производи кои што можат да се набават во Прилеп. Било што не е битно дали храна, облека, обувки, бела техника, производи за широка потрошувачка итн. Криви дрини исправање нејќам туку конкретно практично нешто како што е цена, производ и каде можи да се набави, а можи и споредба на цени.
Искрено да си признаам бев инспириран од ABC затоа што на човекот му беше скап кашкавалот. Евтин кашкавал има наспроти пазарот за сирење во продавничината, цената му е 230 денари за килограм, кашкавалот е кравски и од млекара Мики. Со квалитетот е исти ли дури и подобар од тие што чинат по 290, 320, или 360 денари.

За другите градови нека си отворат тема тие што живеат таму.
Ајде практично нешто што можи да ни помогни во животот, доста тупење :smir:.

Интересно е што килограм кашкавал и во ЕУ кошта од 4-6 евра,со малку подобар квалитет од овој нашиот,ама со слични цени.Значи Македонија е целосно подготвена за влез во ЕУ,барем што се однесува до цените на прехраната,а и просечната плата се приближува според статистиката до некои од поновте членки.:toe:
 
Сакара кај Кумата или кај Стојче.

Пици најдобри се во Magic.

Чорба, не ми текнува како се викаше, една меана како од Македонски народни приказни, ама чорбата му е за мерак.
 
Ефтини цефки,штопни,колена и бургии кај Пацано во Дениго,мислам ако му треба некому во овие кризни моменти.:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom